Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Сега плаќаме за тоа што сме трошеле зимата?

Чекајте малце...

Ние извезовме струја во Србија оваа зима и сега треба да платиме за тоа?

Каде се парите???


http://www.time.mk/read/994b3180cb/fc74d32880/index.html


Апаши...
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Сега плаќаме за тоа што сме трошеле зимата?

Чекајте малце...

Ние извезовме струја во Србија оваа зима и сега треба да платиме за тоа?

Каде се парите???


http://www.time.mk/read/994b3180cb/fc74d32880/index.html


Апаши...
е ајде де.. извезуваме струја а после викаме дека немаме за нас.... поголема глупост нема... и не знам како тоа они не можат да си покријат долгови кога веќе имаше поскапување :mad:
ја веќе стварно не можам да го трпам воа !!!
Сите на улица и крај !
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.374
Поени од реакции
1.948
Читав некаде пред некое време како се распределуваат парите од наплатата на струја,колку одат за елем,колку за мепсо,колку за евн и колку зема државата,ама не се сеќавам во кој весник го прочитав тоа.Ако знае некој како оди распределбава не е лошо да пише.

Во меѓувреме расчачкав по сајтовиве на елем,мепсо и евн да видам како стојат финансиски пошто нон-стоп кукаат дека се на работ на рентабилност, и еве што најдов:

Податоците што ги има на сајтовите на елем и мепсо се за 2010 година,а за евн не најдов,ако најде некој нека постира.

Елем
http://www.elem.com.mk/2010/main.html
влезете на страната и одете на финансиски извештај

Мепсо
http://www.mepso.com.mk/CMS99/Content_Data/Dokumenti/Финансиски извештаи/Bilans uspeh 2010.pdf

Обратете внимание на тоа колку се приходите од продажба на електрична енергија и услуги,а колку е набавната вредност.

А.Д. МЕПСО (Македонски електропреносен систем оператор) е компанија во целосна државна сопственост, која е формирана во 2005 година со трансформацијата на Електростопанство на Македонија. Основна дејност на МЕПСО е непречен пренос на електричната енергија низ високонапонската мрежа, управување со електроенергетскиот систем и редовен и навремен ток на електрична енергија до своите клиенти: директните потрошувачи (Бучим, ОКТА, Макстил, Арчелор Митал, Усје, Југохром-Фероалојс, Скопски Легури, Фени Индустри, Македонски Железници) и до нисконапонската мрежа на ЕВН Македонија.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
ЕВН во загуба била, а само пари собира ни произведува ни дистрибуира.

Него тешка зима ќе биде оваа очекувам редукција голема со денови и големи дефекти.
--- надополнето: Aug 3, 2012 6:35 AM ---
Таа фирмата увозник на ел. енергија 100 милиони евра профит имала, за тие пари луѓето луѓе убиваат а пак не намерни дефкти и саботажи да нема.
--- надополнето: Aug 3, 2012 6:41 AM ---
Киловатчас струја од 13 до 16 часот поскапува за 130 отсто!

03 авг 2012 07:50

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја укина евтината тарифа за домаќинствата во периодот од 13 до 16 часот во работните денови. Со овој потег на регулаторите струјата поскапе за 130 отсто во тие три часа. Изгледа неверојатно, но е вистинито. Ќе побараат ли пратениците отчет од Димитар Петров, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика?


До крајот на јули еден киловатчас електрична енергија од 13 до 16 часот чинеше 2,85 денари, а од почетокот на август чини 6,56 денари. На годишно ниво станува збор за 936 часа, во кои потрошен киловатчас струја ќе чини 130 отсто повеќе од досега. На месечно ниво тоа е поскапување над 500 денари по семејство, дури и со максимално штедење. Ќе побараат ли пратениците отчет од Димитар Петров, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика?
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја укина евтината тарифа за домаќинствата во периодот од 13 до 16 часот во работните денови. Со овој потег на регулаторите струјата поскапе за 130 отсто во тие три часа. Изгледа неверојатно, но е вистинито. До крајот на јули киловатчас електрична енергија во овие три часа чинеше 2,85 денари, а од почетокот на август киловатчас во тој временски интервал чини 6,56 денари. Ова се реалните цени што во сметката ги плаќа секое домаќинство, а во кои се вклучени: трошокот за ангажирана моќност со кој цената се зголемува за 33 отсто и данокот на додадена вредност со кој крајната цена расте за 18 отсто. Поскапувањето е 3,71 денари за киловатчас.
РКЕ со овој потег силно удри врз семејните буџети на најсиромашните – на пензионерите. На сите граѓани им ја укина можноста да користат евтина енергија од 13 до 16 часот, а не им даде алтернатива, не им понуди избор. Ова е случај што треба да го заинтересира и народниот правобранител.
Димитар Петров, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, јавно соопшти дека струјата за домаќинствата поскапува за 10 отсто. По споредбата на цените по тарифни модели по укинувањето на евтината тарифа за секој од овие три часа од 13 до 16 часот излегува дека струјата поскапува за 130 отсто.
Зошто Петров скри од јавноста дека ја укинува евтината тарифа? Го стори тоа свесно или несвесно? Дали пратениците ќе ги повикаат на одговорност членовите на РКЕ?
Најсиромашните ќе плаќаат барем 100 евра повеќе струја месечно

Анализата на МКД.МК покажува дека и најсиромашните и најштедливите ќе плаќаат најмалку 110 евра повеќе за струја на годишно ниво или по 9 евра повеќе на месечно ниво од тоа што го плаќаат досега. И тоа е разлика во цена што ќе се постигне само со поскапувањето на енергијата во терминот од 13 до 16 часот, за кој струјата поскапува за 130 отсто. Оваа пресметка е направена врз основа на предвиден трошок за уредите што се постојано вклучени: фрижидер, шпорет, светилки. Доколку потрошувачката на електрична енергија во часовите од 13 до 16 е само по еден киловат на час на дневно ниво, тоа се 20 денари повеќе, а на месечно ниво се околу 600 денари или до 10 евра.
Ова е најминималистичко сценарио, кое подразбира да се штеди и да не се вклучува ниту еден друг потрошувач во скапата тарифа. Дополнително е поскапувањето што граѓаните ќе го почувствуваат од корекцијата на евтината тарифа за 10 отсто.

Стара цена Нова цена
Евтина тарифа 2,85 денари за киловатчас 3,28 денари за киловатчас
Скапа тарифа 5,95 денари за киловатчас 6,56 денари за киловатчас
* цените се со вклучени трошоци за ангажирана моќност од 33% и ДДВ од 18%
Период од 13 до 16 часот Стара цена за киловатчас Нова цена за киловатчас
2,85 денари 6,56 денари

Компромисот со евтината тарифа не успеа


РКЕ направи двојно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Наместо да го замени поскапувањето со укинување на евтината тарифа од 13 до 16 часот, регулаторите направија двојно поскапување. Засега никој не кажува дали е грешка или е ненамерен превид, немарност или се работи за злоупотреба и масакр врз стандардот пред сè на најранливите категории на граѓани.
Имено, домашните енергетски компании што имаат регулирана цена за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, од поодамна дале предлог да се укине евтината тарифа од 13 до 16 часот. Образложението било дека во тој период цената на струјата на пазарите е значајно повисока од таа што им се наплаќа на тарифните потрошувачи во Македонија. Тоа било докажано и со податоци од околните најблиски берзи за електрична енергија. Предлогот бил да се укине таа евтина тарифа како замена на поскапувањето. Со тоа компаниите ќе се растоварат од бремето да купуваат скапа енергија, која мора да ја продаваат поевтино во тие часови поради тоа што регулираната цена е далеку пониска од пазарната цена. Всушност, со тоа ќе се постигнел компромис поради тоа што компаниите ќе ги намалат големите трошоци, системот ќе се растовари поради тоа што нема да се зголеми потрошувачката од 13 до 16 часот како досега, а граѓаните ќе се натераат да штедат без да им биде поскапена електричната енергија.
Укинувањето на евтината тарифа во периодот од 13 до 16 часот морало да се направи. Причина за тоа била енергетската криза во јануари и февруари, кога ЕЛЕМ и ЕВН мораа да купуваат скапа електрична енергија и да ја продаваат по многу пониска цена во периодот од 13 до 16 часот. За овој увоз, по неофицијалните процени, двете компании платиле околу 30 милиони евра. Токму тоа било предочено како доказ во прилог на укинувањето на евтината тарифа, со што потрошувачите ќе се мотивираат да штедат во тој временски период, со што значајно ќе се намали потрошувачката и ќе се заштеди. Од тие причини укинувањето на скапата тарифа било предложено како решение за оптимизација на работењето на енергетските компании.
Но засега останува непознато зошто РКЕ ја зголеми цената на електричната енергија, а ја укина евтината тарифа од 13 до 16 часот.

www.mkd.mk/48930/makedonija/kilivatcas-struja-13-do-16-casot-poskapuva-za-130-otsto/
 

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Ова веќе не е на арно. Мамата у сред пичка да му ебам на дегенов. 110 евра само за струја, за што ќе бидат останатите од 200 евра плата? Веќе ги помина сите граници.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Ова веќе не е на арно. Мамата у сред пичка да му ебам на дегенов. 110 евра само за струја, за што ќе бидат останатите од 200 евра плата? Веќе ги помина сите граници.
Да бараш од регулаторна да ти ја качат платата за 130% за работното време од 13 до 16 часот, а за останатото да ти ја качат за 10%.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781

Kajgana Shop

На врв Bottom