Треба маса народ на улици и да ги снема и сдс и дпмне.
Без навреда, ама мене ваквите муабети ми се најглупи, ама баш најглупи. Добро не сфаќате дека ДПМНЕ, СДС, Македонија, држава, партија и тн се апстрактни поими?! Значи нешто што физички не постои, нема состав, нема материја, постои само како поим.
Луѓето се проблем, луѓето, менталитетот. И да престанат да постојат вмро и сдс и да дојдат нови партии повторно ќе е истото затоа што луѓето се исти, дали партиите ќе се викаат сдс/вмро или поинаку повторно ќе е исто затоа што луѓето се тие.
Како народ немаме доблест како карактерна особина и немаме совест и пресметливост, не размислуваме долгорочно, не размислуваме за последици, не размислуваме за нашите акции, само од денес за утре гледаме.
„Абе брат дај стај потпис дека се е по пропис, чудо големо“. Е тоа е менталитетот на народот и после се чешаме кога ќе се случи некое срање.
Јас никогаш не можам да сфатав како не може некој да го пика носот кајшто не го збира и да работи нешто за коешто не е кадарен на пример некој да бара врски за да стане доктор. Абе одговорна работа ќе имаш, ќе убиеш некого, ќе го носиш на душа, и најјаките врски да ги имаш сам треба да одбиеш или некој што физички не е способен да оди во полиција, како што има многу во државава. Работата не е заебанција, ќе има тепачка со криминалци, ќе те прекршат од ќотек. Овие работи навистина не можам да ги сфатам, како можат луѓево да не гледаат подалеку од носот, а за жал е слика и прилика на народот тука.