Политички случувања во Израел

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
колку ПВО истрошија Израелците деновиве? Имаат ли доволно за катадневно да пресретнуваат летечки цевки? И што кога ќе имат снемано?
Може да знам што ти мислиш? Прво, голем срам пред светот, но така ли очекуваш да продолжи ситуацијата, со пад на одбранбената кондиција на Израел и ќе се врати сѐ како што беше пред idunno, да кажеме 7ми за почеток?

Единствени се што називот не им доаѓа од државата. Македонија, македонци, Кина, Кинези, а евреите се евреи во било држава и да се родат.
IMG_5418.png

:icon_lol:
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.292
Поени од реакции
7.650
Имале монархија, United Kingdom of Israel, потоа United Kingdom of Judah итн.
Имале, а може и немале
Whether the United Monarchy existed—and, if so, to what extent—is a matter of ongoing academic debate.[11][12][13] During the 1980s, some biblical scholars began to argue that the archaeological evidence for an extensive kingdom before the late 8th century BCE is too weak, and that the methodology used to obtain the evidence is flawed.
Од омразата кон Евреите и Америте станувате слепи за се околу што се случува. А каде владее гневот и заслепеноста, таму исчезнува вистината и правилното расудување.
Може и вака:
Од омразата кон христијаните, муслиманите и Русите, ти си слеп за се околу што се случува.
Каде владее гневот и заслепеноста, таму исчезнува вистината и правилното расудување. Потврда се твоиве глупости што ги изнапишува последниве 4-5 поста.

Кој кого мрази, имаа бајаги докази, ама со Јамајка слепи се правите за тоа кој е одговорен што во последни 100г десетици милиони христијани биле убиени.

Одговорот на зашто баш сега евреите, односно некоја тајфа решиле да се формира организирана држава и да се носат луѓе од разни делови на светов, би дало реална слика?
Територија со назив Македонија постои со векови. Македонците во Македонија не се донесени од пичковец, како што е случајот сегашните Израелци или добар дел од Албанците, па глупи ти се споредбите и логиката, ама мораш така, за да си ја оправдаш својата омраза кон христијаните и муслиманите.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.697
Поени од реакции
33.892
Израел постоел у библиско време.
А кога постоела Палестина?
прочитај за Филистија.
И хаха, за Хадријан. :LOL:
Фала Лазар за приликата да го линкам ова долу, гледај внимателно пошто поентата со Филистинците и Филистина (Палестина) е на крајот.

Инаку држава со името Израел не постоела никогаш освен од средината на минатиот век, и жителите на претходните семитски држави во регионит немале генетска поврзаност со 90+% од денешните Израелци - кои не се Семити (ова последново како и се претходно се факти).


Автоматски споено мислење:

Може да знам што ти мислиш? Прво, голем срам пред светот, но така ли очекуваш да продолжи ситуацијата, со пад на одбранбената кондиција на Израел и ќе се врати сѐ како што беше пред idunno, да кажеме 7ми за почеток?
Хазардерски влегоа, очекуваат дека САД ќе војуваат за нив... Има шанси да се оствари тоа, зависи како се поклопува со плановите на западната елита/олигархија (кои повеќето се Евреи, и кои Путлер пред некој ден ги нарече вампири).

Стриктно за ПВО гледано, дали можат Израел да продолжат да трошат пресретнувачки проектили како да нема утре?
Се разбира дека не можат, и се гледа последниве денови како кочат со трошењето пошто тактиката на Хезболах и не е толку тајна. Паѓаат ракети и во Израел, спремете се за жалопојки во западните медиуми (каде не покажуваат снимки со распарчени деца и жени, што е секојдневна глетка во Газа а последно и во Либан).
Автоматски споено мислење:

