Франција, немири, здраво

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.555
Поени од реакции
36.516
Не би се радувал многу на твое место. Без разлика на сентиментите, еден ден ако се сруши западната цивилизација, отидовме сите во тиквите. Тоа што треба да се порази засекогаш не е западната цивилизација туку екстремната левичарска идеологија која се претвори во монструм кој оди против здравиот разум и руши се пред себе. Природата на нештата е дека едниот екстрем ќе го разбуди другиот што ќе доведе до крвави граѓански војни. Потребно е враќање во нормала, но тешко е да се види како би се случило тоа. Изминативе 7-8 години ги доживувам како почеток на дистописко општество, со ова темпо не сме далеку од тоа.
Грешката што ја правите е што нас не поистоветувате со западната цивилизација во вакви ситуации, а ние за нив сме во истиот кош со арапите и црнците.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.738
Поени од реакции
12.020

Оправдано е поистоветувањето со западната цивилизација бидејќи западните таканаречени цивилизирани општества му диктираат на македонското општество какви политики треба да воведува и да спроведува.

Всушност токму анти-македонските уставни измени кои ги заговара актуелната анти-македонска влада произлегуваат од таканаречениот француски предлог кој му беше сервиран на македонскиот народ пред година дена ова време.

Малку иронично, но така се поклопија коцките.
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.328
Поени од реакции
9.404
Не би се радувал многу на твое место. Без разлика на сентиментите, еден ден ако се сруши западната цивилизација, отидовме сите во тиквите. Тоа што треба да се порази засекогаш не е западната цивилизација туку екстремната левичарска идеологија која се претвори во монструм кој оди против здравиот разум и руши се пред себе. Природата на нештата е дека едниот екстрем ќе го разбуди другиот што ќе доведе до крвави граѓански војни. Потребно е враќање во нормала, но тешко е да се види како би се случило тоа. Изминативе 7-8 години ги доживувам како почеток на дистописко општество, со ова темпо не сме далеку од тоа.
Porazuvanje na ideologija treba povekje vreme (godini / decenii).
Do togas neka svetka, prave kjeif :свиркам: Trazili ste, gledajte :свиркам:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.670
Поени од реакции
5.353
Не би се радувал многу на твое место. Без разлика на сентиментите, еден ден ако се сруши западната цивилизација, отидовме сите во тиквите. Тоа што треба да се порази засекогаш не е западната цивилизација туку екстремната левичарска идеологија која се претвори во монструм кој оди против здравиот разум и руши се пред себе. Природата на нештата е дека едниот екстрем ќе го разбуди другиот што ќе доведе до крвави граѓански војни. Потребно е враќање во нормала, но тешко е да се види како би се случило тоа. Изминативе 7-8 години ги доживувам како почеток на дистописко општество, со ова темпо не сме далеку од тоа.
Потполно си во право,особено за левичарскиот монструм што коси се пред себе. На тоа мора да му се стави крај...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.738
Поени од реакции
12.020
Не би се радувал многу на твое место. Без разлика на сентиментите, еден ден ако се сруши западната цивилизација, отидовме сите во тиквите. Тоа што треба да се порази засекогаш не е западната цивилизација туку екстремната левичарска идеологија која се претвори во монструм кој оди против здравиот разум и руши се пред себе. Природата на нештата е дека едниот екстрем ќе го разбуди другиот што ќе доведе до крвави граѓански војни. Потребно е враќање во нормала, но тешко е да се види како би се случило тоа. Изминативе 7-8 години ги доживувам како почеток на дистописко општество, со ова темпо не сме далеку од тоа.
Тоа е точно, поразот на екстремната левичарска идеологија не треба да значи и пораз на западните цивилизирани општества, но за жал праксата од 20-от век го говори спротивното: поразот на нацизмот не беше изводлив без целосно поразување и огромно уништување на Нацистичка Германија, а поразот на социјализмот не беше изводлив без распаѓањето на социјалистичките држави во источна Европа.

Во случајот со социјализмот немаше воено уништување на социјалистичките држави, но де-индустријализацијата и економското опустошување оставија последици можеби дури и полоши и потешки од воено уништување, бидејќи тешки се последиците кога нешто ќе биде уништено, но уште потешки се последиците кога нешто не е уништено, но присилно го прават неупотребливо и нефункционално за нечија профитерска корист.

