Пожар во Кочани, диско Пулс.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.743
Поени од реакции
60.163

За ова да се нарече дискотека треба да се поминат следните институции:

1. Издавање на лиценца за работа:

• Министерство за економија – Издава лиценца за вршење угостителска дејност за ноќни клубови, дискотеки, кабареа и други објекти од овој тип.

• Општините – Локалната самоуправа издава одобрение за работа, во зависност од урбанистичките и безбедносните услови.

2. Контрола и инспекциски надзор:

• Државен пазарен инспекторат – Врши редовни и вонредни контроли за почитување на законите, како што се работното време, дозволениот број гости и условите за работа.

• Државен инспекторат за труд – Проверува дали вработените работат во согласност со трудовото законодавство.

• Инспекторат за животна средина (локално ниво) – Надгледува дали клубовите ја почитуваат регулативата за бучава и заштита на животната средина.

• Полиција (МВР) – Го контролира редот и мирот, проверува безбедносни мерки, влез на малолетници и дозволи за работа после полноќ.

• Противпожарна служба – Врши проверки на противпожарната заштита и евакуациските планови.
 
Член од
1 јануари 2025
Мислења
149
Поени од реакции
426
Нека ме банираат. Еве кој е модератор јас одобрувам. Направив огромна грешка у проценка и искрено жал ми е. Така да мислам дека не сум за овде веќе.
Ne ti e ni prv ni posleden pat, na sekoja tema komentiras i se drznuvas arogantno da lepis etiketi i se ponasas kako debil, mislam ti si i debil, ne me sfakaj pogresno ama treba da razberes deka zivotot e mnogu povekje od detska soba i lepche na masa od mama i tato. Voopsto ne si za ban od temava, za ban od forumot si so ogled za kakov pacov od covek se raboti.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
7.013
Поени од реакции
41.634
А бе друже, за најобичен глуп документ со рок на издавање истиот ден чекав 5 дена.Не побарав никого на тел. иако имав тројца познати од кои еден баш, баш близок во таа институција, да ја наречам.
Е сега отпосле будала ме нарекоа сите тие тројца дека не сум ги побарал.Систем дно.
Јас разбирам зашто се бараат врски, затоа што и тие таму што работат, работат само за завршат работа на некој нивни комшија што им се јавил за да побара услуга за негов роднина. Ме сваќаш? Зачаран круг без крај. Затоа и ти си чекал 5 дена, бидејќи не дошол на ред твојот предмет од овие работи.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.639
Поени од реакции
20.199
Чекајте малце, министерот вика дека полицаецот кој починал кој бил на должност вечерта, да спроведи ред за да не има малолетни и дрога, требало да биди одликуван за добри дела претходно, како еден добар полицаец.
Како тоа да бил одликуван а не виде дека пола дискотека е полна со малолетници и има отповеќе луѓе внатре ?
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.601
Поени од реакции
29.407

А, ти како го замислуваш сценариото, 1 полицаец со 1500 деца, како иде спроведувањето тука?
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.350
Поени од реакции
4.707
Сите се они ок ликови, за на пиво и заебанции. Се додека не може да размислат они и тие до нив или кој и да е одговорен од дискотеката абе чекај пиротехникава да не заебе нешто 1500 луѓе игла нема кај да фрлиш
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.639
Поени од реакции
20.199
А, ти како го замислуваш сценариото, 1 полицаец со 1500 деца, како иде спроведувањето тука?
Ако сум на должност ќе пријавам дека ништо не функционира според протокол во дискотеката, просто едноставно
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.121
Поени од реакции
68.244
Јас разбирам зашто се бараат врски, затоа што и тие таму што работат, работат само за завршат работа на некој нивни комшија што им се јавил за да побара услуга за негов роднина. Ме сваќаш? Зачаран круг без крај. Затоа и ти си чекал 5 дена, бидејќи не дошол на ред твојот предмет од овие работи.
Едно е да побараш врски за побрзо да ти завршат работа. Сосема друго е да бараш да ти средат нешто што не е легално. Второто е криминал.

Би сакал да го разберам мајндсетот на тие луѓе што прифаќаат вакви работи. Као, нели разбираш дека ако биде пиздарија, дека ке идеш во затвор и дека луѓе ке носиш на совест? Друже, не е по закон, не можам ова да ти завршам, не е дека не сакам. Толку.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.969
Поени од реакции
57.765
Гнаса е оти се појавува политички да биде активен само кога има трагедија и избори во земјава. Без емпатија за жртви, без разум, тој од Тошковски бара оставка, он се знае не му треба истрага. Па дури и тука ги вреѓа членови што пробуваат нормална конверзација да имаат, ги омаловажува биле од вмро не знам шо.
Како можеш педериштево да го браниш и ти...
Исти курац сте и дел од симпатизерите на актуелната власт.

И тогаш одма се бараше одговорност од Филипче у 2021 за болницата - и тоа е во ред и така треба!

Секогаш треба да се бара одговорност од институции и функционери, затоа што они се директни виновници за вакви трагедии.

Не треба да се бранат истите и да се трга вина под наравите “што можеле они да направат“, тоа е проблемот на фиромов.

Сега тие што тогаш први бараа одговорност, викаат абе не го злоупотребувајте случајов за политички поени. Подеднакво лошо се злоупотребата за политички поени и ќутенката. А сеа има ќутенка затоа што моите се на власт.

Не е ова фудбалска утакмица па има гол од офсајд па ајде ќе го бранам мојот тим.

Ова е најголемата трагедија у историјата на државава.

Овде мора да има ланчана одговорност исто како што мораше да има и за претходните трагедии. Дали ќе има? Тешко.

Причината за настанувањето на срањето е огномет, ама тоа не е единствената причина за толкав број на жртви.

Милион работи се погрешни за овој геноцид во Кочани. Огнометот, квалитетот на објектот, заппаливоста на матерјалот, излезите за евакуација, пп апарати.. Све е погрешно.

Да не пуштеа пиротехника у локалот, немаше да се запали.
Да беше таванот плоча а не стиропор, немаше да се запали така брзо.
Да имаше доволно излези, немаше да има стампедо и повеќе луѓе ќе се спасеа.
Да имаше асална полиција (а има повеќе од доволно полиција у државава) ќе влегоа и ќе го испразнеа објектот ради пренатрупаност.
Да имаше контрлолни инспекции, објектот не би ни работел.

Барем една работа од тие да беше спроведена, ќе беше намален бројот на погинати.

А да не почнуваме па од подготвеноста на државава да се справи со вакви работи. Во болницата во Кочани немало ни доволно кислород, ни доволно опрема а ни кадар. Да имало бар неколку луѓе би се спасиле. Тука го занемаруваме и фактот дека многу деца погинаа затоа што НЕМАМЕ УСЛОВИ ЗА БРЗА ПОМОШ. Да им се помогнело, можеби немале да подлегнат на траумата.

Не ги обвинувам тука луѓето што помагале, толку опрема имаат...

Еве сеа и дел од повредените ќе ги праќаат во странство, пошто сме неспособни.

Ова не се жртви од земјотрес или поплава. Ова се жртви од непочитување на прописите. Прописи и закони има, никој од нас не ги почитува.

Морална одговорност кај политичар кај нас е мисловна именка. Затоа мора да има увек барања за одговорност. И да, и протести треба да има, дури и ако не сменат ништо тие, пошто од ќутенката сигурно нема нешто да се смени.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.383
Поени од реакции
7.171
Чекајте малце, министерот вика дека полицаецот кој починал кој бил на должност вечерта, да спроведи ред за да не има малолетни и дрога, требало да биди одликуван за добри дела претходно, како еден добар полицаец.
Како тоа да бил одликуван а не виде дека пола дискотека е полна со малолетници и има отповеќе луѓе внатре ?
и сега треба да ти објаснува некој дека ако бил службено имал задача,дали да прати сомнителни лица или да гледа дали има некаква трговија со забранети супстанци итн итн
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.984
Поени од реакции
17.229
Во Скопје се најстроги и највеќе се почитуваат стандардите за дискотеки и ноќни клубови. Во останатите помали средини е башибозук највеќе поради тие пријателско-роднински врски каде секој со секого е близок.
Зи за многу други работи е така, нерегистрирани возила, инспекции за храна итн...
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.639
Поени од реакции
20.199
и сега треба да ти објаснува некој дека ако бил службено имал задача,дали да прати сомнителни лица или да гледа дали има некаква трговија со забранети супстанци итн итн
Тој бил таму и да не дозволи малолетници не само за дрога.
А и општо полицаец е, на службена задача, гледам дека ништо не е како што треба пријавувам.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.668
Поени од реакции
29.506

...слична трагедија се случила во дискотека во Романија за време на концертот Colectiv во дискотека, присутни 400 млади сместени во подрум каде од пиротехника се запалила целата дискотека, 60 млади мртви, 150 повредени, само пеачот од групата се спасил, голема трагедија, еве документарец со македонски превод,

слично со трагедијата во Кочани, почеток, пренатрупани млади над илјада во Кочани?
Не знам покултурно и посуптилно како да се изразам.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.092
Поени од реакции
117.325
Чекајте малце, министерот вика дека полицаецот кој починал кој бил на должност вечерта, да спроведи ред за да не има малолетни и дрога, требало да биди одликуван за добри дела претходно, како еден добар полицаец.
Како тоа да бил одликуван а не виде дека пола дискотека е полна со малолетници и има отповеќе луѓе внатре ?
Свесна си дека идеш накај Рон и Војаџер левел со ваков вид постови? На што ти личи полицаецот, на Бетмен? Тој имал задача да лови неовластена трговија и продавање на наркотици, не може 3838282 работи да спроведе во иста вечер. Аман како може вакви заклучоци да си носите, како не видел дека имало повеќе луѓе во дискотеката :tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom