Живеј ако сакаш во ист кварт со својот соперник, во иста улица со својот противник, под ист покрив со својот непријател, но секогаш живеј подалеку од својот близок пријател. -Јан Лаурент
Кога сите луѓе би знаеле што зборуваат едни за други, на светот не би постоеле ни четворица пријатели. -Паскал
Слушај го оној што ти обрнал внимание на недостатоците , како да ти го открил најголемото богатство. -Буда
Кажи ми со кого другаруваш, па ќе ти кажам кој си! Ако знам со што се занимаваш, тогаш и знам што можеш да бидеш. -Гете
Колку и да е ретка вистинската љубов, уште поретко е вистинското пријателство. -Ла Рошфуко
Меѓу пријателите треба да ги сакаме не само оние што ги натажува нашата несреќа, туку и оние што не ни завидуваат на среќата. -Сократ
Ако при секоја пријателска услуга веднаш мислиш на благодарноста, тогаш не си дал туку си продал. -Достоевски
Оној што е пријател на сите не е ничиј пријател. -Шопенхауер