Позитивен или негативен пристап?

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Не ми е целта да ги разгледуваме причините, сакам само општо да коментираме на оваа тема, затоа ја поставив тука.
Па, како вие им приоѓате на работите, со позитивен или негативен пристап? Повеќе ви одговара да критикувате или да фалите и да делите комплименти?
Да ги наведам и секојдневните примери, кои ме поттикнаа да ја отворам темава.
Гледате некоја слика во галерија на која има убава девојка и растурена соба во позадина. Што ве влече повеќе да искоментирате?
Гледате некоја емисија како таа неподносливата "Бумбар". Имате нали 3 предлози, па за кој би се одлучиле да гласате? За негативен или позитивен?
Влегувате во некој кафич кој има многу пријатна атмосфера, но нема згодни келнерки. Што ќе кажете за него ... супер е и пак ќе навратите или ќе сте изреволтирани што ве послужила некоја "обична" девојка и ќе го критикувате секогаш кога ќе се спомене?

Блиц примери на кои веднаш се сетив, па не мора да се задржите на нив. Помислете како обично реагирате на секојдневни работи и ситуации и кажете го вашиот став.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Не реагирам најпозитивно на некој нестрплив автомобил кој би пре да ме интегрира со зебрата на пешачки во некоја нова асфалтна подлога - него да ме причека 4 секунди и да си продолжи по патот....ама и тогаш на фора "пусти будале" не реагирам негативно :)

И најчесто, пристапувам позитивно кон секоја една работа. Ако не ми одговара развојот на настаните, имам избор да прекинам да пристапувам :) Негативното може да се појави само кога нешто навистина допира до најличните фиоки. Се друго кое по мое мерило вистински не ме тангира доволно за да му дозволам да ме фрли во негатива, ќе помине во најголема рака - незабележано.

Кога немам баш нешто за коментирање, и не коментирам - а кога е во прашање волшебноста на емисијата Бумбар, пред него да ги пофалам во две реченици позитивните работи, веројатно би да коментирам за негативностите со цел да се покрене здрава јавна дебата која ќе продуцира можеби некое решение на негативноста (ако е прифатена како реална) - ама реално, после мене би се јавил некој пензионер кој има потреба од себепромоција на ТВ, па ќе се забатали и таа работа :)

А ако Бумбар имаше админи ко нас, ќе беше супер емисија :))))

По темава, eве домашна задача за секој кој сака да научи италијански. По-зи-ти-во:
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Секогаш најпрво на работите им пристапувам позитивно, и колку и да е лошо нешто гледам да го извлечам најдоброто од тоа.

Така на пр. секогаш прво би ја забележала убавата девојка на сликата, а потоа растурената соба, мислејќи дека таа е така нацртана само затоа што во се треба да има баланс. Кафичот...доколку има пријатна атмосфера ќе уживам во неа...келнерите кога тогаш ќе се појават. Подобро така отколку уште не седната да ми дојде некоја и да ми каже повелете...

Ок, не викам дека секогаш успевам да гледам позитивно на работите, има моменти кога сум крајно изнервирана, и на ништо не можам позитивно да гледам, но таквите моменти за среќа се ретки и брзо поминуваат!:smir:
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Не ми е целта да ги разгледуваме причините, сакам само општо да коментираме на оваа тема, затоа ја поставив тука.
Па, како вие им приоѓате на работите, со позитивен или негативен пристап? Повеќе ви одговара да критикувате или да фалите и да делите комплименти?
Да ги наведам и секојдневните примери, кои ме поттикнаа да ја отворам темава.
Гледате некоја слика во галерија на која има убава девојка и растурена соба во позадина. Што ве влече повеќе да искоментирате?
Гледате некоја емисија како таа неподносливата "Бумбар". Имате нали 3 предлози, па за кој би се одлучиле да гласате? За негативен или позитивен?
Влегувате во некој кафич кој има многу пријатна атмосфера, но нема згодни келнерки. Што ќе кажете за него ... супер е и пак ќе навратите или ќе сте изреволтирани што ве послужила некоја "обична" девојка и ќе го критикувате секогаш кога ќе се спомене?

Блиц примери на кои веднаш се сетив, па не мора да се задржите на нив. Помислете како обично реагирате на секојдневни работи и ситуации и кажете го вашиот став.
Зависно од расположението, но на 99% од случаите им приоѓам позитивно. Иако ако размислам поинаку за некои работи, како што ти е примерот со кафичот- тука би реагирала негативно но предизвикана од непостоењето на позитивното. Ако ме разбирате, сакам да кажам дека јас сигурнмо кога би влегла во кафичот би го оценила местото како позитивно, убаво, пријатно, но еве ќе го преформулирам случајот=мене би ми било здодевно ако сум на убаво место, но со погрешни луѓе.На при. ако сум на преубаво место како што кажав, има атмосфера на која јас би си поминала најубаво, но едноставно немам со кого да го поделам тоа, а да речеме не можам сама.
Секако дека повеќе ми одговара да делам комплименти. И самата се чувствувам убаво кога знам дека навистина го мислам тоа. А за примерот со емисијата Бумбар, дефинитивно преферирам да гласам позитивно ако е во прашање некој убав предлог, отколку да се фрустрирам поради неправилностите во законот или политиката :helou::smir:
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Јас секогаш ги гледам и двете страни,и позитивната и негативната,па ако треба да се пресуди,судам по таа што надвладува,и на пример ако е позитивната,јас секако ги кажувам и негативностите што ги содржи нештото,у стилу “добро е ама може и подобро ако не беше тоа и тоа“.
Исто и за критики/пофалби,секогаш на секоја пофалба ми следи и критика,едноставно не можам да се воздржам и да не промрчам за нешто,или па ако цело време мрчам,морам да избалансирам со по некоја пофалба.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
И едниот и другиот пристап...и тоа не зависно од ситуација туку зависно од тоа дали размислувам или не :)
Значи, секогаш ако пред да кажам било што, прво неколку секунди си посветам на размислување, пристапот секогаш ми е позитивен. Ама поентата е тоа што јас ретко мислам што кажувам (освен ако не сум со недоволно познати личности) така што секогаш првенствено на памет ми паѓаат прво негативностите и лошите работи а потоа добрите. Дури и се да е безпрекорно,а да има само една негативна работа, јас прво ќе се фатам за негативната изоставајќи се останато. Па на крај краева, дури и да не ме интересира тоа негативното јас пак има да го искоментирам. Што да правам, таква сум :toe:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
jas sum golem kriticar , no na rabotite gledam pozitivno , sepak mislam deka kritikite se pozitivni raboti , bidejki bez niv , ne bi imalo napredok

sekogas se stremime kon PODOBROTO ;)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Обично пристапувам со позитивен став (освен ако не се работи за мене.:)). Поубаво ми е кога треба да пофалам некој за нешто, кога треба да кажам нешто убаво и позитивно, отколку да зборам лошо. Но, нормално правам некоја разлика, гледам да сум реална, па ако нешто е за критикување сигурно нема да го фалам, туку ќе го искритикувам нормално. Секогаш гледам во секоја ситуација да го извлечам и пронајдам позитивното и убавото, се трудам да го занемарам негативното иако понекогаш тоа е невозможно.

Мислам дека секогаш од секоја ситуација треба да се извлече позитивното, затоа што негативното ме депримира, ми ја одзима волјата, а доколку се насочам кон она што е позитивно и ако во се гледам некоја убавина, се осеќам поисполнето и со поголема волја за живот и воопшто за било која друга ситуација.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Најчесто позитивен.Да.
 

Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Јас како позитивна личност, и самиот пристап кон стварите ми е позитивен. Секогаш сакам да го најдам доброто во тоа Лошото, и никогаш не велам дека нема добро во него. Е сега пак неможам да кажам и дека секогаш донесувам позитивен заклучок, но почнувам со таков.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.790
јас имам многу негативен пристап кон работите, некако многу сум чувствителен, се нервирам за многу мали нешта....
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Не сум негативец. Се трудам да ја видам позитивната страна, но и знам да укажам на некои грешки (според моето мислење).

Инаку, во општ случај, мразам скептици и муабети од типот што ако биде вака, што ако биде онака, ако не испаднат работите по планираното.... На крај краишта доколку не пробаш нема да знаеш како е, а и од друга страна гледано, ништо не се губи... Само може да се добие.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
О, позитивен. ...Луѓето мислат дека сум мрчатор. Но во заблуда се. :pipi:

Не сум баба рога бе. Фино сум. :kesa:
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
и јас сум фин...на мометни некогаш ме факаат неубајте...иначе правам мајтапи но во позитивна мисла...но на некој му смета тоа па ме мислат кузне какоф...тие шо ме знат...не им пречи...али јбг секогаш сум бил позитивен за се.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom