епа еве ќе ви дадам предлози за подароци за сите...
-Ситници за малите принцови и принцези
Ако е тешко да се одбере подарок за маж, тогаш дефинитвно нема ништо полесно да се одбере нешто за некое дете. Независно дали купувате подарок за некоја мала принцеза, или за некои интелигентно момченце во кое сите гледаат иден научник, секогасш ќе најдете нешто ново и необично.
Најважно од се е да се труфите да ја избегнете џунглата од иљадници
играчки, плишани мечиња, и коцки за конструирање и да изберете нешто што истовремено ќе го забавува и поучива детето. Децата уживаат да дознаваат нови нешта само ако тоа не им се наметне како правило или обврска. Нема да промашите ако за машките деца одберете некоја едукативна книга за светските градови, географски атлас или книга со знамиња од државите од светот а за девојчињата сликовница со сечење и дополнување, се што е креативно и што бара личен ангажман. Ако мислите дека досега сте им ги купиле сите можни глупости, играчки, занимации и зезанции, играјте на сигурно и
одберете им нов блузон со апликација од неговата омилена музичка група, а за девојчињата комплет ракавички, шалче и капче во нежни бои.
-За пријатели
Нема ништо полесно од тоа да смислите подарок за некој што сака да го минува слободното време на отворено. Во комбинација влегува некоја интересна вреќа за спиење, интересен и уникатен термос, а за оние кои што уживсстда се плеткаат во градината експериментирајќи во садење и калемење разни цвеќиња и билки можете да им најдете интересен комплет ножици за кастрење, кожени заштитни ракавици и посебен крем од билки за нега на рацете. Нема да згрешите и ако се одлучите за чифт плетен шал и шапка, иако оние што обожаваат да се шетаат дури и во посвежите денови сигурно веќе имаат добра заштита, но мало освежување со нови плетки и бои секогаш е добредојдено.
-За пријатели кои ја почитуваат животната средина
Можете да одберете сет зачини од органско потекло кои би биле совршено изненадување за еден вегетеријанец, или луксузен сет со јапонски миризливи стапчиња, миризливи свеќи за смирување, или етерични масла. Ако на листата на лица за кои планирате да купите подарок се наоѓа и некој посветен јогист, тогаш обидете се да најдете некоја свилена простирка.
-За вечните момчиња
Ако добро ја познавате личноста за која треба да избирате подарок, нема да ви биде потребен екстра напор, знаејќи дека е потешко да се одбере поклон за женско, отколку за машко. Покрај тоа што израснуваат во зрели и сериозни личности, особено ако тоа им го налага професијата, имајте предвид дека мажите длабоко во срцето секогаш остануваат деца и имаат нескротлива љубопитност за страст и забава. Затоа никогаш нема да погрешите ако им подарите сет друштвени игри, луксузна дрвена табла или стаклен убав шах. За да го предизвикате неговото чуство за префинет вкус и нега, подарете му кутија со луксузен миризлив сапун или колекција гелови за обликување на косата, шампон и лосион. За оние кои секогаш сакаат да чепкаат дома, можете да изберете кутија со алат.
-За оние кои ја сакаат врвната елеганција
Меѓу нештата што се тренди и модерни во оваа сезона може да се најде и нешто што совршено ќе го вклопите во вашиот сопствен стил и истовремено ќе ја освежите постојната облека со модерен шмек. Ако сте решени да не внимавате на цената, можете да се одлучите за шик-чизми со тенка висока потпетица од свилено кадифе, или вечерна чантичка со старински аристократски шмек, порабена со монистра. Би можеле да размислите и за некоја интересна кутија за шминка, или уникатно шише парфем.
-За оние кои уживаат во домот
Ако повеќе уживаат во топла домашна атмосфера, можете да размислите за подарок што би им го разубавил опкружувањето. На пример рачно изработени ленени навлаки за перници, како и на убави керамички тегли за зачини или за чаеви, или убав чајник. Ако веќе сте им купиле нешто од ова, почастете ја со нежно парче долна облека, некоја тантелна маичка или боди.
-За зависниците од деликатеси
Вистинските гурмани и љубители на нови вкусови, повеќе од се би ценеле на подарок да добијат некое ново, луксузно минипакување на деликатесно сирење или домашно произведен ликер, отколку свилен шал или парче накит. Ако можете најдете ново ексклузивно шише од ликер од рози, или самите направете кошноца од неколку видови кавијар, топено сирење со парчиња ананас.