бев малку туристички до Унгарија, дуri бев таму се трудев да зборувам со домаќините, читав нивни новини на англиски сакав да се информирам за приликите и состојбата. Моментално се одржува голем конгрес на конзервативците (десничари од сите краеви, обединете се), можда и Груевски ќе биде во публика
Најново е што Унгарија се врзува со Кина и сака да стане лидер во Европа за батерии за електрични коли. Отворени се не знам колку фабрики, има и Мерцедес и Хјундаи, но гавна е КАТЛ, гради неколку хали во Дебрецин, каде што бев и јас. Населението е поделено, некој се радува а мнозинството со кои јас зборував се загрижени заради можно загадување. Но, проблем е што толку фабрики бараат многу работници, а во Унгарија такви нема. Платите не се многу големи, поисплативо им е да одат во Австрија, Германија а има многу и во Англија. И од каде работници? Од увоз се разбира, фабриката је градат Турци, се гледаат по улица, ги има по ресторани, присутни се.
Ми беше кејф што се потврдува мојата теорија дека имиграцијата не може да се спречи, барем не без намалување на стандардот, а од друга страна ми е и мака што и таква власт како во Унгарија не може да се избори со овој проблем што ќе станува се поголем. На западниот човек (тука ја ставам и Македонија) кој е навикнат на одредено ниво на стандард му е полесно да дојдат луѓе од кој знае каде и да работат за џабе, отколку да се согласи да му се намалат приходите.