Сега збор два за ВМРО ДПМНЕ, како воопшто да се опише таа трагедија во која се наоаѓа ова партија со ова анемично и неспособно лидерство, кое не би требало да биде водство ни во вонпарламентарна партија, а не на најголемата опоизициска опција, такво што дотичните немаат ни сопствен став за како да се направи една улица не пак за нешто повеќе, партија која не покажа став ниту за едно од важните прашање туку постојано чекаше тоа само да се наметне па тие само слепо да го пратат бранот, до степен да помалите политички субјекти буквално им ги наметнуваа нивните ставови на нив, партија која во вакво лошо владеење не успеа да организира ниту еден протест во кои барем за миг ќе ја потресат оваа власт, освен со обидот за пуч кој беше трагикомичен.
Самиот јас лично бев противник во времето кога беа на власт како десничар, тогаш бев хардкор опозиционер, причините беа доста, но самите мотиви се биле чисти и искрени за Македонија, со наивноста и фанатизмот на годините кои сум ги имал а не од личен интерес, мислењата кои биле против нивното владеење си стојат на форумот и од нив нема бегање, но сега дојдоа други времиња и начинот на делување сам по себе е поинаков.
Колку и самата партија да нема карактер и став, сепак е единствена политичка партија која има ресурси и моќ да зададе финален удар и да го сруши монструозниот систем на власт ако ја добие потребната поддршка, да не се лажеме ниту една друга опција неможе ни да ги гибне, а камоли да им зададе удар кој ќе значи крај на нивното владеење и пораз на овој систем кој не доведе да бидеме таму каде што сме денес.
Друго дури и такво ВМРО ДПМНЕ е единствен политички субјект кој би можел да повлече странски финансиски инвестции, токму тие нивни инвестиции го држат во живот тоа што остана да живее и работи во државата, се единствена политичка опција кои сеуште имаат поддршка од нашава дијаспора, под дијаспора мислам на оние кои имаат финансиска, логистичка, политичка моќ да ја промовираат државата а тоа е прекуокеанските земји, овие кои едвај самите себе се издржуваат низ Европа како 90 % од форумов не ја бројам, трето се единствени кои имаат логистика низ цела држава што значи може да водат битки секаде, не политички субјекти кои немаат своја инфракстутура и луѓе во градови кои имаат над 30 илјади жители.
Е сега, една работа која никој не го поставува прашањето е : Зошто ВМРО ДПМНЕ е таму каде што е , а уште помалку пак да даде одговор.
Прво се започна кога Груевски почна чистки од потврдите десни структури кои му сметаа во коалицијата со ДУИ, а заврши кога дојде овој и со неговата неодлучност се што е десничарско ја напушти партијата, со што ја оставија на анемични либерали и луѓе кои немаат ништо од духот на тоа што беше историското ВМРО ДПМНЕ како политичка партија, а десничарите помладите останаа само на интернет платформите, додека постариве ги снема од политиката, па и овие претседателски избори пак ќе нема десничарски кандидат што е поразително, последен таков беше Сашко Кедев.
Десничарите наместо да создадат здрава опција сите овие години, се преокупирани со историски дебати и со параноја од удба, па дур ние дискутираме празно за историја ја губиме иднината, додека од друга страна левичарите го немаат тој проблем и си имаат неколку опции за гласање, агилни на терен колку што можат со своите интелектуални капацитети, а десницата ја нема.
Во 90тите кога поделбите во десницата се биле поголеми, пак десницата е цела била обединета во ВМРО ДПМНЕ и се борела заедно за идеалот, дури многу посилни поделби од овие од денешен аспект, но сепак ги обеднувале два фактори, борбата за независна Македонија , но и силното и харазматично лидерство во тоа време на Љубчо Георгиевски како обединител (колку и да е сменето за него мислењето од денешен аспект), можеби токму и тоа е решението кога време веќе нема, активно враќање на десничарите во ВМРО ДПМНЕ и шамарање на амебите кои ги превземаа структирите на партијата, па имавме предаство да лидерот на ВМРО ДПМНЕ биде на промоција на книга на најголемиот убиец на десничари и вмровци во современа Македонија, Лазар Колишевски.
Така да вината за тоа што ВМРО ДПМНЕ е таму каде што е лежи исклучиво во луѓето кои политички припаѓаат на десницата, прво што тоа го дозволија, а второ што сите овие години не создадоа нова, здрава и силна десна опција, време за тоа нема а и искуството покажува дека ниту една нова десничарска опција не издржала повеќе од година дена (со исклучок на ВМРО НП), па самите десничари треба да увидат што е најисправно за десниот кампус во државата.
Причините на луѓето кои се против ВМРО ДПМНЕ ми се многу јасни, јас имам илјада пати поголема аверзија од нив како човек што идеолошки целиот свој живот е десничар и се идентификува со 4 свети букви ВМРО, но во овие моменти личните мотиви и ставови не се важни, идат историски избори во кои Македонија или ќе почне да се спасува или ќе потоне на цело, а на жал ВМРО ДПМНЕ е единствено кое има капацитет и можности како структура да спроведе нешто, иако знам дека од првиот ден кога ќе се на власт ќе сум нивен најжесток противник, сепак Македонија е над се, а во овие моменти само глас за нив носи промена, па така колку да не сакам гласот да го дадам за нив ќе сум приморен тоа да го сторам, не оти се согласувам со нивните политики, а посебно со тоа раководство, туку дека друг избор на овие избори нема, а потоа борбата за правите вредности си продолжува.