Полека младиќу, ми звучиш како М. Грчев...

...кој се‘ уште плаче по СФРЈ и по Тито, оти без нив Македонија не би постоела (по начелото „што би били кога би било„).
Она кое мене лично ме копка околу славењето на НОБ е следното:
- Кој ратуваше во НОБ? Македонските комунисти? Колку комунисти имаше во вардарска Македонија во времето од ратот?
- Зашто е АСНОМ одржан токму на 2-ри август, како и почетокот на Илинденското востание? Да не станаа комунститите побожни православни верници па АСНОМ е одржан на верски православен празник или друго е во прашање?
Ти благодарам на одговорите...
Е сеа кај го најде Грчето, толку ли те погоди тоа што го напишав...
Околу тоа дали вон рамките на ехЈУ Македонија би успеала да се етаблира како суверена држава во меѓународниот светски поредок е во сферата шббкбб (што би било кога би било), и патем не ми е јасно зошто го поставуваш ова прашање, нема врска со реалноста туку со нечии желби (хипотеза и сеа ќе се расправаме до бесвест за претпоставка која не се случила).
-Во НОБ војуваше НОВ на Македонија, а македонските комунисти ги повикаа Македонците преку проглас да се приклучат кон борбата против наци-фашизмот и создавање на македонска слободна држава. Колку комуниости имало не знам ама мислам дека на почетокот многу помалку од Ванчомихајловисти -ако имаш податоци повели.
-АСНОМ е на 2 август за да му се даде поголема симболика, повикување на борбата од Илинден и да се покаже дека постои континуитет во борбата на Македонците за своја држава, а зо тоа дека е и верски празник не знам може има и тоа врска ама немам аргументи за такво нешто.
Зошто не сакаш и не можеш да го прифатиш фактот дека тој АСНОМ е симбол на македонската броба (во многу што потсетува на големобугарските пропаганди или само така ми се чини?) за своја слобода и своја држава Македонија и не само што е симбол туку тој АСНОМ е успешна “приказна“ неговата завршница е создвање на Народна Република Македонија.
Онаа што го гледам е дека особено ти смета дека Македонците во таа своја борба ги користеле и Левата и Десната рака, нога ... и како резултат на тоа ја имаме НРМ... иако постојат бројни докази дека тогашните тнр десни политички уверувања биле “потпрени“ на тогашните управители во Европа исто како и денес.
По 1992 за очекување беше (од повеќето би сакал да верувам) дека Македонија ќе тргне по еден друг пат, без идеолошки и политички пресметки кога е во прашање македонската држава, за жал под влијание на европски и светски центри на моќ токму таа идеолошка разлика се мултиплицираше и се искористи за разградување на македонската држава, во разградувањето се натпревауваа сите политчки субјекти...
Најновиот удар е отстранувањето на АСНОМ од конституитивниот акт и бришење на тој симбол од меморијата на Македонците... ете во тоа го гледам проблемот со неодбелужувањето на АСНОМ.