Незнам баш дали ја крстив темава ко шо треба, слободно нека корегираат модератори.
Ја отварам темава ради една дешафка денес, шо ми остана така у мисла.
Татко ми го беше расклопил вентилаторот, шо стои на таван најчесто, за да го измие, од прашина. И добро го изми, дур се сушеше му искрсна нешто и искочи на работа човекот. Јас како вечи џаболебар, клошарев по дома, и го глеам вентилаторон, си викам, да го склопам, и онака неам попаметна работа, ама другиот дел од подсвеста вика, ај заеби, тато ке среди тоа. И доброо, отидов, се шлапнав на компјутер, пројде некое време, се прибра татко ми дома, почна да го става вентилаторот, му падна штрафцигер, удирајки во телефонот на мајка ми, го искрши стаклото од масичката, телефонот во дефект.
Е сега, мене во мисла, да го наместев јас, ова немаше да се случи, бев мрза, мрзата ме кошташе телефон и стакло.
Никој не знае за ова, дека на пример сум имал намера, такада татко ми ке си ја земе кривицата.
Направив погрешна одлука, не сум крив за телефонот и масичката, крив сум за тоа што не одлучив да го спречам тоа, иако незнаев дека ке се случи, можев да се најдам во работа.
Ме интересира, колку често се наоѓате вие во вакви ситуации, колку често одбирате погрешен избор, и колку често уствари сфаќате дека сте го избрале погрешното, и што тогаш?
Дали на пример би кажале некому дека делумно и вие сте криви за некоја последица, ради лоша одлука?