Факт е дека околу нив живеат арапи кои сакаат да ги убијат, не го кријат тоа, отворено го промовираат. Што очекуваме, Евреите сами да се самоубијат, за да ги задоволат Арапите? И што сакаме, Евреите што живеат во Америка или било каде во светот, да речат ок кој ги ебе нашите во Израел, нека ги убијат?
Очекуваме да не бидеме наивни за генезата и намената на таа држава таму... Исто како и неминовната судбина еднаш кога нивните креатори нема да бидат хегемон фактор во светот.
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
39.373
Поени од реакции
113.771
Стриктно за ПВО гледано, дали можат Израел да продолжат да трошат пресретнувачки проектили како да нема утре?
Се разбира дека не можат, и се гледа последниве денови како кочат со трошењето пошто тактиката на Хезболах и не е толку тајна. Паѓаат ракети и во Израел, спремете се за жалопојки во западните медиуми (каде не покажуваат снимки со распарчени деца и жени, што е секојдневна глетка во Газа а последно и во Либан).
ЛОЛ брат, онака ЛОЛ. Сериозно ова? Свесен си колку штета му нанесе Иран на Хезболах у претходните 10 дена? Колку високи функционери им скинаа? И тоа без испукан куршум, без жртви, без трошење на ресурси и технологија. Целта (за сега) е слабеење на Хеболах со оглед на тоа што војна „фејс ту фејс“ за Израел ќе значи трошење на многу ресури и долг макотрпен процес, односно пластично речено да ги натераат да се откажат и да омекнат. Не знам како го сфаќаш и доживуваш овој момент ама стварно не ми е јасно како можеш да веруваш дека нема да им издржи ПВО-то и дека се во опасност. Ваљда не мислиш дека МОСАД, ИДФ и останати служби не го искалкулирале тоа, зашо ако мислиш така тогаш...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.697
Поени од реакции
33.892
ЛОЛ брат, онака ЛОЛ. Сериозно ова? Свесен си колку штета му нанесе Иран на Хезболах у претходните 10 дена? Колку високи функционери им скинаа? И тоа без испукан куршум, без жртви, без трошење на ресурси и технологија. Целта (за сега) е слабеење на Хеболах со оглед на тоа што војна „фејс ту фејс“ за Израел ќе значи трошење на многу ресури и долг макотрпен процес, односно пластично речено да ги натераат да се откажат и да омекнат. Не знам како го сфаќаш и доживуваш овој момент ама стварно не ми е јасно како можеш да веруваш дека нема да им издржи ПВО-то и дека се во опасност. Ваљда не мислиш дека МОСАД, ИДФ и останати служби не го искалкулирале тоа, зашо ако мислиш така тогаш...
Вистина Стефан?

Значи практично ја добија војната и можат да прогласат победа, така? Исто како што и Украина на пи-ар поле победува цело време.
Со бомбардирање можеш да разурнеш инфраструктура, ама противникот е во бункери. Не во цивилни згради. Ако Израел се дрзнат да влезат копнено со војска, тогаш ви следи „отварач за очи“ на повеќето овде што геополитката ја следите викендашки.

Повторно: Стриктно за ПВО гледано, дали можат Израел да продолжат да трошат пресретнувачки проектили како да нема утре?
Се разбира дека не можат, и се гледа последниве денови како кочат со трошењето пошто Хезболах не испалува повеќе ракети ама повеќе погодни цели имаат. Дури база на разузнавачите беше погодена. Паѓаат ракети и во Израел, како што кажав спремете се за жалопојки во западните медиуми.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
А на евреите од раѓање што им се става во глава?
Тоа е тоа, затоа се случува ова што се случува. Така за жал функционира светот. Ако цел свет беа евреи или муслимани, ќе најдеа друго нешто што ги разделува за да се мразат и убиваат. Зошто се тепаат Хрватите и Србите, кои се речиси истиот народ. Зошто се тепаат Ирците и Англичаните? Зошто се тепаат Индијците и Пакистанците кои се ист народ…. Смешно е да се инсистира на глупа приказна за евреите за нешто што цел свет го прави континуирано од кога постои цивилизацијата.

мислам ок е да се завземе страна, ок е да се посочи на воени криминали, но да се тера комтинуирано замислен плот, базиран на посатоци на разни Дејан Лучиќ-и е малце малоумно.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.373
Поени од реакции
113.771
Со бомбардирање можеш да разурнеш инфраструктура, ама противникот е во бункери. Не во цивилни згради.
А ова на друг да му го кажуваш, не на мене. Милион случаи и примери каде борци на Хезболах и Хамас се кријат по болници, училишта и разни установи користејќи ги за нивни бази. И тоа не само што се кријат него и огромни количини на оружје чуваат таму. Намерно играат на таа карта за да не ги гаѓаат тие објекти пошо нели официјално се цивилни, ама за сеа добиваат по носот зашо не ебат жива сила Израелците. Јебига, страдаат и цивили ама немаат начин како да се справат со терористите, за жал, затоа и апелираат да не се користат цивили за жив штит.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Neka se nistat, u sto pogolem broj. Istite tie Muslimani vo Liban, dali Hezbolah / sija, ili suni Muslimani, se istite koi se doselija vo Liban pred 50 godini i gi ubivaa i proteraa Hristijanite od tamu. Edinstvenata nekogas hristijanska drzava na Bliskiot Istok. Taka da, dali Liban ili Izrael ke strada, isto e, ni ednite ni drugite ne ni mislat dobro. Steta sto borbata ne e izednacena, pa da gledame pogrom na dvete strani. Stvarno ne znam kogo zalis ti.
Што повеќе изгубат и на двете страни, тоа подобро, светот ќе биде подобро место без овие, исти се буквално и двете страни, да можат, нас "неверниците" би не вареле сапун.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.697
Поени од реакции
33.892
Евреите ја обновија некогашната своја држава на нејзиното историски познато место не од некоја јака потреба за враќање на Евреите во некоја си палестинска пустелија, иако веќе биле/беа фино ситуирани низ другите држави, туку исклучиво од религиозна потреба...
Религијата е само еден од изговорите. Намената на Израел е контрола на Блискиот Исток како регион богат со фосилни горива, најважните ресурси на планетава во последниов век. Затоа е создаден Израел. Заради контрола, заради раздели и владеј. Не заради некои вековни еврејски држави или заради религијата.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Очекуваме да не бидеме наивни за генезата и намената на таа држава таму... Исто како и неминовната судбина еднаш кога нивните креатори нема да бидат хегемон фактор во светот.
Затоа ајде ќе бидеме наивни и ќе веруваме на приказните за Хазарите, дека Сталин бил Евреин и да се радуваме ако ги исчистат евреите од Израел, дека тоа го заслужуваат.

Па ете ти поготоре кажа дека ги чистеле Христијаните од Либан. Дали знаеш дека Христијаните кои ја оформиле Либанската држава се претежно потомци на крстоносците, на кои ете според истата логика не им било местото таму и башка што нивните предци правеле зулуми во текот на два века. Дали тоа не можеме да кажеме, според истата логика дека заслужиле да бидат исчистени и да аплаудираме на тоа?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.697
Поени од реакции
33.892
Јебига, страдаат и цивили ама немаат начин како да се справат со терористите, за жал, затоа и апелираат да не се користат цивили за жив штит.
На другар ти Лазар (што го спомнуваше поназад) му порачав да ги прочита Женевските конвенции за воени злосторства и регулациите за водење војна. Ти ги имаш прочитано?


него и огромни количини на оружје чуваат таму.
Пошто побезбедно е во некои цивилни градби отколку во тие којзнае колку бункери и стотиците/илјадниците километри тунели во кои се движат со возила?


Милион случаи и примери каде борци на Хезболах и Хамас се кријат по болници, училишта и разни установи користејќи ги за нивни бази. И тоа не само што се кријат него и огромни количини на оружје чуваат таму. Намерно играат на таа карта за да не ги гаѓаат тие објекти пошо нели официјално се цивилни, ама за сеа добиваат по носот зашо не ебат жива сила Израелците.
Не се сомневам дека баш ова го следиш во нашите/западните (еврејски контролирани) медиуми.
Истовремено истите тие западните (еврејски контролирани) медиуми НАС ни кажуваа дека користење артилерија е забрането, пошто било „употреба на прекумерна сила“.

Не застануваш да размислиш малку што побогу е поентата во сите тие двојни аршини и лицемерие?
Очигледно дека не.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Кој кого мрази, имаа бајаги докази, ама со Јамајка слепи се правите за тоа кој е одговорен што во последни 100г десетици милиони христијани биле убиени.
Да знаеме за приказната, евреите го оформиле комунизмот и ја направиле револуцијата и Сталин бил евреин и убивал православни… само што незнам зошто најголемиот провајдер на оружје на арспите се комунистичките држави.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom