Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
20 септември 2022
Мислења
1.883
Поени од реакции
7.168
So dopis do OON, znaeme (y)
Баш го следев Вело Марковски за ова, вели дека пишува дека договорот е раскинлив и дека лажат политичарите дека не може да се раскине. А и истотака кажа дека е нелегитимно донесен, па многу полесно може да се поништи. Ова ти е од Вело, член на ДПНЕ, не од Апасиев. Ама со кого јас се расправам...
 
Член од
5 февруари 2024
Мислења
147
Поени од реакции
239
Томе жена му го има киднапирано зошто ја срами пред другарки и се бламира да се кандидира. Мислам дека МВР треба да провери таму, да го ослободи човекот и да му овозможат да се самоподдржи.

Ама засега, најсериозната констатација е дека Левица е помалку партија од човек партиите на Стевчо и Максим. Не зборам дека ќе освојат помалку гласови или пратеници, туку дека нивното партиско членство е комплетно недисциплинирано. Ако воопшто може да се нарече членство.
90% glasaat radi Mojsoska i Mustafaoglu 10% se palat na dimce
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.394
Поени од реакции
24.119
Баш го следев Вело Марковски за ова, вели дека пишува дека договорот е раскинлив и дека лажат политичарите дека не може. А и истотака кажа дека е нелегитимно донесен, па многу полесно може да се поништи. Ова ти е од Вело, член на ДПНЕ, не од Апасиев. Ама со кого јас се расправам...
Taka e de, pickin dim rabota e toa. Dopis i gotovo (y)
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
90% glasaat radi Mojsoska i Mustafaoglu 10% se palat na dimce
Турчинчето го има најсекси погледот на нашава политичка сцена реално :D на протестот за онкологија ја запознав и стварно и во живо го остава тој впечаток на сексипил.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.554
Поени од реакции
5.280
So dopis do OON, znaeme znaeme uzivaj (y)
Не бе еве @glogy вели че влегуеле во ЕУроспка ќе биле на маса и тогаш ќе правеле онаа што денес не сакаат да го прават.
И ти ли си за опција прво ЕУропска па после ако остане некој Македонец да врајчаме име?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.291
А Левица ти се знаеш… анархизам, а-у, нема врски, нема обечања за работа… такви ствари…
Арно имаше некој пишано… да забранеа државна администрација да смее да се потпишува сдс-дпсмне до 2-ри Август немаше да соберат 10000 потписи ;)
Јасно ми е тоа, затоа и не ги споредувам со партиските армии на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тие чекаат прво сите други да завршат, па ќе собираат 10к потписи во 3-4 саати, како показна вежба.

Ама и анархизам, и било што, Левица е многу поголема партија на ниво на држава од партијата на Максим која постои само во Скопје и Куманово. И како таква, мора да има партиска дисциплина за да има повисока динамика од ебените ЗНАМ. Бар ако желбите на Апасиев да ги замени СДСМ како најголема мејнстрим лева партија во државава се сериозни. Според бројките во последниве 4 дена, изгледаат како многу далечна желба.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.031
Поени од реакции
7.145
Сега збор два за ВМРО ДПМНЕ, како воопшто да се опише таа трагедија во која се наоаѓа ова партија со ова анемично и неспособно лидерство, кое не би требало да биде водство ни во вонпарламентарна партија, а не на најголемата опоизициска опција, такво што дотичните немаат ни сопствен став за како да се направи една улица не пак за нешто повеќе, партија која не покажа став ниту за едно од важните прашање туку постојано чекаше тоа само да се наметне па тие само слепо да го пратат бранот, до степен да помалите политички субјекти буквално им ги наметнуваа нивните ставови на нив, партија која во вакво лошо владеење не успеа да организира ниту еден протест во кои барем за миг ќе ја потресат оваа власт, освен со обидот за пуч кој беше трагикомичен.

Самиот јас лично бев противник во времето кога беа на власт како десничар, тогаш бев хардкор опозиционер, причините беа доста, но самите мотиви се биле чисти и искрени за Македонија, со наивноста и фанатизмот на годините кои сум ги имал а не од личен интерес, мислењата кои биле против нивното владеење си стојат на форумот и од нив нема бегање, но сега дојдоа други времиња и начинот на делување сам по себе е поинаков.

Колку и самата партија да нема карактер и став, сепак е единствена политичка партија која има ресурси и моќ да зададе финален удар и да го сруши монструозниот систем на власт ако ја добие потребната поддршка, да не се лажеме ниту една друга опција неможе ни да ги гибне, а камоли да им зададе удар кој ќе значи крај на нивното владеење и пораз на овој систем кој не доведе да бидеме таму каде што сме денес.

Друго дури и такво ВМРО ДПМНЕ е единствен политички субјект кој би можел да повлече странски финансиски инвестции, токму тие нивни инвестиции го држат во живот тоа што остана да живее и работи во државата, се единствена политичка опција кои сеуште имаат поддршка од нашава дијаспора, под дијаспора мислам на оние кои имаат финансиска, логистичка, политичка моќ да ја промовираат државата а тоа е прекуокеанските земји, овие кои едвај самите себе се издржуваат низ Европа како 90 % од форумов не ја бројам, трето се единствени кои имаат логистика низ цела држава што значи може да водат битки секаде, не политички субјекти кои немаат своја инфракстутура и луѓе во градови кои имаат над 30 илјади жители.

Е сега, една работа која никој не го поставува прашањето е : Зошто ВМРО ДПМНЕ е таму каде што е , а уште помалку пак да даде одговор.

Прво се започна кога Груевски почна чистки од потврдите десни структури кои му сметаа во коалицијата со ДУИ, а заврши кога дојде овој и со неговата неодлучност се што е десничарско ја напушти партијата, со што ја оставија на анемични либерали и луѓе кои немаат ништо од духот на тоа што беше историското ВМРО ДПМНЕ како политичка партија, а десничарите помладите останаа само на интернет платформите, додека постариве ги снема од политиката, па и овие претседателски избори пак ќе нема десничарски кандидат што е поразително, последен таков беше Сашко Кедев.
Десничарите наместо да создадат здрава опција сите овие години, се преокупирани со историски дебати и со параноја од удба, па дур ние дискутираме празно за историја ја губиме иднината, додека од друга страна левичарите го немаат тој проблем и си имаат неколку опции за гласање, агилни на терен колку што можат со своите интелектуални капацитети, а десницата ја нема.

Во 90тите кога поделбите во десницата се биле поголеми, пак десницата е цела била обединета во ВМРО ДПМНЕ и се борела заедно за идеалот, дури многу посилни поделби од овие од денешен аспект, но сепак ги обеднувале два фактори, борбата за независна Македонија , но и силното и харазматично лидерство во тоа време на Љубчо Георгиевски како обединител (колку и да е сменето за него мислењето од денешен аспект), можеби токму и тоа е решението кога време веќе нема, активно враќање на десничарите во ВМРО ДПМНЕ и шамарање на амебите кои ги превземаа структирите на партијата, па имавме предаство да лидерот на ВМРО ДПМНЕ биде на промоција на книга на најголемиот убиец на десничари и вмровци во современа Македонија, Лазар Колишевски.

Така да вината за тоа што ВМРО ДПМНЕ е таму каде што е лежи исклучиво во луѓето кои политички припаѓаат на десницата, прво што тоа го дозволија, а второ што сите овие години не создадоа нова, здрава и силна десна опција, време за тоа нема а и искуството покажува дека ниту една нова десничарска опција не издржала повеќе од година дена (со исклучок на ВМРО НП), па самите десничари треба да увидат што е најисправно за десниот кампус во државата.

Причините на луѓето кои се против ВМРО ДПМНЕ ми се многу јасни, јас имам илјада пати поголема аверзија од нив како човек што идеолошки целиот свој живот е десничар и се идентификува со 4 свети букви ВМРО, но во овие моменти личните мотиви и ставови не се важни, идат историски избори во кои Македонија или ќе почне да се спасува или ќе потоне на цело, а на жал ВМРО ДПМНЕ е единствено кое има капацитет и можности како структура да спроведе нешто, иако знам дека од првиот ден кога ќе се на власт ќе сум нивен најжесток противник, сепак Македонија е над се, а во овие моменти само глас за нив носи промена, па така колку да не сакам гласот да го дадам за нив ќе сум приморен тоа да го сторам, не оти се согласувам со нивните политики, а посебно со тоа раководство, туку дека друг избор на овие избори нема, а потоа борбата за правите вредности си продолжува.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.554
Поени од реакции
5.280
Не е тајна дека Коцарев го одби Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ го мереше неговиот рејтинг, со негова дозвола. Мислам дека и Мицкоски го потврди тоа во некое од есенските интервјуа, јавно.
Аха сега ми е јасно, Мицко рекол дека Коцарев не сакал а сигурно и Димче рекол дека Цуцуловски не сака!
А да поднамалете смалку со НЛП може?

И да се двоумеле, и Мицко и Димче можеле да најдат начин, ако сакаат се разбира, да овие прифатат, амо ако не сакаат тогаш ќе најдат изговор кој гласи не одбија, што да правиме...
 
Член од
5 февруари 2024
Мислења
147
Поени од реакции
239
Не бе еве @glogy вели че влегуеле во ЕУроспка ќе биле на маса и тогаш ќе правеле онаа што денес не сакаат да го прават.
И ти ли си за опција прво ЕУропска па после ако остане некој Македонец да врајчаме име?
Tebe ne samo cavkite sto ti se izbegani tuku i gluvcite od podrum pocnale da te napushtaat.
 
Член од
20 септември 2022
Мислења
1.883
Поени од реакции
7.168
Taka e de, pickin dim rabota e toa. Dopis i gotovo (y)
Од твоите член го кажува ова, не Апасиев. :kuracc:
Јасно ми е тоа, затоа и не ги споредувам со партиските армии на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тие чекаат прво сите други да завршат, па ќе собираат 10к потписи во 3-4 саати, како показна вежба.

Ама и анархизам, и било што, Левица е многу поголема партија на ниво на држава од партијата на Максим која постои само во Скопје и Куманово. И како таква, мора да има партиска дисциплина за да има повисока динамика од ебените ЗНАМ. Бар ако желбите на Апасиев да ги замени СДСМ како најголема мејнстрим лева партија во државава се сериозни. Според бројките во последниве 4 дена, изгледаат како многу далечна желба.
Има разлика помеѓу претседателски и парламентарни избори и засега најбитно им е на Левица да не усерат за парламентарните, а за претседателските нормално дека ДПНЕ е фаворит, па дури и Ванковска да се кандидира (а ќе успее).
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.554
Поени од реакции
5.280
Баш го следев Вело Марковски за ова, вели дека пишува дека договорот е раскинлив и дека лажат политичарите дека не може да се раскине. А и истотака кажа дека е нелегитимно донесен, па многу полесно може да се поништи. Ова ти е од Вело, член на ДПНЕ, не од Апасиев. Ама со кого јас се расправам...
За сериозни работи следи сериозни извори и експерти како Игор Јанев и многу други, а не Владе-глог, затоа што следиш вакви нема да...
Имаше РЕФЕРЕНДУМ, НЕУСПЕШЕН и доаѓа некој форумџија и говори дека тоа не е лесно и дека тешко, прво покажува за демократскиот капацитет, тој и такви не се спремни да ПОЧИТУВААТ јасно изразена волја на Македонците, што можеш од такви да очекуваш!
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.291
Аха сега ми е јасно, Мицко рекол дека Коцарев не сакал а сигурно и Димче рекол дека Цуцуловски не сака!
А да поднамалете смалку со НЛП може?

И да се двоумеле, и Мицко и Димче можеле да најдат начин, ако сакаат се разбира, да овие прифатат, амо ако не сакаат тогаш ќе најдат изговор кој гласи не одбија, што да правиме...
Не, не викам дека Мицкоски рекол дека Коцарев не сака. Ако ме прашуваш зошто ВМРО-ДПМНЕ не го кандидира Коцарев, мојот одговор би бил затоа што професорот од Мицкоски побарал работи што Мицкоски не може да ги испорача. И дека ако стане претседател, ќе влезе во конфликт со партијата за 48 саати, наместо да им биде од корист. И затоа не се договориле.

Ама тоа не е муабет што може да се потврди со јавен исказ на било која од страните. Тоа што јавно знаеме е дека ВМРО-ДПМНЕ го мереше Коцарев, со негова дозвола.
Има разлика помеѓу претседателски и парламентарни избори и засега најбитно им е на Левица да не усерат за парламентарните, а за претседателските нормално дека ДПНЕ е фаворит, па дури и Ванковска да се кандидира (а ќе успее).
Дефинирај што е успех за Левица на парламентарни. Колку пратеници?
 
Член од
20 септември 2022
Мислења
1.883
Поени од реакции
7.168
Дефинирај што е успех за Левица на парламентарни. Колку пратеници?
Да освои доволен број на двоцифрен број на пратеници за да мора да бидат земени од ДПНЕ во коалицијата. Барем колку ДУИ што има сега да извадат, дека ДПНЕ ,,нејќела" со нив да коалицира.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.554
Поени од реакции
5.280
Не, не викам дека Мицкоски рекол дека Коцарев не сака. Ако ме прашуваш зошто ВМРО-ДПМНЕ не го кандидира Коцарев, мојот одговор би бил затоа што професорот од Мицкоски побарал работи што Мицкоски не може да ги испорача. И дека ако стане претседател, ќе влезе во конфликт со партијата за 48 саати, наместо да им биде од корист. И затоа не се договориле.

Ама тоа не е муабет што може да се потврди со јавен исказ на било која од страните. Тоа што јавно знаеме е дека ВМРО-ДПМНЕ го мереше Коцарев, со негова дозвола.
Да, те разбрав, но има и друга варијанта.
Можеби Коцарев не барал ништо од Мицковски, можеби е поинаку, бидејќи нема доволно инфо можеме само да нагаѓаме.
Можеби Мицко барал од Коцарев да прифати да не бранува многу околу името, па Коцарев сакал не сакал морал да одбие.
Можно е и вакво сценарио, нели?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom