klosar33, седи подалеку од тоа, не е за лаици и секако не е за некој со скромни 1500 долари. На тој пазар се игра со мноооогу многу повеќе.
Од ова што накратко го кажа (вложиш 1500, добиеш 50000 да се коцкаш), претпоставувам дека станува збор за futures trading. Таму на почеток вложуваш само толку колку што е дозволениот margin, што е некојси 10% од вредноста. Но, големината на левериџот е многу силна, значи кога губиш, тогаш губиш по ѓаволите многу. На тој пазар имаш mark to market секој ден (понекогаш дури и неколку пати во денот), и моментот кога ќе паднеш под maintenance margin, или ќе треба веднаш повторно да вложиш до 1500 или си out of the game. А тоа може да се случи уште првиот ден.
Немој да се излажеш, futures trading е за профи кои парите, точно, ги прават од секојдневно тргување, но тие имаат на располагање и други опции to hedge risk. Не е за обични смртници.