ЕВН во загуба била, а само пари собира ни произведува ни дистрибуира.
Него тешка зима ќе биде оваа очекувам редукција голема со денови и големи дефекти.
--- надополнето: Aug 3, 2012 6:35 AM ---
Таа фирмата увозник на ел. енергија 100 милиони евра профит имала, за тие пари луѓето луѓе убиваат а пак не намерни дефкти и саботажи да нема.
--- надополнето: Aug 3, 2012 6:41 AM ---
Киловатчас струја од 13 до 16 часот поскапува за 130 отсто!
03 авг 2012 07:50
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја укина евтината тарифа за домаќинствата во периодот од 13 до 16 часот во работните денови. Со овој потег на регулаторите струјата поскапе за 130 отсто во тие три часа. Изгледа неверојатно, но е вистинито. Ќе побараат ли пратениците отчет од Димитар Петров, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика?
До крајот на јули еден киловатчас електрична енергија од 13 до 16 часот чинеше 2,85 денари, а од почетокот на август чини 6,56 денари. На годишно ниво станува збор за 936 часа, во кои потрошен киловатчас струја ќе чини 130 отсто повеќе од досега. На месечно ниво тоа е поскапување над 500 денари по семејство, дури и со максимално штедење. Ќе побараат ли пратениците отчет од Димитар Петров, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика?
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја укина евтината тарифа за домаќинствата во периодот од 13 до 16 часот во работните денови. Со овој потег на регулаторите струјата поскапе за 130 отсто во тие три часа. Изгледа неверојатно, но е вистинито. До крајот на јули киловатчас електрична енергија во овие три часа чинеше 2,85 денари, а од почетокот на август киловатчас во тој временски интервал чини 6,56 денари. Ова се реалните цени што во сметката ги плаќа секое домаќинство, а во кои се вклучени: трошокот за ангажирана моќност со кој цената се зголемува за 33 отсто и данокот на додадена вредност со кој крајната цена расте за 18 отсто. Поскапувањето е 3,71 денари за киловатчас.
РКЕ со овој потег силно удри врз семејните буџети на најсиромашните – на пензионерите. На сите граѓани им ја укина можноста да користат евтина енергија од 13 до 16 часот, а не им даде алтернатива, не им понуди избор. Ова е случај што треба да го заинтересира и народниот правобранител.
Димитар Петров, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, јавно соопшти дека струјата за домаќинствата поскапува за 10 отсто. По споредбата на цените по тарифни модели по укинувањето на евтината тарифа за секој од овие три часа од 13 до 16 часот излегува дека струјата поскапува за 130 отсто.
Зошто Петров скри од јавноста дека ја укинува евтината тарифа? Го стори тоа свесно или несвесно? Дали пратениците ќе ги повикаат на одговорност членовите на РКЕ?
Најсиромашните ќе плаќаат барем 100 евра повеќе струја месечно
Анализата на МКД.МК покажува дека и најсиромашните и најштедливите ќе плаќаат најмалку 110 евра повеќе за струја на годишно ниво или по 9 евра повеќе на месечно ниво од тоа што го плаќаат досега. И тоа е разлика во цена што ќе се постигне само со поскапувањето на енергијата во терминот од 13 до 16 часот, за кој струјата поскапува за 130 отсто. Оваа пресметка е направена врз основа на предвиден трошок за уредите што се постојано вклучени: фрижидер, шпорет, светилки. Доколку потрошувачката на електрична енергија во часовите од 13 до 16 е само по еден киловат на час на дневно ниво, тоа се 20 денари повеќе, а на месечно ниво се околу 600 денари или до 10 евра.
Ова е најминималистичко сценарио, кое подразбира да се штеди и да не се вклучува ниту еден друг потрошувач во скапата тарифа. Дополнително е поскапувањето што граѓаните ќе го почувствуваат од корекцијата на евтината тарифа за 10 отсто.
Стара цена Нова цена
Евтина тарифа 2,85 денари за киловатчас 3,28 денари за киловатчас
Скапа тарифа 5,95 денари за киловатчас 6,56 денари за киловатчас
* цените се со вклучени трошоци за ангажирана моќност од 33% и ДДВ од 18%
Период од 13 до 16 часот Стара цена за киловатчас Нова цена за киловатчас
2,85 денари 6,56 денари
Компромисот со евтината тарифа не успеа
РКЕ направи двојно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Наместо да го замени поскапувањето со укинување на евтината тарифа од 13 до 16 часот, регулаторите направија двојно поскапување. Засега никој не кажува дали е грешка или е ненамерен превид, немарност или се работи за злоупотреба и масакр врз стандардот пред сè на најранливите категории на граѓани.
Имено, домашните енергетски компании што имаат регулирана цена за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, од поодамна дале предлог да се укине евтината тарифа од 13 до 16 часот. Образложението било дека во тој период цената на струјата на пазарите е значајно повисока од таа што им се наплаќа на тарифните потрошувачи во Македонија. Тоа било докажано и со податоци од околните најблиски берзи за електрична енергија. Предлогот бил да се укине таа евтина тарифа како замена на поскапувањето. Со тоа компаниите ќе се растоварат од бремето да купуваат скапа енергија, која мора да ја продаваат поевтино во тие часови поради тоа што регулираната цена е далеку пониска од пазарната цена. Всушност, со тоа ќе се постигнел компромис поради тоа што компаниите ќе ги намалат големите трошоци, системот ќе се растовари поради тоа што нема да се зголеми потрошувачката од 13 до 16 часот како досега, а граѓаните ќе се натераат да штедат без да им биде поскапена електричната енергија.
Укинувањето на евтината тарифа во периодот од 13 до 16 часот морало да се направи. Причина за тоа била енергетската криза во јануари и февруари, кога ЕЛЕМ и ЕВН мораа да купуваат скапа електрична енергија и да ја продаваат по многу пониска цена во периодот од 13 до 16 часот. За овој увоз, по неофицијалните процени, двете компании платиле околу 30 милиони евра. Токму тоа било предочено како доказ во прилог на укинувањето на евтината тарифа, со што потрошувачите ќе се мотивираат да штедат во тој временски период, со што значајно ќе се намали потрошувачката и ќе се заштеди. Од тие причини укинувањето на скапата тарифа било предложено како решение за оптимизација на работењето на енергетските компании.
Но засега останува непознато зошто РКЕ ја зголеми цената на електричната енергија, а ја укина евтината тарифа од 13 до 16 часот.
www.mkd.mk/48930/makedonija/kilivatcas-struja-13-do-16-casot-poskapuva-za-130-otsto/