На овој дел само ќе се осврнам, во тоа време политичките партии функционирале многу многу поселективно околу тоа кој може да стане член, без разлика дали станувало за едно-партиски системи, повеќе партиски системи или лажни-повеќе партиски системи. За споредба само, Комунистичката партија на Советскиот сојуз имала само 1.9 милиони членови и тоа после 3 циклуси на за нивни стандарди масовно регрутирање од 1920 до 1936. Во 1920 партијата имала само 200 000 члена.
Станувањето член на партија било третирано како доста голема привилегија и имало цели процедури кои траеле со години пред да можеш да станеш член а и самото станување член значело најчесто повеќе одговорност наместо повеќе привилегии.
За нсдап во Германија не знам детално како функционирале внатрешно, али за комунистичката партија во Советскиот Сојуз првин само за да аплицираш, двајца полноправни членови требале да гарантираат за тебе, при што си започнувал со пробен период кој траел од една година до повеќе години и каде си смеел да доаѓаш на состаноци и да земаш збор али без право на глас. Какви било пропусти од твоја страна во овој период, значеле и казна за тие што гарантирале за тебе.
И најважното од моментот на апликација твоите обврски и одговорности се мултиплицирале неколку кратно. Од константно следење како ги извршуваш работните обврски ( секогаш си морал да даваш пример на другите со тоа што ќе бидеш над квотата), до следење како го организираш фамилијарниот живот ( семејството да ти биде пример за дициплина и хармонија), до да имаш константна активност во твојата заедница и да извшуваш партиски одговорности, имале една цела листа што се треба да правиш и сето тоа за никаков надомест.
И дури и на крајот во 1989 кога Советскиот Сојуз и комунистичката партија биле една скапана структура без никаква идеологија и цел во раководството, како и комплетно губење на дисциплината помеѓу членовите, партијата броела само 19.5 милиони членови на 300 000 000 народ.
Точно, 300 (ТРИСТОТИНИ) милиони народ се директно или индиректно виновни и одговорни за политиките на тоа Политбиро кое броело помеѓу 7 (СЕДУМ) членови во 1922 година и 30 (ТРИЕСЕТ) членови во 1990-1991 година, и на тој Централен Комитет кој броел помеѓу 139 членови во 1934 и 319 членови во 1981 година кога последен пат бил променет бројот на членови на ЦК на КПСС.
Тоа што тие 300 милиони народ никогаш не биле воопшто прашани за постапките на тие владејачки органи ги ослободува од вина и од одговорност за постапките кои немале директно влијание врз поголем број на луѓе.
На пример, не може да се каже дека сите советски граѓани се виновни за репресијата која ја трпел Борис Пастернак, поголемиот дел од луѓето не ни знаеле дека човекот го држат во изолација, односно дека му било дозволено да замине за Стокхолм за да си ја подигне својата Нобелова награда за книжевност, но откако ќе излезе од Советскиот Сојуз, никогаш нема да му биде дозволено да се врати во родната татковина.
Не може истото да се каже за Гладоморот, од кој пострадале милиони луѓе како низ Украина, така и низ јужна Русија, Казахстан и други советски републики.
Но секако дека за пофалба се сите луѓе кои организирале бројни бунтови низ гулазите, тие се пример за луѓе кои одлучиле дека неприфатливо е за нив тоа што некои трети им го "одлучиле одозгора".
Државата не им припаѓа на граѓаните и одговорноста не им припаѓа на граѓаните.
Тешка заблуда е, да не речам тешка лага е ставот дека суверенитетот (власта) произлегува од народот (од гласачите), кои суверениетот „као„ го пренесуваат на одбраните поединци, по пат на гласање.
А од кај им произлегува суверенитетот на гласичите? Им доаѓа од самото раѓање?...
Да се вратам на нашава мизерна реалност; ако сметаш дека кривицата е сечија (а‘ гласал, а‘ не гласал, исто е...), тогаш чија е вината што Македонците имаат ваква, до сега невидена рушителна власт?...
И тие што ја гласале и тие што не ја гласале и тие кои воопшто не гласале, се подеднакво виновни?...
А нели е појќе од јасно дека одговорноста е последица од личната позиција и од личните (не)дела, а не по некој „пренослив механизам„, каде одговорноста се пренесува од виновникот на невиниот, па сите се кривци за се‘?...
Хехе, ако е вистина ова што си го напишал, тогаш Македонците очигледно живеат во заблуда уште од ноември 1990 кога се одржани првите фер и демократски парламентарни избори во Македонија.
Секако дека не може да се припише вина и одговорност на цел народ за сите постапки, злосторства и велепредавства извршени од страна на една држава, но тоа важи за постапки од кои последици трпеле инвидуалци, како што е секојдневната корупција - и тоа едвај држи вода.
Кога гледаш дека на локалниот дуќанџија му ја затвораат продавницата поради некој ситен пропуст, со забрана за работа и казна тешка колку повеќе годишен промет, а си молчиш и не бараш одговорност од локалните власти и од инспекциските служби, тоа е твоја индиректна вина и одговорност.
Кога гледаш дека тоа им го прават на сите дуќанџии од цела населба организирано и координирано и не ги повикуваш соседите барем еднаш да излезете на протест, е тогаш е веќе директна вина и одговорност, бидејќи си свесен дека станува збор за организирана акција, а одбиваш да се организираш и да возвратиш со контра-акција.
А ако повторно ги гласаш истите ѓубриња од луѓе наречени политичари кои ги назначиле истите тие паразити на инспекциски позиции, или ако не гласаш на изборите бидејќи сите ти биле исти - а молчењето значи одобрување - тогаш не само што си директно виновен и одговорен, туку исто така си и индиректен соучесник во нивните постапки и злосторства.