Не те разбирам стварно. Збориш за памфлети и штандови на Левица како да прават нешто лошо, а сега ми враќаш на тема глорификација и идолизирање на лидери на партии (не видов нигде на штандовите или памфлетите да пишува Апасиев).
Прво и основно, за мене, не постои подолно ниво од тоа ниво на кое е сведено општеството благодарение, пред се', на поголемите партии ДПМНЕ, СДС на Нашата земја и ДУИ. Под ниво, подразбирам корупција, барање партиски книшки за вработувања во државни институции, етничка припадност пред квалитет на личност при државни вработувања и поставување несоодветни (неверојано несоодветни, попрецизно) кадри за водење државни институции.
Име безброј примери за претходниве деградирања на граѓаните во државава, и ова деградирање нема крај благодарение на трите претходноспоменати партии, бидејќи продолжуваат да си ја тераат истата политика. Ти пречи тебе памфлет или штанд на Левица, а дали ти пречеше дупењето во здрав мозок со перењето мозок на сите граѓани како ако гласаат „За“ на референдумот во 2018 ќе имаме бесплатно здравство во ЕУ? Дали памфлетите и штандовите на Левица се агресивна партиска кампања во однос на бизарниот НАТО-фест што ги организираа СДС на Нашата земја и ДУИ? Така што, ако сакаат не 10, 1000 штандови нека постават, барем ферски се борат на политичката сцена, а тоа за мене најмногу вреди.