Погрешни одлуки

С

Сатори

Гостин
Да, значи пак ако биле тие лоши луге, пак тој донел одлука, некаква, за да покрене акција, дали било тоа лоша или добра. :)
Очигледно не се разбираме.
Одлуки се носат за каков леб да се купи или на кој факултет да се запишеш, не носиш одлука што да чувствуваш или како да ти работи мозокот.
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Мислам дека постојат правилни и погрешни одлуки,нормално дека зависи од кој агол се оценува што е правилно или погрешно и само времето е релевантен индикатор за да ни укаже колку корист или штета имаме од некоја наша одлука.Сепак е многу релативно и понекогаш некоја ситна корист ја сметаме за далеку поважна од некоја голема штета.Не е дека може да се направи табела и да си ги класифицираме сите одлуки како правилни и погрешни,но мислам дека секој што е потполно искрен со сам себе може да си процени дали и колку некоја одлука била правилна или не.Само тоа не е некоја посебна умешност,вистински успех е да знаеш да живееш со твоите одлуки,правилни или погрешни,а не да се каеш.

вистинскиот човек не се сомнева во своите избори и не ги класифицира, туку само живее со нив.
ДА.

Сите одлуки се правилни во моментот кога ги донесуваме.Не верувам дека нормален човек свесно би донел погрешна одлука,сите помалку или повеќе сме убедени во правилноста на одлуките кои ги носиме.А,причини за погрешна одлука има премногу,но никој не е свесен за нив во моментот кога прави избор,за жал.

Јас не гледам некоја смисла во преиспитувањето на одлуките кои веќе сме ги направиле,ако не постои начин да ги промениме.Што е-тука е,најдобро е да се фокусираме на сегашниите одлуки.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586

Смислата е во самоанализирањето, за корегирање на истото во иднина, за да се избегнат погрешните одлуки, треба да се размисли малку пред да се направи одлука. :)
 
MileJebo

Complete
Член од
7 декември 2008
Мислења
231
Поени од реакции
41
За да си наметнам на себеси вина дека сум донела погрешна одлука треба првенствено да верувам во правилно и погрешно, а бидејќи тоа го сметам за резултат на социјализација и наметнати правила тешко дека се наоѓам во такви ситуации.Човекот е човек само затоа што ја има способноста да бира и да сносува последици од своите избори кои што ги правел со интелегенцијата и емоциите што му биле на располагање во моментот, со што одлуката сама по себе мора да биде реална ако не правилна или погрешна.

Неговата свесност може само да го натера да се двоуми околу истата и да си наметнува прашања на кои што никогаш нема да добие одговор ако се решил да биде мазохист, вистинскиот човек не се сомнева во своите избори и не ги класифицира, туку само живее со нив.
Незнам дали си свесна али ти си оваа констатација ја негираш правната науката која благодарение на грчките филозофи егзистира уште од пред нашата ера.
Потребна е класификација на правилни и погрешни дејности во спротива би владеела анархгија, хаотичност, во кој анималноста владее. Во секој случај запознаени сме со фактот дека е потребна заштита на одредени вредности т.е. правото, кој мнозинството со конзензус ги афирмира, подржува и кој сигурно носат поголема корист, за разлика од бедата доколку се третираат инфериорно.

Во контектст на темата DonJas мислам дека го интересира мислењето што се врти околу нашата глава по носењето на некоја одлука и причинско- последичниата врска од таа одлука се до финалната неочекувана последица , и дилемата на вековното прашање: што ќе беше ако постапев вака ...........? А не мислењето во моментот на носењето на одлуката (мислам фала богу, кој курац би донел погрешна одлука доколку го знае финалниот исход, освен AshtonKutcherпеперутката тој си е поесебен феномен LOL!).
Сега ако ептен го тапацираме и ако навлегуваме длабоко етиолошки секогаш постои синдромот на............... ако си зел да го склопиш вентилаторот да си го испуштел од реце, па покрај стаклото, телефонот да си го ебал и вентилаторот, многу релативна работа. Како и да е, експлицитно мислам дека далеку се поголеми изгледите да си ја средел работата на арно, од колку спротивната варијанта, вака реално ако перцепираме без многу филозофија.
 
С

Сатори

Гостин
Незнам дали си свесна али ти си оваа констатација ја негираш правната науката која благодарение на грчките филозофи егзистира уште од пред нашата ера.
Потребна е класификација на правилни и погрешни дејности во спротива би владеела анархгија, хаотичност, во кој анималноста владее. Во секој случај запознаени сме со фактот дека е потребна заштита на одредени вредности т.е. правото, кој мнозинството со конзензус ги афирмира, подржува и кој сигурно носат поголема корист, за разлика од бедата доколку се третираат инфериорно.
Правото е апарат за раководење и средување на хаосот во една држава, в ред, да претпоставиме дека во практика е тоа така, од каде заклучокот дека го негирам со тоа што вредноста на добро и лошо ја сметам за декадентна и последица на човековата потреба да претопување?
Зошто сите закони на куп и мерени на кантар не даваат одличје на морал и добрина, сите мораме да ги почитуваме од икс причина не зошто ни е страв од погрешна одлука, туку од санкција.
Нешто како правилно и погрешно не постои, само еден пат во светот нема, многу се и скоро сите се сиви.
 
MileJebo

Complete
Член од
7 декември 2008
Мислења
231
Поени од реакции
41
Правото е апарат за раководење и средување на хаосот во една држава, в ред, да претпоставиме дека во практика е тоа така, од каде заклучокот дека го негирам со тоа што вредноста на добро и лошо ја сметам за декадентна и последица на човековата потреба да претопување?
Зошто сите закони на куп и мерени на кантар не даваат одличје на морал и добрина, сите мораме да ги почитуваме од икс причина не зошто ни е страв од погрешна одлука, туку од санкција.
Нешто како правилно и погрешно не постои, само еден пат во светот нема, многу се и скоро сите се сиви.
Whatever, сеа почна да ја вртиш работава од правилно и погрешно на добро и лошо па и морал и етика внесе, ова се длабоко диферентни поими.
Постои правилни и погрешни одлуки и дејности и тие не се резултат на субјективното мислење за добро и лошо, туку тие се објективно прифатени од општеството со цел да внесат хармонија. Значи тие не ни се наметнати (мнозинството ги афирмира), можеме и без нив, не викам не, но квалитетот на живеење на една индивидуа се експонира, афирмира и унапредува, што преставува есенцијален фактор мнозинството да ги прифати и подржува како правилни одлуки, значи НЕ добри или морални, прави разлика. Тие внесуваат хармонија,почит, заштита (и мнозинството ги ужива нејзините благодети, за разлика од апантропијата доколку не постојат вакви класификации ) тие автоматски го добиваат епитетот на правилни, т.е. право, токму поради фактот што секое дејствие насочена спрема овие вредности потребно е да се третира како погрешно.
Се додека експлатацијата на системот е минимална и не ја загрозува нејзината егзистенција секогаш ќе постои минимална експлатација на поединци и едноставно страв од санкција, се додека не го осетат на своја кожа. Но запамети човекот никогаш не го цени тоа што го има во моментот, и моментот на свесност ќе им дојде ако се заборави разликата меѓу правилно и погрешно и настане хистерија и сите плачат за рамноправност.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Направив погрешна одлука, не сум крив за телефонот и масичката, крив сум за тоа што не одлучив да го спречам тоа, иако незнаев дека ке се случи, можев да се најдам во работа.
Се согласувам целосно со тебе.

Твојата погрешна одлука се состои во тоа што ти си ја знаел вистинската одлука, но си ја избегнал, едноставно си ја игнорирал и си заборавил на неа. Подоцна, откако завршило се и си го видел резултатот на настанот си се сетил на својата вистинска одлука која си требал да ја превземеш и затоа ти се јавило чувство на каење.

Ме интересира, колку често се наоѓате вие во вакви ситуации, колку често одбирате погрешен избор, и колку често уствари сфаќате дека сте го избрале погрешното, и што тогаш?
Не колку често туку постојано. Секој од нас постојано се наоѓа во вакви ситуации, но не сите се свесни за тоа. Забораваат на тоа што помислиле или сакале да го направат, а преминуваат на помислата "така требало да биде" или "секако ќе се случело"...

Се трудам да се сетам на вистинската одлука. Сум кажала сто пати дека првата одлука е секогаш вистинската одлука која секогаш е само мисла која брзо се губи и заминува во позадина. Наша работа е да бидеме умешни и брзи и да ја дофатиме и задржиме истата како не би направиле уште една грешка. Кај мене е секогаш делува, кај вас не знам.

Дали на пример би кажале некому дека делумно и вие сте криви за некоја последица, ради лоша одлука?
И за крај морам да напоменам дека во ваквите и слични ситуации чувство за вина нема. Едноставно треба да продолжиме понатаму и да се трудиме да ги избегнуваме лошите одлуки... поради што нема причина во твојов случај да кажеш некому дали си ти или не си ти виновен. Односно, ти си виновен но само за себе си виновен, не и за околината. Тоа е сопствена вина. Не можеш да бидеш виновен во реалност за случајот затоа што и татко ти е исто толку виновен колку и ти. Можел да си остане и да го доработи тоа што го работел или едноставно да го изработи некој друг ден... затоа што ти не знаеш која е неговата помисла што тој ја изигнорирал за да кажеш дека ти си виновен :pipi:
 
Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
И покрај убедувањето дека нештата се релативни и правилноста на одлуките е релативна има еден прост човечки принцип на препознавање на погрешните одлуки за кои сметам дека како категорија постојат ете, реално, а тоа би бил принципот на каење и грижа на совест после донесувањето на некоја одлука за која потоа се испоставува дека е погрешна. Често, умееме да кажеме дека `знам дека ќе се каам ако не го направам тоа`. Ова значи дека и како луѓе честопати сме увежбани да ги препознаваме правилните одлуки и дека најчесто знаеме која е правилната одлука но од некоја причина ете не ја избираме туку ја избираме онаа другата, погрешната (по линија на помал отпор или други тракатанци од карактерот кои ни се кочници во она што значи правилно фунционирање, а тука битен дел завзема и секојдневното донесување на одлуки правилни или погрешни). Учење од грешките, и препознавање на аномалиите во начинот на кој мислиме не е бадијала кажано, само и за тоа треба човек малку да се потруди оти ќе си тапка во место и ќе заврши во магичниот круг на повторување на своите лоши одлуки.
 
Аеродром

Faithful :)
Член од
15 август 2008
Мислења
2.217
Поени од реакции
256
Имало,има и ќе има,да се надеваме дека наредните нема да бидат фатални.
 
Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
Сум донесувала секогаш одлуки и добро сум размислувала пред да го сторам тоа!Ми одело супер се до една некогашна ситуација во која се најдов ...искрено сега се плашам да донесам било каква одлука и превземам нешто зошто се работи за мојата среќа!Сум учела на грешки ама несакам да учам на оваа..

И некако не постои грешна одлука,постои само одлука избрана во лош момент!Секоја одлука е поука зошто после неа секогаш следат и добри и лоши работи,е сега кога би оделе на `што би било кога би било` би оставале се да се врти во место и ништо да не се случува...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.904
Поени од реакции
12.456
Крајот ќе каже што е што не е погрешно...како што вели Бора Чорба

скини паучину с очију...кад доџе Богу на истину :wink:
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Незнам баш дали ја крстив темава ко шо треба, слободно нека корегираат модератори.

Ја отварам темава ради една дешафка денес, шо ми остана така у мисла.
Татко ми го беше расклопил вентилаторот, шо стои на таван најчесто, за да го измие, од прашина. И добро го изми, дур се сушеше му искрсна нешто и искочи на работа човекот. Јас како вечи џаболебар, клошарев по дома, и го глеам вентилаторон, си викам, да го склопам, и онака неам попаметна работа, ама другиот дел од подсвеста вика, ај заеби, тато ке среди тоа. И доброо, отидов, се шлапнав на компјутер, пројде некое време, се прибра татко ми дома, почна да го става вентилаторот, му падна штрафцигер, удирајки во телефонот на мајка ми, го искрши стаклото од масичката, телефонот во дефект.

Е сега, мене во мисла, да го наместев јас, ова немаше да се случи, бев мрза, мрзата ме кошташе телефон и стакло.
Никој не знае за ова, дека на пример сум имал намера, такада татко ми ке си ја земе кривицата.

Направив погрешна одлука, не сум крив за телефонот и масичката, крив сум за тоа што не одлучив да го спречам тоа, иако незнаев дека ке се случи, можев да се најдам во работа.

Ме интересира, колку често се наоѓате вие во вакви ситуации, колку често одбирате погрешен избор, и колку често уствари сфаќате дека сте го избрале погрешното, и што тогаш?

Дали на пример би кажале некому дека делумно и вие сте криви за некоја последица, ради лоша одлука?
Ех,камо да бешетолку лесно со одлуките,светот и луѓето би биле совршени.
Многу пати се имам наоѓано во таква ситуација,знам дека треба да постапам поинаку и пак ке го направам погрешното.
Секогаш во мене има некој глас што ми вели-немој,не прави така!
И секогаш сум го игнорирала.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Ех,камо да бешетолку лесно со одлуките,светот и луѓето би биле совршени.
Многу пати се имам наоѓано во таква ситуација,знам дека треба да постапам поинаку и пак ке го направам погрешното.
Секогаш во мене има некој глас што ми вели-немој,не прави така!
И секогаш сум го игнорирала.
Тој глас е твојата подсвест, препорачливо е да го слушаш. It will make you a better person, in most of the times.
 
K

Kicky

Гостин
Човек учи додека е жив, учи на грешки! Погрешно е ако грешките постојано ги повторуваш. За ниедна одлука нема да знаеш дали е правилна или не додека не ја донесеш и не го видиш нејзиниот краен резултат.
И сега постојано ќе се прашуваш: ШТО БИ БИЛО КОГА БИ БИЛО нели....? Некои работи едноставно морале да бидат така. Можеби имало причина што тоа му се случило токму на татко ти, а не на тебе. И не треба да се обвинуваш себе поради тоа.

Поздрав,

Kicky
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Човек учи додека е жив, учи на грешки! Погрешно е ако грешките постојано ги повторуваш. За ниедна одлука нема да знаеш дали е правилна или не додека не ја донесеш и не го видиш нејзиниот краен резултат.
И сега постојано ќе се прашуваш: ШТО БИ БИЛО КОГА БИ БИЛО нели....? Некои работи едноставно морале да бидат така. Можеби имало причина што тоа му се случило токму на татко ти, а не на тебе. И не треба да се обвинуваш себе поради тоа.

Поздрав,

Kicky
Да точно, се учи од грешки. Ама сите знаеме дека мрзата не е добра особина, да не ме мрзеше нештата ке имаа различен крај. Кој сеуште не е познат, а нема ни да биде. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom