Ако разбирам добро, денес и САД маки мачи од комуњари. Со други зборови Бајден е американскиот заев, ако има смисла благава аналогија.
Да, многу барам. Ама, во САД реално можеме да очекуваме борба против комуњарата.
Не знам дали виде дека suprime court го одби барањето за квоти по раса при запишување на студенти во универзитети.
Она што барам јас е и Македонија да биде такво тло каде што може да има таква борба. Кај нас уставниот суд молчи после 2017.
Ако сакаме нешто да бидне од Македонија, мора да го побараме тоа.
Грешка си, другарот Јосиф не е американскиот пандан на зајко кукурајко, туку е само продолжение на неговите претходници пред Доналд Трамп - исклучокот кој сакаат да го закопаат и да го заборават дека некогаш постоел.
Точно е тоа дека македонскиот Уставен Суд си молчи со години, но и тука повторно се враќаме на македонските гласачи кои својата апатија ја оправдуваат со приказни од типот "сите се исти" и "нас никој ништо не не` прашува, се ни е одлучено одозгора".
Без разлика колку се сите исти и без разлика кој што одлучил, гласачите се тие кои ги бираат пратениците во македонскиот Парламент на непосредни и тајни избори, исто како и градските/општинските советници и градските/општинските градоначалници, и исто како и претседателот на државата.
Пратениците во Парламентот се тие кои ги бираат уставните судии, што значи дека македонските гласачи треба уште посериозно да си ја сфатат својата улога на денот на изборите, бидејќи молчењето и неизлегувањето на избори не ги ослободува од одговорност, туку токму спротивното - токму тие кои не гласале се главните виновници за состојбата во која се наоѓа општеството, а ова го подразбира и (не)работењето на Уставниот Суд.
Швабите на потешкиот начин го научија тоа, на 30 јануари 1933 кога Адолф Хитлер беше именуван за канцелар на Германија, и за него веруваа дека е ист како и сите други, само малку поинаку се дотерува и урла погласно од останатите политичари, а во пракса некој трет одозгора ќе им одлучува како и во кој правец ќе им се движи државата.
После Втората Светска Војна и после Холокаустот, швабите живеат со националната вина и одговорност не само за Втората Светска Војна и за Холокаустот, туку и за сите злосторства и постапки на нацистите, а таквата вина и одговорност ќе им останат за навек, нема да ги снема за 3 (ТРИ) секунди како меморијата на златна рипка.
Иако во пракса на врвот на своето постоење Нацистичката Партија на Германија броела нешто над 8.5 (ОСУМ И ПОЛ) милиони членови во Германија која тогаш имала 65 (ШЕЕСЕТ И ПЕТ) милиони народ, а на фер и демократски парламентарни избори нацистите никогаш не освоиле повеќе од 44% од гласовите, што потврдува дека мнозинството шваби никогаш не биле нацисти. Но тоа не ги ослободува сите шваби од вината и одговорноста за злосторствата и постапките на нацистите кои биле донесени во нивно име.
Кристално истото важи и за македонските гласачи, со чии што пари од даноци се финансираат истите ѓубриња од луѓе кои (не) ги гласаат на избори, а политичката апатија ќе им се врати како бумеранг, со разлика што ќе ги удри минимум два пати посилно.
И да, на крајот се враќаме на фактот дека македонските гласачи - за жал - исто како и повеќето цивилизирани народи, имаат краткотрајна меморија.