Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.993
Поени од реакции
8.869
Ни протести ќе променат нешто, ниту денешниве политичари/систем ќе се смени.

За да има промена од корен на ова расипано куроболие, се знае што треба: Граѓанска непослушност. А не мирно шеткање по уилици со боење раце.

Кога ќе излеземе барем 20,000 во Скопје и минимум по 5/10к во други градови, кога цела таа толпа ќе биде гневна, сите до еден да бидат на иста линија, тогаш ќе има промена. Ама кога на 20.000, 15 души ќе бидат „проблематични“ и кога истите ќе добијат казни внуците да им ги плаќаат... толку е.

Излагаш, палиш сите можни институции, влада, собрание, ако видиш политичари кои знаеш дека 10/20 години свесно те ебат у здрав памет и нив ги тепаш. Полиција ако не застане на страна на народ и она ќе биде крива. Само така, можеби, ќе дојдеш до некаква промена од корен.
80% од тие што ќе искочат на тој протест подмитиле некого, фаќале врски за нешто, се бутале преку ред, “само да прашале”…кога 35 години се практикува такво општество нема политичар ни граѓанин што ќе ја смени свеста. Свест овде нема.
 
Член од
30 август 2024
Мислења
227
Поени од реакции
962

Па у таков систем живееме, нормално е. Колку и да звучи лошо и глупо така е. Да имаш проблем со здравје, недај боже ќе умреш на клиника/градска. Не бараме врски од курч, од мука си бараме.

Ама ако толку пекаме по Европа и јадеме гомна како Словенија била толку напредна, мора од негде да почнеме. Сме правеле што сме правеле, ако ние сме свесни дека сакаме подобар систем и иднина, и за нас и за нашите деца, а овие од власт не те ебат 2% со години, ондак мора нешто да потегнеме како народ, заеднички.

Маршови, боење раце, скандирање како лигуши и со постери чисто за слика на инстаграм... не ја бива. Или мама ебаваш на цел град, или не протесирај уопште. Нема ниту еден таков мирен протест нешто сменето, освен наслови и текстови низ локални медиуми.

Запали ја цела држава и сите институции, ќе стигнеш и до Јапонија на ударни вести. Како сега што стигнавме до Кореја (па и цел свет, како дел од главни теми покрај сите убивања и војни низ светов...).
 
Од мука и тој шталата ја користел нелегално за клуб. Ќе ти каже дека така вадел “корка леб” за децата. Не е жртвата во палење на држава за напраиш промена, него кога ти е најтешко да се држиш до правила и прописи. Е таа жртва никој од нас не е спремен да ја направи и затоа се повеќе си бараат луѓето чаре надвор каде тоа веќе функционира. Кога се укажуваше на тоа од почеток, на таа проблематика се гледаше со подбив, е сега веќе нема враќање. На протест за девојчено пред Силбо 90% од тие што искочија со свеќи во рака имаат возено возат и ќе возат под алкохол. Возеле и ќе возат со брзина над пропишаната. Нема спас, кој побрзо сфати побрзо ќе се спаси.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.272
Поени од реакции
6.352
Член од
14 април 2012
Мислења
33.140
Поени од реакции
68.352
Како и што можеше да се претпостави. Во почеток никој сериозно не ја сфатил опасноста, што се гледа и по снимките кои беа објавени, После тоа кога станало јасно дека не е заебанција, настанало паника и хаос. Тоа шупата да имала излези како што е пропишано многу верјоатно е дека би се избегнал олкав број на мртви. Катастрофа.

А според вестиве што ги читам, поготово за пациентите кои се пренесени надвор, се повеќе ми е страв дека за жал, бројката на жртви нема да застане на 59.
Aко не тргнеш да излегуваш веднаш, нема да излезеш. Не ми е прифатливо, ниту јасно дека пожар може за 3 минути цела дискотека да фати.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.999
Поени од реакции
17.241
Држи вода муабетов ако тоа возило тргне едно два саати пред настанот па да стигне на време
Него нареден пат пред да блокирате блезови/излези ставете прст на чело и помислете дека можеби ке загрозите човечки живот
Мислам на мало возило со гуми, не гусеничар, има едно зелено во Капиштец го гледам, со повеќе функции... А поодамна имам видено во Солун, џип со кука, не ги дига цели возила, само погонскиот дел и ги извлекува... А Стојанчо се жалел едната врата била заклучана и со стиропор обложена.Па нели пожарникарите имаат Секирчиња ??
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.495
Поени од реакции
4.704

Па имаат секирчиња, но сигурно било предоцна.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.999
Поени од реакции
17.241
Па имаат секирчиња, но сигурно било предоцна.
Имале проблем со паркираните возила, т.е. објектот немал ПРИОД за пожарна и брза помош, блокиран бил...
Тоа си е наша болест, блокирање и Ќор сокаци, посебно во помалите места...узурпација на а парцелата до крај, па и земање од тротоарот...
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.746
Поени од реакции
60.231
ДК,
Замисли сабота вечер, ти вратен од дежурство од работа во амбуланта во Кочани, си велиш ајде барем утре недела е ќе одморам, викат и топло ќе било па можи ќе ги прошеташ децата до негде, колку да се порадват а ти да заборајш дека живејш во Кочани. Уште неразденето ти звонат од работа хитно да се појавиш таму и таму, вероватно очите уште не ти се доотворени, а веќе си сведок од прва рака на хорор кој ниту си можел било кога да го замислиш. Пожарникари уште гаснат дури влегваш во нешто шо лесно можиш да го помешаш со штала и уште на врата гледаш деца, еден преку друг засекогаш заглавени во момент на агонија и ужас. Што ти се врти во главата дури чекаш уште некој сирот ко тебе па да почните да ги вадите еден по еден? Дали постој нешто што би можело да те подготви за сликата пред тебе, дали имаш збор да прозбориш со тој со кој шо кревате или гледаш дека и тој нема крв во него па ќитите двајцата? Во кој момент ќе ти помини шокот и доаѓа фазата на пцуење во себе ама од кај да почниш? Од кој да почниш? Рибата од главата смрди ама шо прајме кога цело езеро е пресушено и останато е мочуриште полноглавци и комарци? Сигурно ти звонат на телефон родители чии деца нив не им креваат на телефон а се твои познаници. Вероватно и препознаваш некои од нив, јебига Кочани е, ама зошто на тебе да падни проклетсвото на твој познаник да соопштиш дека нивниот живот е и официјално завршен? Сигурно во ист момент би го свлечкал секој еден виновен да види она што ти гледаш и да ја слушни тишината на 50 души, па тој нека ги погледни в лице и да им каже што бидна од чедата. Ако Бог не постои, сигурно се надеваш дека во ист момент ќе се створи колку да го казни секој еден виновен за ова дереџе, пошто земска казна не постои. Излегваш надвор и не си сигурен дали мирисот на пепел и чад никогаш ќе излези од тебе, ама немаш сега време за уште прашања, имаш мртви деца за кревање.
П.С
Во моја кожа не сакам да сум, а камоли во било чија на секој еден, како и да е афектиран. Лесна им земја и божја сила на фамилиите, правда ниту имало ниту ќе им смени сега ако има.
Починал возачот на брзата помош во Кочани кој ги превезувал повредените цела ноќ. Воедно, се обвистини овој пост на @SinisteR.

Нека почива во мир.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.140
Поени од реакции
68.352
Имале проблем со паркираните возила, т.е. објектот немал ПРИОД за пожарна и брза помош, блокиран бил...
Тоа си е наша болест, блокирање и Ќор сокаци, посебно во помалите места...узурпација на а парвелата до крај, па и земање од тротоарот...
Кога стигнала Пожарната, било предоцна, не зашто стигнале касно, туку се толку брзо се случило. Тоа што не го сфатиле пожарот сериозно во првите неколку секунди, им пресудило на многумина. Со тела го заглавиле единствениот излез.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.299
Поени од реакции
6.660
Прегазена и девојка на пешачки во центар. Подобро да ги фрлам електронските уреди оти ова веќе не е реално.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.552
Поени од реакции
5.436
Прегазена и девојка на пешачки во центар. Подобро да ги фрлам електронските уреди оти ова веќе не е реално.
Hunger Games не е направено така за да се иде во кино со девојчето и да се опуштиш пред да имате секс. Тоа е црната реалност во светов, а кај нас е пуштено на најјако.
Не си безбеден ни на пешачки премин додека чекаш да се упали зелено.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.104
Поени од реакции
117.454
Хаос... Сабајле одам пешки на работа, и у воздухот се осеќа тагата од ова што се случи, луѓето мрачни, невесели, нема позитивна енергија, уште па сабајлево 32432423234 нови случаи на сообраќајки и прегазени пешаци, општа мизерија.

Многу ми е криво и жал што доста од жртвите починале поради несфаќање на сериозноста на ситуацијата. Мислам, лесно е да се збори од позади компјутер, можеби да сум бил на местото на настанот и јас би направил исто и не би се замарал, ама у курац нека иде се. :yid:

Исто многу ми е криво што живееме во време каде се храниме со дезинформации и шпекулации, а тоа е нешто што најмалку треба во вакви ситуации. Од вчера до денес едно милијарда глупости беа кажани и напишани во медиумите, а замислете само колку семејства има што чекаа инфо каде им е детето, братучедот, братот, сестрата и слично, а на интернет некој бомбардира со неточни информации и лаги, ХК ПУ. Затоа и им реагирав на ликови како Рон и Војаџер, не дека ми сметаат нешто или дека ги мразам, ама стварно не е моментот да се праиме паметни и да изиграваме дрвени адвокати, едно е Украина, Америка, Сирија, Израел темите, таму колку сакате трескајте и пишувајте, ама овде се работи за наши луѓе што преживаа траорна несреќа.

Знам дека е клише муабет, ама ако после ова не ни се крене свеста како народ за да ги угасиме канцерогените поставки во системот тогаш и не треба да постоиме како држава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom