Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
5 јуни 2013
Мислења
90
Поени од реакции
556
Оваа бројка е еднакво на геноцид за таков мал град и регион каде што млади има многу малку. 50+ загинати и илјадници фамилии со скршено срце и изгубена мотивација за живот затоа што нивно дете брат сестра роднина не се веќе тука.
Катастрофа која што ќе го докрајчи тој регион и луѓето само ќе гледаат да си ги спакуваат куферите и тие малку што останаа.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
556
Поени од реакции
1.906
Aх бе другар, луѓево убедени дека ако го сментат Мицко, Заев Рајко Трајко Петко, дека системот магично ке почне да функционира. Ние 2 децении сме дозволиле да се поткопува државата, и тука проблемот го наоѓам во тој трет, четврт ешалон на власта.

Сигурно Мицко или Заев не му кажале на тој кретенот во Кочани да ја потпише лиценцата за работа. После Друмо, истата мисла од погоре, сега ке се стегнат работите со превозот. Секој ден некаде се запалува по еден автобус на ЈСП, фала богу што нема жртви. Овој Дурмо пак го фатија без некоја лиценца, само овој пат во новорегистрираната фирма.

Нажалост, не гледам како ке се реши случајот со корупцијата, зашто е распростанета на сите нивоа. Ако го смениш Премиерот, кој и да е, уште 7 нивоа под него зимаат мито. И тоа се луѓе кои исто, како двата примера погоре, потпишуваат дозволи за места каде што има огромна фрекфренција на луѓе. Нас ни треба целосно нова администрација, тренинг за да разберат каква одговорност носи нивниот потпис, и највисоки казни за корупција.

Замисли, само замисли, детето на тој дебилот што дал дозвола ова да се користи како дискотека, да било синоќа внатре. Само тогаш би разбрал како им е на другите родители. Него ајде, ко што пишаа погоре, не е време за политика. Ке се има доволно време да се користи настанов за добивање политички поени.
Не можеш багра со тренинг да смениш. Додека имаш судство кое за убиства дава тривијални казни и ослободителни пресуди вака ќе биде. Нема никаков страв од реперкусии за криминал. На секој му пречи корупцијата, ама туѓата, својата не ја ни перцепираат, така треба да биде.
Кога бев на пракса или вежби еднаш, не ми текенува. Една лекарка коментираше нешто за корупција во судство и слично. И една од сестрите постари со оштар јазик и одговори нешто во смисла,па добро треба земањето мито да го искоренеме од сите бранши, колку лекари, професори земаат мито. И лекарката : ,,Па што да правиме кога се мали платите? Не возможно е крај со крај да сврзат без тоа мито. Знаеш колку зема доктор во Америка?".
Се е кажано со ова.:unsure:
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.397
Поени од реакции
9.043
Се кладам дека тие прскалките воопшто не ги ни тестирале како сè би изгледало и функционирало тоа во тој простор. Веројатно ги позајмиле од некоја од тие агенциите што позајмуваат тој тип опрема за концерти, настани, дискотеки, му рекле на тој што им ги донел да ги монтира некаде околу бината и тоа е тоа...
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.882
Поени од реакции
4.413
Се кладам дека тие прскалките воопшто не ги ни тестирале како сè би изгледало и функционирало тоа во тој простор. Веројатно ги позајмиле од некоја од тие агенциите што позајмуваат тој тип опрема за концерти, настани, дискотеки, му рекле на тој што им ги донел да ги монтира некаде околу бината и тоа е тоа...
Za ova nejkam da spekuliram, ama mozno e istite prskalki da se postaveni od strana na DNK, istite prskalki gi vidov na novogodisniot koncert vo K.Voda i na koncertot sto go imaa vo Stanica 26 pred skoro.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.978
Поени од реакции
17.228
Родители пуштиле деца од 14г во дискотека, во 03ч :confused:
А знам на времето комшии платија казна бидејќи малолетниот син, без лична карта бил сам надвор во 23ч и тоа блиску до зградата
 
Последно уредено:

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.650
Поени од реакции
7.786
За ова да се нарече дискотека треба да се поминат следните институции:
1. Издавање на лиценца за работа:
• Министерство за економија – Издава лиценца за вршење угостителска дејност за ноќни клубови, дискотеки, кабареа и други објекти од овој тип.
• Општините – Локалната самоуправа издава одобрение за работа, во зависност од урбанистичките и безбедносните услови.
2. Контрола и инспекциски надзор:
• Државен пазарен инспекторат – Врши редовни и вонредни контроли за почитување на законите, како што се работното време, дозволениот број гости и условите за работа.
• Државен инспекторат за труд – Проверува дали вработените работат во согласност со трудовото законодавство.
• Инспекторат за животна средина (локално ниво) – Надгледува дали клубовите ја почитуваат регулативата за бучава и заштита на животната средина.
• Полиција (МВР) – Го контролира редот и мирот, проверува безбедносни мерки, влез на малолетници и дозволи за работа после полноќ.
• Противпожарна служба – Врши проверки на противпожарната заштита и евакуациските планови.
Ако сите овие потпишале ова да може да работи ко дискотека тогаш може да се самораспуштиме ко држава. Сепак, некој потпиша за автобусот дека беше исправен, некој потпиша дека модалната беше безбедна. Некој оваа шупа ја има легализирано ко диско.
Корупцијата, партиската благодарност, "јас ќе ти средам брат" ликови и сите останати небитни клошари кога ќе се обесат на државна цицка и глумат величина ја закопаа државата. Неуки, дрски, неморални и комплетно незапознаени со етика луѓе работат на позиции кои треба да ни гарантираат стандарди и безбедност во градби, во транспорт, сегде, на сите нас. Ќе средиме брат. Еве средивте.

