...да се потсетиме за почетоците на ДА од Левица, цитирам:
„2016 година имавме пракса на собирање членарини и донации од симпатизери. Така тогашната Левица опстојуваше.
Сме имале расправии околу важноста на членарините и концептот на независно финансирање (независно од центри на моќ) и колку е тоа важно за градењето на една социјалистичка партија.
Тогаш лицето Димитар Апасиев кукаше дека нема пари да плаќа членарина, иако неговиот приход беше еден од најголемите од тогашните членови на Централниот Комитет. Се жалеше дека имал трошоци, во ситуација кога најголем дел од нас работеа за минимална плата или просечна во најдобар случај, а дел беа невработени/студенти и хонорарци без стабилни примања. Безобразие до даска.
Покрај платата на Универзитетот (која за наши услови не е мала) тој си кркаше и хонорарче од СЈО, кое сега му е толку омразено. Толку од митот за „Робеспјер Неподмитливиот“,
ем ќе ги стрела, ем ќе висат,
и шарена револуција,
цитирам:
„Пред Основниот суд Скопје 1 Шарента револуција протестира за слобода на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски. Почна судењето на Савески кое досега трипати беше одложувано. Демонстрантите сметаат дека двајцата се неправедно обвинети и бараат нивно ослободување.
Здравко Савески и Владимир Куновски се веќе 45 дена во куќен притвор. Тие се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов.
„Сакаме да им порачаме на сите режимски измеќари во правосудството дека полека но сигурно одбројуваме. Нашето трпение е при крај, затоа што против секоја судска пракса, дали домашна или меѓународна, противзаконски се држат нашите другари“, рече Димитар Апасиев од Левица.“
...до тука, како негов почеток, не е баш за воодушевување, дамката останува, не се брише!