Значи според тебе криви се луѓето што се нашле во локалот, и кривица нема што да се бара по институции или поединци, така?
Членот сака да ви каже да бидеме сите 10 нивоа повеќе ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ. Да не чекаме се и сешто од државата, да созрееме, зошто само зрели луѓе можат да расудуваат нормално и да не бидат корумпирани.
Колку пати луѓето се гужваат за најмали ситници, една редица не може да се направи, едноставно не ни е во свест тоа.
Колку пати будали палат пожари и уништуваат цели шуми?
Вчера колку беа собрани да си играат нид фор спид во Скопје кај Борис?
Дали мислите дека некогаш ќе му текнеше на некој за безбедносни стандарди било каде ако не се случеше трагедијава?
Влезете во било кој кафич и ресторан во помалите градови, сите чадат пушат цигари 2 прста пред око не се гледаат, ич не им е гајле дали има до нив бремена жена или деца, а утре ќе објават колку е загаден воздухот.
Не, јас, ти, сите себично гледаат за себе да средат, не гледаат за околината, и тоа мора да се смени.
Одиме во странство во средени држави и паѓаме во несвес вау колку е средено, а од друга страна никој не сака да ги праша што направивте да ви е толку средено, може ли да препишам.