Позитивни и негативни особини на македонците

Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.428
Поени од реакции
3.134
За ова стварно ни нема рамен, нормален народ досега при вакви околности 6 војни би кренал.

Јас во негативниот дел би додал тоа што 1/3 од Македонците се исклучени од реалност и веруваат во фантазии наречени ,,мултикултуризам", ,,соживот" и ,,amA dObriTe AlBaNcI"
На злото мора да му се удри со ист аршин...вртењето образи некој го допишал во светите книги за да не пацифизира...мое мислење!
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.237
Поени од реакции
5.252
На злото мора да му се удри со ист аршин...вртењето образи некој го допишал во светите книги за да не пацивизира...мое мислење!
Се додека за сојузници ја имаат оваа 1/3 Македонци ќе биде лошо
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
- Опортунисти, или користољубиви, или газолижачи.
- Клиентелисти.
- Дволични, лицемери, малограѓани, тесногради.
- Малодушни, наивни, лековерни, суеверни.
- Суетливи, инаетливи.
- Кодоши и завидливи.
- Полуобразовани.
- Лесно подмитливи.
- Вроден комплекс на пониска вредност.
- Меко идентитетско ткиво.
- Ниско развиен етички и морален кодекс.
- Без манири и основна култура. Дали во градски превоз, во "редица" пред банка, со „нула“ сообраќајна култура и.т.н.
- Немаат почит кон туѓата приватност, озборувачи, портари, не си го гледаат сопствениот двор.
- „Морални проповедници“ - сите знаат како треба да се живее нечиј туѓ живот.
- Мрзеливи, без никакви лидерски квалитети.
- Лесно подведливи и склони кон прифаќање на туѓи културолошки влијанија.
- Воодушевени се од авторитетите, во постојана потрага по лидер, центар на моќ, водач кој што ќе одлучува за нив, ќе управува со нивните животи.
- Влегов преку ред, се вработив преку партија, го подмитив „него“, препишував на испит, фатив „врски“ - се работи кои што спаѓаат под терминот „снаоѓање“ - се снајде, снаодлив е - општоприфатена одлика која се толкува како многу позитивна, посакувана карактерна особина, животна филозофија која што постарите генерации им ја пренесуваат на помладите, која што наводно треба да им го направи животот „полесен“.

Позитивни карактеристики: гурмани и тоа што се уште постојат исклучоци (иако се поретки) целосно или барем делумно спротивни од горенаведеното.
 
G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
352
Поени од реакции
452
Негативни: Молчи, има полошо.
.
.
.

Позитивни: Молчи, има полошо.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Задачата е да се набројат неколку позитивни и неколку негативни особини на македонците.

Мене за позитивни ми текнаа:
- дружељубиви
- почитуваат семејни вредности.
За негативни:
- ниска еколошка свест
- слаби работни навики.

Потребни ми се уште една-две позитивни и негативни ама не ми текнува ништо друго, дајте некоја идеја ако имате :)
Може дообјаснување дали ова ти се однесува на „Северно Македонците“ како народ кој живее тука вклучувајќи ги сите етнички заедници, или пак само на „Македонската“ етничка заедница?
 
Член од
11 јануари 2021
Мислења
63
Поени од реакции
261
Негативно:
- Владее игноранцијата, иако секој е специјалист во сите области.
- Ниска свест за екологијата.
- Голем дел од народот живее за дргугиот да му завидува.
- Ги исмејуваат оние кои пишуваат Амин во коментари на слика со икона, а секоја година ставаат слики од трпезите и во опис обавезно има нешто религиозно.

Позитивно:
- Подружељубив народ во однос на останатите од светот.
- Не ми текнува ништо друго.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Може дообјаснување дали ова ти се однесува на „Северно Македонците“ како народ кој живее тука вклучувајќи ги сите етнички заедници, или пак само на „Македонската“ етничка заедница?
Се однесува на етничките македонци.
 
Trent Alexander Arnold

Stamford Bridge, Fulham Road, London, UK, SW6 1HS
Член од
30 јули 2020
Мислења
914
Поени од реакции
4.145
Не се држиме меѓу себе, се глеаме ко душмани еден со друг...
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Негативно:

Живеат во бајки, со лажна историја, не можност да се прифати кој и зошто им ја дал државата (пр. се плука по комунизмот и Тито, а без него и комунистите немаше ни М од Македонија да има), не можност да се согледа историската вистина за ова мочано парче земја, која е вистина за цел свет, освен за нас самите. Ова носи тешки фрустрации како свесно така и потсвесно

Многу назадни луѓе кој секогаш се вртат кон тоа како било некогаш, место да ги видат грешките од сегашноста и спрема тоа да ја планираат иднината.

Користољубивост, себичност, ситни души, малограѓанштина...

Никаква економска свест, знаење и писменост (студенти имаат проблем да потполнат уплатница како треба)

Незнаење, глупост, простаклук, кратковидост, ксенофобија (ни оддалеку не сме толку дружељубиви, колку што некои пишуваа погоре, особено со странци), никаква одговорност спрема другиот и спрема општеството како целина.

И најголемиот проблем од сите, не сакање да се научи нешто ново, да се учи нешто корисно за иднината (матуранти не знаат ни проста реченица за состават на Англиски)

Позитивно:

Богата кујна и специјалитети (ама ова е пред се резултат на поднебјето и историјата)
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689

Ај да видиме Англичанец мутант нека состави раченица на Македонски?
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Позитивни:
- дружељубив народ, посебно према странци
- мирољубив народ, во смисла не сме склони на геноциди и војни
- гурмани (македонската кујна)
- знаеме да бидеме позитивни и во тешки моменти

Негативни:
- непоправливи оговарачи
- полтронски настроени
- се водиме по поговорки како „Наведната глава сабја не ја сече“ или „Ќути, има и полошо“
- сеирџии
- во голем дел необразовани
- без никаква желба или инцијатива да се промени нешто (поголем дел)
- често повеќе го цениме туѓото колку и да е чкарт, а плукаме по нашето често од завист
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.425
Позитивно:
- убави,
- добри,
- паметни,
- избањати,
- прогресивни луѓе,
- не јадат сендвичи,
- бараат правда за да има мир

Негативно:
- гласаат за СДС
 
Kajgana Shop

На врв Bottom