Кинезите наводно се исклучок, но во пракса не се, бидејќи го заменија социјалистичкиот економски модел со капиталистички, но политичкиот модел не само што не го заменија, туку и го засилија. Тоа што денешните кинески комунисти појма немаат кој бил Карл Маркс и не ги знаат стиховите на Интернационалата, не го менува фактот дека од гледна точка на репресија и угнетување на политички неистомисленици и на "непосакувани" елементи во кинеското општество, се бетер и од најзлосторничките џелати на Јосиф Висарионович Сталин и на Мао Це Тунг.

Да се верува дека поразот на екстремната левичарска идеологија би бил изводлив без внатрешна имплозија на западните цивилизирани општества е премногу оптимистичка, а можеби дури и наивна илузија.

Што не значи дека не е изводлива, тоа што треба секое општество во Европа да го направи, е за почеток да се ослободи од странските неасимилирачки елементи - елементи кои одбиваат да ги прифатат западните цивилизациски закони и вредности - кои ги увезуваат на големо од крајот на 20-от век па наваму, за потоа да почне со внатрешно помирување на сопствените граѓани со целосно изолирање на населението од екстремната левичарска идеологија, што не е невозможно, но сепак е многу тешко изводливо.

А се разбира, останува и прашањето дали мнозинското домашно население воопшто е заинтересирано и желно за таков развој на општеството. Виртуелната интелигенција сеуште не може да чисти тоалети или да копа по ниви, а просечниот Французин, Германец, Холанѓанец, Белгиец, Шпанец, Италијанец и останати западни таканаречени цивилизирани граѓани, не делуваат како да се заинтересирани да се фатат за мотика за да си го заработат лебот. Всушност, Холанѓаните дури и се тргнати на пат за напуштање и на мотиката и на земјоделството како целина, ќе се хранеле со инсекти. Има добри причини зошто наркотиците треба да бидат и да останат трајно забранети, дури и во најмали количини.
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.300
Поени од реакции
86.205
Не би се радувал многу на твое место. Без разлика на сентиментите, еден ден ако се сруши западната цивилизација, отидовме сите во тиквите. Тоа што треба да се порази засекогаш не е западната цивилизација туку екстремната левичарска идеологија која се претвори во монструм кој оди против здравиот разум и руши се пред себе. Природата на нештата е дека едниот екстрем ќе го разбуди другиот што ќе доведе до крвави граѓански војни. Потребно е враќање во нормала, но тешко е да се види како би се случило тоа. Изминативе 7-8 години ги доживувам како почеток на дистописко општество, со ова темпо не сме далеку од тоа.
Потребно е да ја дефинираме таа западна цивилизација, значи под ова име најчесто мислиме на Франција, Велика Британија, Германија, Белгија, Шпанија, Португалија, Скандинавските земји и евентуално Италија. Од овие земји во најдлабоки гомна моментално се Франција, ВБ (со акцент на Англија) Германија, Холандија, Шведска и Белгија. Шпанија, Португалија и Италија сеуште не им се даваат на мигрантиве иако кај нив им е првата станица.

Е сега ако фатиш од Полска, Чешка, Словачка па се поисточно ќе сфатиш дека кај нив нема шанси да се десат вакви работи па слободно можам да кажам во наредните 50 до 100 години, дека за разлика од западниов свет, на овие држави поразвиена им е свеста за тоа да не примаат секакво ѓубре кај нив. Во ек на бегалската криза 2015 година, овие држави не примија ниту 1% од сите мигранти што влегоа во Европа, и покрај сите закани и условувањаод западните земји. Се додека ние тука на Балканот спаѓаме во таа "источна зона" мене нема да ми биде гајле дали ќе се распадне западниот свет.
 
Хехе, добар ти е коментаров.

Пред 109 (СТО И ДЕВЕТ) години ова време, поголемиот дел од европските држави започнаа континентална војна повикувајќи се на одбрана на цивилизациските вредности за кои секоја европска држава која учествуваше во тоа крвопролевање тврдеше дека ги брани.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.509
Поени од реакции
2.605
А кои се тие левичари што имаат(имале) политичка моќ да спроведуваат некакви политики? Бајден и мнозинството на демократската партија? Макрон? Тони Блер? Меркел?

Левичарски партии немаш на власт скоро повеќе од 60 години во западниот свет, вака кога ве чита човек ќе помисли Die Linke се најпопуларна партија во Германија а не технократите и неолибералите од CDU и SPD.

Ама ај да не ви го кршам атерот, терајте :icon_lol:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.789
Поени од реакции
40.933

политичарите се марионети само на сорос, шваб, гејц, блекрок итн.
 
Член од
17 декември 2019
Мислења
2.159
Поени од реакции
3.710
Sto k.. ne protestiraa vaka za vakcinite i prisilnoto zatvaranje po domite
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.281
Поени од реакции
13.009
Има ли шанса со овие дешавки повторно да се врати онаа западна европа од 1941?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.051
Поени од реакции
7.422
Се додека ние тука на Балканот спаѓаме во таа "источна зона" мене нема да ми биде гајле дали ќе се распадне западниот свет.
Целиот свет, а не само западниот свет е во процес на трансформација. Ова што сега се случува во САД и ЕУ е морално бидејќи во тие држави официјално сеуште нема систем како Кинескиот (си се залажува народ), па намерно се предизвикуваат некои работи за да се постигне целта, а народ да се согласи.

Макрон го обвини слободниот пристап до интернет за хаосов, па најверојатно ќе воведат контролиран пристап до интернет, што е потребно за идниот дигитален феудализам. Во меѓувреме народ мора да е под страв и затворен за да го прифати новиот систем.

Но ова не значи дека ние лесно ќе поминеме, бидејќи кога ќе гори цела ЕУ, лош домино ефект ќе има и кај останати. Исто ЕУ се трга од Косово, прекинува финансиска помош, САД намерно ги буцкаат, па кога ќе почнат да кркорат цревата, хаосот е неизбежен. Нормално и Балканот мора да биде вклучен во тој дигитален феудализам, па и нас слично не чека.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.085
Поени од реакции
17.951
Грешката што ја правите е што нас не поистоветувате со западната цивилизација во вакви ситуации, а ние за нив сме во истиот кош со арапите и црнците.
Мислам дека сте грешка. Like it or not, таму сме. Можда сме најсиромашната, најутепана земја меѓу нив, ама таму сме. Дури имаше Ни си сама кај нас, пандан на me too. Мислиш во Алжир или Пакистан имало нешто слично?

Сва среќа што неаме поише од 5 црнци тука, иначе и кај нас ќе палеа објекти сега.
Автоматски споено мислење:

А кои се тие левичари што имаат(имале) политичка моќ да спроведуваат некакви политики? Бајден и мнозинството на демократската партија? Макрон? Тони Блер? Меркел?

Левичарски партии немаш на власт скоро повеќе од 60 години во западниот свет, вака кога ве чита човек ќе помисли Die Linke се најпопуларна партија во Германија а не технократите и неолибералите од CDU и SPD.

Ама ај да не ви го кршам атерот, терајте :icon_lol:
Мешате некој работи. Истиот муабет е и со Левица кај нас, и левица како ЛДП,СДСМ. Сосема две различни идеологии. Луѓето тука на темата ги пцујат политиките на Меркел, Тони блер и тн, тој тип на левичари. Не верувам дека некој го криви Сталин или Чавез за мигрантите во Франција. Ги криват прво набројаните, модерната левица. Неолиберали, како сакаш наречи ги. Е тие ни ебаа мајката.
 
Последно уредено:
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.509
Поени од реакции
2.605
Мешате некој работи. Истиот муабет е и со Левица кај нас, и левица како ЛДП,СДСМ. Сосема две различни идеологии. Луѓето тука на темата ги пцујат политиките на Меркел, Тони блер и тн, тој тип на левичари. Не верувам дека некој го криви Сталин или Чавез за мигрантите во Франција. Ги криват прво набројаните, модерната левица. Неолиберали, како сакаш наречи ги. Е тие ни ебаа мајката.
Тука се мешаат некои работи (а и на други слични ехо комори како форумов). Тука наводната модерна левица се користи како scapegoat дека е виновна за миграцијата, и немањето контрола врз имигрантското население, што не е точно од никој аспект. Во екот на мигрантската криза во ЕУ на власт беа типични центар-десно неолиберали на власт, кои немаат допирна точка со левичарење. А и општо историски од рани 70ти па навака немаш суштински левичарска партија на власт во запад.

Процесот на миграција на алжирци, мароканци и слични говна е многу постар од they/them трендовите во спротивно од што се зборува тука. Со амин од властите (без разлика на ориентација) за да нивните држави останат економски релевантни поради демографски причини.

Ако Бајден, Клинтон, Блер, Меркел се левичари тогаш не знам како да помогнам, да држам приватни часови по политика ако не :D
Модерната левица, не имала досега политичка моќ, (освен ако не ја рачунаш Сириза во Грција која траеше кратко и неуспешно). Модерна левица ти се прогресивното крило во Демократската партија во САД (Сандерс, Фетерман, АОК), во ВБ беа Корбин и работничката партија. Ни едниве ни другиве догураа до политичка моќ и беа/се релативно маргиналци.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom