Пожар во Кочани, диско Пулс.

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.415
Поени од реакции
22.063
Сега по фирмиве секаде се проверува и се контролира ПП опрема, не од причина да не добие просторот иконографија како 9-от круг од пеколот, туку казна да не се плати...
Или народски кажано, им тече низ ногавици да не изедат казна.


Ѓорѓиевски: Вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата
Во голем број од општините детално се проверуваат училиштата, градинките, спортските сали, културните домови, но и сите угостителски објекти и други места каде секојдневно се собираат наши граѓани.

Ова денеска го потенцираше претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на заедничката прес-конференција со директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје, Небојша Настов и портпаролите на Владата, Марија Митева и Венера Љатифи Азизи.

Подвлекувајќи дека особен акцент е ставен на објектите во кои престојуваат деца и млади, Ѓорѓиевски истакна дека инспекциските контроли ќе бидат континуиран процес и во наредните недели и месеци систематски ќе се проверуваат сите објекти во државата, со цел сите јавни и приватни објекти каде се собираат луѓе, било да се образовни, здравствени институции, спортски или културни објекти или угостителски локали, да бидат безбедни.

Тој нагласи дека е воспоставена тесна и силна координација со Владата и лично со претседателот на Владата, од првиот момент по несреќата во Кочани, со единствена цел брза и усогласена акција за надминување на состојбата.

Предизвик, според него, претставува недоволниот број инспекциски служби, особено во помалите општини. Ѓорѓиевски информираше дека во Општина Кисела Вода имало двајца инспектори за домување, а во многу од општини, како што рече, нема инспектори за домување, немаат градежни инспекции, комунални инспектори. Тоа, истакна, ќе мора заеднички да го решаваме во наредниот период ќе се спроведе меѓуопштинска соработка.

Градоначалникот Ѓорѓиевски посочи дека ЗЕЛС ја презема улогата на координатор на сите активности на локално ниво, за меѓусебна помош и споделување на ресурсите и знаењата. Инспекциските капацитети, најави тој, ќе се стават на располагање таму каде има потреба за да може секоја општина темелно да ги провери сите објекти на својата територија.

Во поголемите општини, како што рече на прес-конференцијата Ѓорѓиевски, веќе се спроведуваат детални контроли на објектите, документацијата на објектите и почитувањето на сите безбедносни стандарди. Се внимава дали објектите имаат исправна протипожарна опрема и функционални противпожарни хидранти, дали електринчните инсталации се безбедни и соодветно одржувани, постојат ли јасно обележани и функционални евакуациони патеки и планови, како и дали се поседуваат сите потребни документи и безбедноси елаборати.

- Ќе има нулта толеранција за евентуалните неправилности. Ќе се преземаат решителни мерки согласно надлежностите на локалната самоуправа, рече Ѓорѓиевски и ги повика граѓаните ако забележат небезбедни услови да ги пријават.

Ѓорѓиевски најави дека утре ќе има седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која се поканети градоначалници на поголемите општи во државата, а ќе се направи детален пресек за состојбата во општините.

Во Кисела Вода, информиаше, во сите градинки, училишта, спортски сали и Домот на културата, се извршени проверки, и нема утврдено аномалии односно се е исправно.

- Во строга контрола влегуваме и во станбените згради, каде треба да има соодветна хидрантска мрежа, скали за пожар и да ги исполнуваат основните елементарни услови. Во Кисела Вода изминатата недела се проверни околу 40 згради, постарите згради кои се градени после земјотресот, таму не се исполнуваат стандардите. Таму ќе треба да се остави простор куќните совети да си преземат дејствија, ако не ќе си преземеме активност и ќе ги казниме истите. Ние мора да воспоставиме систем и ред во оваа држава, рече градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Ѓорѓиевски.

Николоски: Одземени 427 лиценци на градежни фирми кои го заобиколувале законот
427 фирми во секторот градежништво ќе останат без лиценца поради неисполнување на законски услови за работа. Најмногу лиценци ќе бидат одземени во делот на изведуваачи на градба во Б категорија каде што влегуваат и станбени згради , односно се што не е врвен државен објект. Министерот за транспорт Александар Николоски, во телевизиско интервју посочи дека се проверуваат сите издадени лиценци, кои се над 3000 во Македонија, а анализата ќе биде завршена во вторник кога со име и презиме ќе бидат објавени тие на кои ќе им биде одземена лиценцата. Ќе се испрати и допис до сите засегнати страни кои работат со фирмата за да се знае дека правното лице нема дозвола за работа.

Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над 3000 лиценци. Скоро сите се прегледани. До денес прегледавме 2810 лиценци, а бројката на одземени лиценци е 427. Тие се однесуваат во делот на градба, надзор, проектирање, изработка на детални урбанистички планови. Најголемата е бројката на изведувачи на градба во Б категорија, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Клучните причини за одземање на лиценците се недостаток на стручен кадар и одредени типови градежни машини. Она што се забележува како шема во функционирањето на компаниите, е дека до моментот на добивање на лиценцата, фирмите ги исполнувале неопходните услови, но потоа работите се менуваат. Имало случаеви на пријавување вработени, па одјавување на истите откако ќе се добие лиценцата, или пак исто лице фигурирало во повеќе фирми. За да се елиминираат ваквите изигрувања на системот, Николоски најави законски измени со кои ќе има контроли на секои шест месеци, но и одземање на лиценцата веднаш штом ќе биде донесена одлуката

Ќе одиме со законски измени со кои ова ќе стане пракса, а не добра волја на министерот и вработените. Клучниот проблем е прашање на менталитетот. За сите овие 427 лиценци кои ние ги одземаме во моментот кога поднесувале документи ги исполнувале сите услови. Тоа е едно изигрување на системот, како што вели народот „Да се снајдам“…….Првиот дел од законските измени ќе ги поднесам веќе во вторник на Влада, ќе биде да е обврска на секој шест месеци да има вакви контроли……. Мојот предлог на измени на закон ќе биде жалбата да не го одлага извршувањето односно лиценцата веднаш се одземе, а после тоа да имаат право да се жалат. Оние кои ќе ја изгубат лиценцата најмалку една година нема да можат да аплицираат повторно, рече Николоски.

Следен чекор кој ќе биде преземен од Владата е да се проверат сите градби и секаде каде што учествувале фирмите кои сега се без лиценца, најави Николоски. Инаку, Владата со засилена акција во сите сектори ги проверува сите издадени лиценци и областувања.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
14 октомври 2021
Мислења
191
Поени од реакции
454
Комшијава што ги имаше запоседнато помошниве скали за шпајз, фати и испразни све уште во вторникот. :icon_lol:
Ама така и треба да биде. Комшии до мене имаат цело такво за чевли, за чадори, 3 точака и 1 количе, на што личи тоа? тоа што е надвор од БИЛО ЧИВ СТАН Е ЗАЕДНИЧКО. И да е пред ваш стан, не е ваше да окупирате. Ако некој нема место нека се снајде. Еден на Твитер имаше пишано, кај да го ставам сега точакот, ај ако не и колата качи ја?
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.736
Поени од реакции
2.867
Ама така и треба да биде. Комшии до мене имаат цело такво за чевли, за чадори, 3 точака и 1 количе, на што личи тоа? тоа што е надвор од БИЛО ЧИВ СТАН Е ЗАЕДНИЧКО. И да е пред ваш стан, не е ваше да окупирате. Ако некој нема место нека се снајде. Еден на Твитер имаше пишано, кај да го ставам сега точакот, ај ако не и колата качи ја?
кој ке видиш пред врата кондури и други инструменти во станбена зграда или куќа ке сватиш одма шо фамил живее таму
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.415
Поени од реакции
22.063
Исечок од КОД околу поткупот што го платил газдата за лиценцата.

 
Член од
14 октомври 2021
Мислења
191
Поени од реакции
454
Нормална фамилија.
Да кај вас тоа. Другите имаме дома сандаче, ормар, било што, внатре дома. Ако немаш место тоа е само твој проблем.
 

filjandecko

Komandant benzini-HAVUZ
Член од
5 мај 2012
Мислења
351
Поени од реакции
409
Се отвара фирма во Источниот дел за ова мораш да имаш противпожарен инжињер и истиот (околу 50год возраст) за тоа зема знаење на Светиниколскиот универзитет(штанцана). Почнува да врши дејност со луѓе кои цел живот се бават со сосема трето али тоа е небитно оти се врзале со инспекторчиња па ако не ги викнеш нив ке ти се закачат они на вратот а колку се стручни за да ги проверат апаратите тоа бог нек е на помош
Проблемот е што повеќето луѓе секако нема да научат па затоа и потојат регулативите за персоналот... По истата логика не мора да знаеш да управуваш со Боинг 747 кога патуваш, ниту како се отвараат вратите за евакуација над крилата.

Пази не велам дека сам за себе не треба да знаеш. Само дека друг има и законска обврска, а ти само по свое убедување.
За секој случај посматрај како се затварат вратите на Боингот за да знаеш како се отварат во случај на потреба и најважно од се...ОСНОВНО ЖИВОТНО ПРАВИЛО во војна,швалерај,на одмор кога си и гостин кога си е да се лоцираш каде си и на кај е најдобро,најбезбедно да се повлечеш, избегаш..
 

KajzerS

Учителот од Кукуш
Член од
18 февруари 2015
Мислења
92
Поени од реакции
136
За секој случај посматрај како се затварат вратите на Боингот за да знаеш како се отварат во случај на потреба и најважно од се...ОСНОВНО ЖИВОТНО ПРАВИЛО во војна,швалерај,на одмор кога си и гостин кога си е да се лоцираш каде си и на кај е најдобро,најбезбедно да се повлечеш, избегаш..
Ok Џејсон Борн,ќе го имаме ова у предвид.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.987
Поени од реакции
22.306
Нормална фамилија.
Фамилија сс шес деца пуни сс мрсољи, муж што личи повише на дивокозу него на човека, жена умотана сс шаторско крило и горе на чело церада у вид на орелски кљун,унутра ентериер нешто налик капали чаршија и шаренило како кафкаска јамбулија, а пред врата разгазени патике на пету и гејша папучке што смрдиф до таван...

Ако е тој нормална фамилија?
Ондак океј.

Извињавајте за офтопик.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.736
Поени од реакции
2.867
Кога ја праев куќата пред .... планот мој беше секоја врата отварање на НАДВОР за во случај на пожар за полесно излегување....сите се чудеа шо му текнало на овај,стално нешто посебно сакат,.......цела МКД на внатре ти обратно ,истиот глуп одговор го добивав и од 90 посто од фирмите шо продаваат и монтираат врати....Нејсе ...затоа совет сите шо градите куќи ,отварате бизниси кафичи ресторани дискотеки вратите отварање на надвор,ова е еден дел од сигурноста да не дојдими до вакви несакани работи ,да делуваме превентивно
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.762
Поени од реакции
11.939
За секој случај посматрај како се затварат вратите на Боингот за да знаеш како се отварат во случај на потреба и најважно од се...ОСНОВНО ЖИВОТНО ПРАВИЛО во војна,швалерај,на одмор кога си и гостин кога си е да се лоцираш каде си и на кај е најдобро,најбезбедно да се повлечеш, избегаш..
Па да почнеме да анализираме и по гости кога идеме куќите какви се да не паднат врз нас исто и колите кои ни доаѓаат отспротива дали се исправни…
Али тоа веќе некои го нарекуваат параноја
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.965
Поени од реакции
12.649
Кога ја праев куќата пред .... планот мој беше секоја врата отварање на НАДВОР за во случај на пожар за полесно излегување....сите се чудеа шо му текнало на овај,стално нешто посебно сакат,.......
Баш прееска тоа го зборевме. Во сфрј тоа беше препорака, нанадвор отварање. На началството на санитет на СРМ една од обврските им беше да обезбедуваат норми за безбедност и заштита и на цивилни објекти при непогоди. И тоа е точно потенцирано, отварање на вратите нанадвор, а се знае зошто.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.059
Поени од реакции
13.004
Кога ја праев куќата пред .... планот мој беше секоја врата отварање на НАДВОР за во случај на пожар за полесно излегување....сите се чудеа шо му текнало на овај,стално нешто посебно сакат,.......цела МКД на внатре ти обратно ,истиот глуп одговор го добивав и од 90 посто од фирмите шо продаваат и монтираат врати....Нејсе ...затоа совет сите шо градите куќи ,отварате бизниси кафичи ресторани дискотеки вратите отварање на надвор,ова е еден дел од сигурноста да не дојдими до вакви несакани работи ,да делуваме превентивно
Зарем ова не е законски регулирано?
Тука сите врати се отвараат нанадвор, дури и во становите влезните врати се огноотпорни до некој степен.
Ама се си мислам дека вакво нешто сум прочитала и за Мк, дека постои како регулатива.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.736
Поени од реакции
2.867
Зарем ова не е законски регулирано?
Тука сите врати се отвараат нанадвор, дури и во становите влезните врати се огноотпорни до некој степен.
Ама се си мислам дека вакво нешто сум прочитала и за Мк, дека постои како регулатива.
мојата надворешна е огноотпорна 140 кг 1400 е
да не ја потценуваме македонија законски,имат добри закони проблемот е народот од 1998 г наваму владее турско /арапски башибузук на сите полиња.....требит да се доселат јапонци во мкд или д...... у...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom