Дали некој од вашето семејство, најблиски пријатели, кумови, работат во МВР, училишта, градинки, разни општински и државни институции, универзитети? Или дали има некој од тие ваши блиски кој има некој бизнис, поголем или помал, а тој да не е поврзан со политика на некаков начин?
Од негувателка во градинка, преку учителка, наставници во основно и средно, до професори на факултет, сите што ве образувале, воспитувале или сега ги образуваат вашите деца, се таму поради политичка корупција.
Сите медиуми преку кои се информирате, ви помагаат околу формирање на мислење, од МРТ преку националните телевизии до интернет портали, живеат и работат со помош на политичка/бизнис корупција и на големо одработувале за неа. Буквално сите кои сега барем малку се влијателни.
Што ми е поентата, таа борба за промена на систем, борба против корупцијата и слично за што зборувате, на крај може да дојде, колку успешно ќе видиме, само од тој систем, некој што увидел каде оди или што ќе мора да направи нешто без разлика колку има волја за тоа, затоа што ерозијата ќе стане проблематична за сите, па ќе мора да се делува.
Дали ќе е Мицко, Димче, Венко или некој четврт кој ќе се најде во таа позиција, сите тие се од овој коруптивен систем, на периферија или поблиску до центарот, а тие ќе мора да го поправаат овој систем. И тоа ќе работат на средување на системот со други луѓе кои се дел од овој коруптивен систем.
Нема сила која што е целосно надвор и може да го промени.
Не е тоа случај само со Македонија и во други држави на сличен начин се правени промените. Имате држави во Европа, Јужна Америка, Азија, каде најголемите промени ги правела "златна генерација", привилегираните деца на системот.
Колку и да ве води идеализмот, бес, правдољубивост, гнев, ова ви е реалноста. Особено во Македонија, каде што ресурсите се мали и испреплетени.

Последно уредено: