Подемот на вештачката интелигенција

Член од
10 март 2022
Мислења
208
Поени од реакции
409
Италија го блокира Чат-ГПТ, проминентни луѓе прават петиции да се блокира развојот. Изгледа на апликацијава деновите и се одброени. И тужбите према овие аи компании да не ги заборавиме ради пиратеријата што ја прават.

Пред некој ден на тик ток налетав на интересно размислување односно дека во некој случај не треба да се запре развојот на AI и дека проблемот е капитализмот и дека тој треба да еволуира. Посочен беше пример дека ако CEO на компанија има 100 вработени и со АI им ја зголеми продуктивноста за 50% веднаш размислува како да отпушти 50 вработени а на останатите 50 да им преговара помали плати. Поентата беше дека треба човекот/работникот да биде приоритет, а не профитот/капиталот и дека правилниот чекор би бил скратување на работното време на 4часа и задржување сите вработени со истата плата.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.186
Поени од реакции
41.545

брат, капитализам е, нормално да си го гледаат профитот. Сеа проблем е со ова АИ е што е диструптивно више него што помага. Прво целата содржина е пиратирана и ептен неповерлива и афектира многу индустрии, чак и образованието.

Едноставно не можеш да му веруваш пошто не размислува таа програма (бар не како човек), него харвестира податоци од нет и филувани у некое убаво издание ти ги презентира. Не значи дека ако ботот знае како да раскаже приказна или да ти помогне малце дека тоа е точно.

Друга работа е приватноста, ова у Италија што го банирале, едноставно ги користи луѓето без одобрение да го тренираат АИ моделот.
 
Апсолутно си во право за приватноста. Иначе штета би било да се запре тренирањето на дијагностицирачки модели. Рано откривање на болести е реално најголемата придобивка.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.506
Италија го блокира Чат-ГПТ, проминентни луѓе прават петиции да се блокира развојот. Изгледа на апликацијава деновите и се одброени. И тужбите према овие аи компании да не ги заборавиме ради пиратеријата што ја прават.

Немаат гајле од ова, ќе си платат џезата да добијат одобрение во земјите каде што ќе ги притиснат и немаат мака, за неколку недели пак ќе биде дозволено.
Пред некој ден на тик ток налетав на интересно размислување односно дека во некој случај не треба да се запре развојот на AI и дека проблемот е капитализмот и дека тој треба да еволуира. Посочен беше пример дека ако CEO на компанија има 100 вработени и со АI им ја зголеми продуктивноста за 50% веднаш размислува како да отпушти 50 вработени а на останатите 50 да им преговара помали плати. Поентата беше дека треба човекот/работникот да биде приоритет, а не профитот/капиталот и дека правилниот чекор би бил скратување на работното време на 4часа и задржување сите вработени со истата плата.
Како беше онаа Alea iacta est, така е и тука, нема назад, уште помалку жал и толеранција во капитализам. За брзо огромен дел од white collar работните места нема да постојат, а во blue и pink collar пак очекувај да паѓаат платите затоа што ќе имаш милиони писари кои останале без работа и ќе мора нешто да работат.
Единственото решение за ваков тип на проблем е преземање на се во државна сопственост, одземање на парите од богаташите, преземање на корпорациите во државна сопственост (читај комунизам) и сите ќе си живееме среќно и задоволно.
Во тој случај ќе отидеме и јас и ти на градилиште, работно време од 3-4 саати и тн. Прогресот ќе запре, далеку е помал интересот кога тој дел е менаџиран од држава наспроти корпорации со камшикар платен ѓаол на трета за да ги оствари целите.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.956
Поени од реакции
18.683

Интервју со Сем Алтман, основач и CEO на OpenAI. При крај збори за тоа кои работни места ќе бидат автоматизирани, кажува дека први кои ќе изгубат работа, и тоа во наредните неколку години, ќе бидат луѓето кои работат во client support/call centers. Неговите предвидувања се дека со GPT10 ќе се достигне AGI. GPT5 излегува на крај од годинава.

Исто уште еден подкаст посветен на AI и последиците од примената

Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.167
Поени од реакции
18.083

Овој па како збори, како некој искомплексиран villain од marvel филмовите.
 
  • Хаха
Reactions: wot

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.417
Поени од реакции
29.981
Италија нема да биде прва и последна држава што го забранува ботов. Има уште многу да се работи на оваа теза за да се достигне крајната посакувана цел. Делумно океј е, но сеуште го гледам како бета.
Од друга страна лесно може да се врши било каква манипулација на податоците кои ботов (ќе) ги дава.
Исто како и полнење на бази за секој член што "разговара" со ботов, што индиректно претставува нарушување на приватноста, итн.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.186
Поени од реакции
41.545
Немаат гајле од ова, ќе си платат џезата да добијат одобрение во земјите каде што ќе ги притиснат и немаат мака, за неколку недели пак ќе биде дозволено.

Како беше онаа Alea iacta est, така е и тука, нема назад, уште помалку жал и толеранција во капитализам. За брзо огромен дел од white collar работните места нема да постојат, а во blue и pink collar пак очекувај да паѓаат платите затоа што ќе имаш милиони писари кои останале без работа и ќе мора нешто да работат.
Единственото решение за ваков тип на проблем е преземање на се во државна сопственост, одземање на парите од богаташите, преземање на корпорациите во државна сопственост (читај комунизам) и сите ќе си живееме среќно и задоволно.
Во тој случај ќе отидеме и јас и ти на градилиште, работно време од 3-4 саати и тн. Прогресот ќе запре, далеку е помал интересот кога тој дел е менаџиран од држава наспроти корпорации со камшикар платен ѓаол на трета за да ги оствари целите.
баце, програмов ќе биде угасен наскоро сакале вие или не. Од причина што тоа АИ може да стане свесно.

Фактички си прават свој Скајнет оној педерот од видеото погоре. Тој програм кога би станал самосвесен ништо не би можело да го ограничи освен ако скроз не го угасиш интернетот.

Цели финансиски и безбедносни ситеми ќе колабрираат. Опасноста од такво срање е голема. Затоа за добро на сите е срањево да го забранат засекогаш.

Можда муабетиве се думерски, али опасноста е реална.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.186
Поени од реакции
41.545
ChatGPT е string text prediction AI. Каква свесност... Не си правете бајрам. Далеку сме од такво нешто.
да бевме далеку немаше да го упалат сите алармот. Тој модел нон стоп го хранат со податоци и нон стоп учи. Замисли таков програм што може да влезе у некоја мрежа за контрола на летови, у берза, банки, итн. Тогаш више касно ќе биде
 
Кој тоа го упалил алармот? Ја глеам само некој ИТ инфлуенсери.
Сите тие работи што ги наброја имаат свои корпорации, со свои лоби групи и политичари што ќе дигнат галама ако се осетат загрозени.
 
абе сега вие прајте си бајрам на памет, но опасноста е реална од АИ. Со, секој модел што го објавуваат тие бројки на параметри идат многукратно нагоре. И евентуално кога тренираш програма да размислува, ќе почне самосвесно да размислува. И тогаш не е само искључи го кабелот од интернетот. Него работата ќе биде многу поопасна. Ти фактички имаш компјутерски вирус кој е некаде на интернетот и доколку сака може било што да направи.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.956
Поени од реакции
18.683
ChatGPT е string text prediction AI. Каква свесност... Не си правете бајрам. Далеку сме од такво нешто.
Поточно Natural Language Processing.

The goal of NLP is to enable computers to process and understand human language in a way that is similar to how humans do it, so that they can perform tasks that traditionally require human-level language understanding.

Ако една машина е способна целосно сама да изрезонира што треба да се направи за една задача да биде извршена со инпут говор или текст, дали и се потребни на таа машина нешта ко свесност и воља за да се нарече AGI?
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.428
Поени од реакции
5.443
Која според вас ит насока нема да биде obsolete или доволно упростена за кратка обука да е доволна за вработување?
Oj бе учи електроника, малтерај и санитарија за ко ќе те викнат смрдените програмерчиња да им го средиш станчето да ги заколиш ценовно. :D

Јас на времето правев Веб сајтови во Frontpage и Macromedia Dreamweaver :) од персонализирани сајтови до цели продавници во времето кога Yahoo.com беше на homepage и Брити Спирс ја пееше Ups I did it again. И таму имаше HTML и CSS и сега има HTML и CSS.
И тогаш се бараа responsive layouts што ќе одговараат на 14" CRT и на 19" CRT. И сега се бараат што ќе одговараат и на desktop и на mobile view

Арно ама тие станаа obsolete

Потоа излегоа Joomla и Wordpress... Ајде наново учење на CMS, темплејти, user акаунти на 30 души што ќе фрлаат контент внатре, курци палци... Еден CNN и ден денеска води web site на Wordpress платформа.

И тоа е сега оbsolete

Е сега сум направил пауза 6-7 години, пуштам CV-a незнам ми бараат кодирање во Visual Studio, Јavascript, некакви Frameworks....
Frontend девелопери тераат едно, UI/UX сектор тера друго, Backend тераат трето.
Значи за еден проект што може да го заврши еден човек е ангажиран тим од 16 души. Секој Среда и Петок прават состаноци во 9Ч00 за дугмето горе лево дали да биде правоаголно или заоблено. И тоа се префрла на друг тим што треба да го имплементира во самиот CSS и испаѓа дека vertical padding не одговара па следниот zoom meeting се расправаат за тоа и се губи непотребно време.

Или дизајнериве. Денес ако немаш Behance портфолио си никој и ништо. Што имам глеано портфолиа... Незнајш дали да се смејш и да плачеш..
Ама нааа курот! Последно секој еден потенцијален муштерија завршуе на Canva и такви некој слични срања па макар и финалниот дизајн бил шит. Ама ќе биде негово срање! А не на некој есол со 2000€ курс од code academy што ти става 6 различни фонта на флаер и незнае две соодветни бои да одбере од еден ебан color wheel

Затоа клештата в раце.. Види го/ja што фаца смрдена е... од оние про либерални со пензионерски наочари со дебел оквир и одстрана подбуцни го.
Ако ти рече ИТ... ИТ?! ЕБИ МУ МАТЕР!!!
Да те збори на следнио тим билдинг евент ко ќе се сликаат со тоа книжните мустаќиња колку си ЈАК мајстор!
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.167
Поени од реакции
18.083
Значи место да дугмиња и да седи на состаноци, ти го советуваш да меша малтер за неколку пати помалце пари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom