Con Artist
the man with the key
- Член од
- 1 мај 2012
- Мислења
- 5.415
- Поени од реакции
- 22.063
Или народски кажано, им тече низ ногавици да не изедат казна.Сега по фирмиве секаде се проверува и се контролира ПП опрема, не од причина да не добие просторот иконографија како 9-от круг од пеколот, туку казна да не се плати...
Ѓорѓиевски: Вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата
Во голем број од општините детално се проверуваат училиштата, градинките, спортските сали, културните домови, но и сите угостителски објекти и други места каде секојдневно се собираат наши граѓани.
Ова денеска го потенцираше претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на заедничката прес-конференција со директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје, Небојша Настов и портпаролите на Владата, Марија Митева и Венера Љатифи Азизи.
Подвлекувајќи дека особен акцент е ставен на објектите во кои престојуваат деца и млади, Ѓорѓиевски истакна дека инспекциските контроли ќе бидат континуиран процес и во наредните недели и месеци систематски ќе се проверуваат сите објекти во државата, со цел сите јавни и приватни објекти каде се собираат луѓе, било да се образовни, здравствени институции, спортски или културни објекти или угостителски локали, да бидат безбедни.
Тој нагласи дека е воспоставена тесна и силна координација со Владата и лично со претседателот на Владата, од првиот момент по несреќата во Кочани, со единствена цел брза и усогласена акција за надминување на состојбата.
Предизвик, според него, претставува недоволниот број инспекциски служби, особено во помалите општини. Ѓорѓиевски информираше дека во Општина Кисела Вода имало двајца инспектори за домување, а во многу од општини, како што рече, нема инспектори за домување, немаат градежни инспекции, комунални инспектори. Тоа, истакна, ќе мора заеднички да го решаваме во наредниот период ќе се спроведе меѓуопштинска соработка.
Градоначалникот Ѓорѓиевски посочи дека ЗЕЛС ја презема улогата на координатор на сите активности на локално ниво, за меѓусебна помош и споделување на ресурсите и знаењата. Инспекциските капацитети, најави тој, ќе се стават на располагање таму каде има потреба за да може секоја општина темелно да ги провери сите објекти на својата територија.
Во поголемите општини, како што рече на прес-конференцијата Ѓорѓиевски, веќе се спроведуваат детални контроли на објектите, документацијата на објектите и почитувањето на сите безбедносни стандарди. Се внимава дали објектите имаат исправна протипожарна опрема и функционални противпожарни хидранти, дали електринчните инсталации се безбедни и соодветно одржувани, постојат ли јасно обележани и функционални евакуациони патеки и планови, како и дали се поседуваат сите потребни документи и безбедноси елаборати.
- Ќе има нулта толеранција за евентуалните неправилности. Ќе се преземаат решителни мерки согласно надлежностите на локалната самоуправа, рече Ѓорѓиевски и ги повика граѓаните ако забележат небезбедни услови да ги пријават.
Ѓорѓиевски најави дека утре ќе има седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која се поканети градоначалници на поголемите општи во државата, а ќе се направи детален пресек за состојбата во општините.
Во Кисела Вода, информиаше, во сите градинки, училишта, спортски сали и Домот на културата, се извршени проверки, и нема утврдено аномалии односно се е исправно.
- Во строга контрола влегуваме и во станбените згради, каде треба да има соодветна хидрантска мрежа, скали за пожар и да ги исполнуваат основните елементарни услови. Во Кисела Вода изминатата недела се проверни околу 40 згради, постарите згради кои се градени после земјотресот, таму не се исполнуваат стандардите. Таму ќе треба да се остави простор куќните совети да си преземат дејствија, ако не ќе си преземеме активност и ќе ги казниме истите. Ние мора да воспоставиме систем и ред во оваа држава, рече градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Ѓорѓиевски.
Николоски: Одземени 427 лиценци на градежни фирми кои го заобиколувале законот
427 фирми во секторот градежништво ќе останат без лиценца поради неисполнување на законски услови за работа. Најмногу лиценци ќе бидат одземени во делот на изведуваачи на градба во Б категорија каде што влегуваат и станбени згради , односно се што не е врвен државен објект. Министерот за транспорт Александар Николоски, во телевизиско интервју посочи дека се проверуваат сите издадени лиценци, кои се над 3000 во Македонија, а анализата ќе биде завршена во вторник кога со име и презиме ќе бидат објавени тие на кои ќе им биде одземена лиценцата. Ќе се испрати и допис до сите засегнати страни кои работат со фирмата за да се знае дека правното лице нема дозвола за работа.
Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над 3000 лиценци. Скоро сите се прегледани. До денес прегледавме 2810 лиценци, а бројката на одземени лиценци е 427. Тие се однесуваат во делот на градба, надзор, проектирање, изработка на детални урбанистички планови. Најголемата е бројката на изведувачи на градба во Б категорија, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Клучните причини за одземање на лиценците се недостаток на стручен кадар и одредени типови градежни машини. Она што се забележува како шема во функционирањето на компаниите, е дека до моментот на добивање на лиценцата, фирмите ги исполнувале неопходните услови, но потоа работите се менуваат. Имало случаеви на пријавување вработени, па одјавување на истите откако ќе се добие лиценцата, или пак исто лице фигурирало во повеќе фирми. За да се елиминираат ваквите изигрувања на системот, Николоски најави законски измени со кои ќе има контроли на секои шест месеци, но и одземање на лиценцата веднаш штом ќе биде донесена одлуката
Ќе одиме со законски измени со кои ова ќе стане пракса, а не добра волја на министерот и вработените. Клучниот проблем е прашање на менталитетот. За сите овие 427 лиценци кои ние ги одземаме во моментот кога поднесувале документи ги исполнувале сите услови. Тоа е едно изигрување на системот, како што вели народот „Да се снајдам“…….Првиот дел од законските измени ќе ги поднесам веќе во вторник на Влада, ќе биде да е обврска на секој шест месеци да има вакви контроли……. Мојот предлог на измени на закон ќе биде жалбата да не го одлага извршувањето односно лиценцата веднаш се одземе, а после тоа да имаат право да се жалат. Оние кои ќе ја изгубат лиценцата најмалку една година нема да можат да аплицираат повторно, рече Николоски.
Следен чекор кој ќе биде преземен од Владата е да се проверат сите градби и секаде каде што учествувале фирмите кои сега се без лиценца, најави Николоски. Инаку, Владата со засилена акција во сите сектори ги проверува сите издадени лиценци и областувања.