-преземено-
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.797
Поени од реакции
4.373

Од Обвинителството информираат дека петмина се приведени во врска со пожарот во дискотеката.
 
Член од
5 мај 2024
Мислења
113
Поени од реакции
171
Во скапанава такозвана држава не функционира ниту еден строг закон, ниту судство а на јаките ликови никој ништо не им може

Се деси Дурмо, па Бугарија автобусот, па модуларна во Тетово, до ден денес никој не лежи затвор. Се протестираше во Тетово за модуларна, присутни 30 души.
Ние сме станале таков џган од народ, било македонци или албанци што додека не допре до нас ништо не преземаме, и ќе си спиеме до наредна ваква трагедија.
Абе излези на улица се живо и диво запали, се додека не се испоапсат сите досегашни бараби што дишат воздух од слобода.

страшни трагедии за вакво мало место
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.864
Поени од реакции
35.865
каква врска имаат политичарите со ова? Ете пиша и сам дека пиротехниката е на днк. Ако некој е крив, тогаш ваљда е тој што проценил дека тоа може да прска на таа сцена.
Најкрив е тој што дал дозвола за дискотека во објект што нема 3+ излези со големи димензии и со јасни светлосни сигнали за лоцирање на тие излези... Гарант да направат ревизија на таквите дозволи ќе најдат уште десетици ако не стотици такви несоодветни објекти.

Тоа е прво, противпожарните мерки се важни ама секундарни. Тука влага и едукација на персоналот за евакуација... Снимките покажуваат дека луѓево лагано си гледаат како пожарот се шири, наместо да излагаат. Извесно тек кога збукнал оганот почнале тепачките за излагање надвор. Излагање низ таа едната мала врата... ММЕ кој дал дозвола за собирање илјада+ луѓе онаму??
Автоматски споено мислење:

Како што разбрав моментално нема потреба болницата во Скопје од крв.

Информации од трансфузиологија
Баш се мислев да се јавам, иако нема ни 20-тина денови како последен пат дарував... И логично е што не им треба крв, изгореници имаат а не посекотини и слично. :-/
Автоматски споено мислење:

И ако после ова најстрого не забранат пиротехника во затворени објекти, не знам што да кажам... Имбецили!
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.298
Поени од реакции
5.573
После сето ова беззаконие кое владее кај власта околу издавањето одобренија „за ова„ и „за она„ а притоа никој од вклучените правни субјетки или физички лица не му ја мисли за последиците од тоа беззаконие, беше само прашање на време кога ќе се случи голема беља...ајде сега да видиме дали ќе биде истата приказна со славниот струен кабел од Зоќета...
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
1.020
Поени од реакции
1.576
Од кога ја примив веста се полнам со бес , гнев , тага , жал...
Се на куп измешано.

Единствено нешто што ми се врти во главава е што би можел да направам а верувам дека секој го мисли тоа на некој си начин..

Што да направиме за ова да се смени и вакви работи да не се повторуваат, а да не е палење и нереди и разноразни гомнарии?

Смилковско отидоа 5ца.
После нив само бројките се зголемуваат и на разноразни начини луѓе умираат од што не сме сериозни како народ..

Неможе во такви шупи да си прават такви журки.
Неможе наш народ да умира и точка!

Незнам како дури некои луѓе имаат сила за толку дискусија.

Си го правите сами животот да ви е мизерија.

Престанете да ќутите тие што мислите дека имате нешто да кажете , а патем да промените.
Незнам јас друго што да кажам после овој настан.
 
Член од
8 август 2013
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.126
Најискрено можно сочувство.

Мислам дека ова што ни се случува од време на време е порака за луѓето од оваа земја да се едуцираат и да се концентрираат на квалитетот на животот и да не се грижат за споредни работи.
 
Член од
31 мај 2019
Мислења
410
Поени од реакции
1.254
Во скапанава такозвана држава не функционира ниту еден строг закон, ниту судство а на јаките ликови никој ништо не им може

Се деси Дурмо, па Бугарија автобусот, па модуларна во Тетово, до ден денес никој не лежи затвор. Се протестираше во Тетово за модуларна, присутни 30 души.
Ние сме станале таков џган од народ, било македонци или албанци што додека не допре до нас ништо не преземаме, и ќе си спиеме до наредна ваква трагедија.
Абе излези на улица се живо и диво запали, се додека не се испоапсат сите досегашни бараби што дишат воздух од слобода.

страшни трагедии за вакво мало место
Veruvaj nie kako makedonci imame mnogu pogolem oset za gragansko opstestvo, albanci gi imas samo za etnicki prasanja, za drugo ne smejat da beknat.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom