Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Eve so kakvi delite vozduh dolu, eve sto mu e bitno.
Samo edna nuklearka, moze i takticka posto ne e mnogu zemja.
Ако ова се однесуваше на мене, тогаш тоа не беше целта на постот, туку гледам претходно некои споделуваа скриншотови од некои наводно албански интернет тролови каде наводно се “радуваат“ на несреќата и трагедијата. Интернет трпи секакви лудаци и простаци, кои пишуваат секакви простачки работи на социјалните мрежи и на таквите не треба да им се дава на внимание.

Реалноста е сосема друга. Тоа сакав да кажам. Андреј израсна со Албанци и Торбеши и редовно си доаѓал во Дебар кога имал слободно време. Немам сомнеж дека многу Дебарчани ќе го испратат на погребот.

Нека почиваат сите во мир.
 
Последно уредено:
Амбасадата на Република Бугарија во Скопје ги известува членовите на потесните семејства на жртвите од трагедијата во Кочани, кои се лекуваат во Софија, Пловдив и Варна, дека Бугарија е подготвена да им обезбеди превоз и сместување за потребниот период на лекување.
Ги замолуваме да се обратат во Амбасадата на следните телефонски броеви:
+389 2 32 29 444; +389 2 32 46 491
+389 75 280 013 /мобилен/, стои во соопштението на Амбасадата на Република Бугарија

 
Последно уредено:
Има ли некаква информација за децава што се однесени на лекување во соседните држави? Каква им е состојбата? Дали се добри?
 
Има ли некаква информација за децава што се однесени на лекување во соседните држави? Каква им е состојбата? Дали се добри?
Повеќето од нив се во тешка состојба...
 
На вакви трагедии секогаш се појавуваат најгнасните некрофилски профитери и партиски невладини паразити желни за внимание и промоција задскриени зад маската на хуманост и емпатија.

Ете читам се спремале и да протестираат то ест да “пумпаат“ и да создаваат политичка криза.

Колкави се шансите да потпалат наивни студенти и средношколци и да произведат криза?
 
Има ли некаква информација за децава што се однесени на лекување во соседните држави? Каква им е состојбата? Дали се добри?

Точна временска нема, ама сите што се пратени надвор се едни од најкритичните (изгореници или труење)
 

Значи не е само таа лиценца 2023/2024, кажува имало и понова лиценца , издадена 2024??? менаџерите на музичари и артистите треба да бараат лиценца, исто како и туристи и патници, т.е. правните субјекти треба секогаш да прикажуваат на веб сајтот податок за Лиценца...
А инспекциите треба да контролираат дали се валидни или фалсификат, т.е. не се поткрепени со потребни документи...
Ова работа не е од вчера, таму се Нелегално одржани дузини настани, небитно е кога се случила трагедијата... Слично и за автобус, ако со години не е правилно одржуван, кога тогаш се случува трагедија, се треба да се истражи и сите кој работеле незаконски да одговараат, не само инволвирани во моментот на инцидентот....
 
Какви се информациите за вториот член на ДНК? Некој пишал на Фејсбук дека повторно бил во тешка состојба и прикачен на респиратор.
 
Точна временска нема, ама сите што се пратени надвор се едни од најкритичните (изгореници или труење)
90сетина се во болниците во Македонија додека 40сетина се надвор од државата, да се молиме и надеваме на добри вести.
 
Она што дооплнителни плаши е што вакви штали се регистрирани како клубови низ цела држава во 90% од случајите. И не ти требаат прскалици за пожар, еден краток спој со застарена инсталација ете не пак на темава. Само Господ не чувал до сега изгледа знаејќи колку сме аљкави ко народ за такви работи и колку не сакаат газдите да вложат напор и пари во нешто што не е видливо со око за да продадат повеќе. Во 9 од 10 случаи ќе инвестираат прво во бина и озвучење/расвета отколку во материјали на изработка и безбедност.
 
Јас сум длабоко убеден дека најголем дел од нив ќе ги стабилизираат во болница, но колку од нив утре ќе бидат психо-физички способни за живот.

Сепак тоа се изгореници од прв степен, оштетени органи, изгорени лица, вратови. Уф, страшно, страшно....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom