Погодна валута...

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Доколку се воведе една светска валута тоа според мене би значело и еден светски економски политички систем. Како што е сега ЕУ каде важат исти закони и правила за сите земји членки. Гледаме каков раздор има таму сега а замислите целиот свет да е во единствен сојуз.Тоа веднаш би било осудено на пропаст. Преку вакви помали сојузи како што се ЕУ или НАТО развиените земји го контролираат сопствениот економски развој за сметка на останатиот свет. Затоа мое мислење е дека ваквата светска држава со единствена валута е невозможна не дека не може да се формира туку тоа нема да го сакаат најразвиените земји.
Па баш и не е така, а и за тоа што треба да бидат универзални правила и закони и тие се во основа во поголем дел само на хартија во пракса нема везе сеуште секој си го тера по свое.
 
Член од
11 март 2009
Мислења
118
Поени од реакции
4
Златото е најсигурна валута.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
8
Поени од реакции
0
Слушам за појава на некоја нова американска валута, амеро или така нешто. Со неа еврото ќе се сруши, за денарот да не збориме, а Америка ќе се спаси од сите долгови кои ќе бидат сведени едноставно на денарчиња. Не губат тие никогаш. Нас, не ни се пишува убаво.
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
баш вчера разгледував една програма, се вика ForexTrader, околу оваа тема...засега се регистрирав само онака како вежба демек, но може да се работи со реални пари на истата...сеуште незнам да ја работам добро, но нуди интересни опции..имено стартуваш со 50 000 долари и има понуда скоро од сите конвертабилни валути, плус злато и сребро, па купуваш и продаваш по моменталната состојба на курсот што е...мислам дека сите курсови се средни(нема загуба во продажен или куповен курс)...колку што разбрав јас, може да започнеш со минимум, се разбира ако сакаш да сио играш со вистински пари, 1500 долари и за истите добиваш на располагање 50.000 долари со кои тргуваш....добивката може да си ја повлечеш по твоја желба...но се разбира ако имаш загуба поголема од 1500 долари ги губиш оние што си ги вложил на старт...

пак ќе повторам...можеби нешто од ова не е така како што го напишав бидејки сеуште не сум добро упатен...ако некој знае повеќе, или подобро има искуство нека пише....
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
klosar33, седи подалеку од тоа, не е за лаици и секако не е за некој со скромни 1500 долари. На тој пазар се игра со мноооогу многу повеќе.

Од ова што накратко го кажа (вложиш 1500, добиеш 50000 да се коцкаш), претпоставувам дека станува збор за futures trading. Таму на почеток вложуваш само толку колку што е дозволениот margin, што е некојси 10% од вредноста. Но, големината на левериџот е многу силна, значи кога губиш, тогаш губиш по ѓаволите многу. На тој пазар имаш mark to market секој ден (понекогаш дури и неколку пати во денот), и моментот кога ќе паднеш под maintenance margin, или ќе треба веднаш повторно да вложиш до 1500 или си out of the game. А тоа може да се случи уште првиот ден.

Немој да се излажеш, futures trading е за профи кои парите, точно, ги прават од секојдневно тргување, но тие имаат на располагање и други опции to hedge risk. Не е за обични смртници.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Перл добар совет:)
Со 1500 долари си ситна риба на тие пазари,ги нарекуваат шпекулативни бидејќи се слични како масата покер.Имаш кец и поп во иста боја,а некој ти ја зема раката со пар двојки на ол ин:)Големите играчи ретко кога губат на тие пазари.Тие прават своп трансакции,односно купуваат кошничка од валути каде се штитат.Така ако едната валута паѓа другата се дига.Во овој екстремен случај,они се на првичниот праг,нити добиле,нити изгубиле.
Како пример,пребарај на гугл,мислам дека беше случај на Американска банка,каде еден вработен брокер во 90те,толку се напалил на овој пазар и очекувал јапонската валута да расте(Нели тоа беа годините на прогрес на Јапонија со 33%).Но тоа не се случило,напротив во Јапонија се случува катастрофален земјотрес и валутата толку ниско паѓа,што американската банка банкротира.
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Тоа не беше американска, туку најстарата британска банка, воедно и банка на Кралицата, Barings Bank. Нивниот одговорен брокер за азискиот пазар тргувал со деривативи на јапонскиот Nikkei, обврзници и Euroyen депозити и требал веднаш да ги покрие со соодведни такви на сингапурскиот пазар. Парите се прават преку арбитража, купуваш поефтино на едниот пазар, а симултано продаваш поскапо на другиот пазар.

Пластично кажано, на обрт од 200 милиони долари, заработката е 1,000 USD ако си покриен, но ако си гол се изложуваш на заработка или загуба од 1,000,000 USD. Човекот не се покривал и се изложувал на гол ризик, само заради поголема заработка. Пазарот тргнал во спротивна насока од неговото обложување и на крај банката банкротираше и беше купена од страна на холандската ING за симболична 1 (една) фунта. :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да,на овој случај мислев.Што ти прави адреналинот:)
Има многу вакви примери во светски рамки,доста интересни,од кој можеш да научиш што не треба да правиш во иднина.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Јас дефинтивно мислам дека економија и финансии почнува да станува професија како готвењето. На масовно ниво жените се многу пдобри, ама најдобрите ексерти се мажи.
Се извинувам што сум надрвор од тема, оваа мисла само моментално ми пролета морав да ја споделам.
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Бацилус, економија и финансии отсекогаш биле женска работа. Мажот заработува, жената троши, или одлучува каде и колку ќе се инвестира. На крајот ќе имаш толку пари, колку што ти се погодила домаќинката. Ако е некоја ептен трошаџика, тешко тебе. :):):)

Шала на страна, за успешно инвестирање треба да се знае дека се менаџира ризикот, а не се менаџира приносот. За соодветен ризик, имаш соодветен принос, но со правилото preserve the equity на чело не би требало да биде тешко. Најголемата грешка кај повеќето е што прво се прашуваат колку ќе заработат, а воопшто и не го поставуваат прашањето која е веројатноста и колку можат да изгубат.
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
па...сега подобро го разгледував ова и!!! сепак има куповни и продажни курсови а вредноста им се менува неколку пати во минута...се работи до 5та децимала на курсот па постојано има осцилација на балансот...инаку јас синоќа имав добивка од 2 илјади а сега гледм дека сум 1700 покус од стартните 50 000...по се изгледа ако ова беше реално досега ќе исчурев :helou:.....

и јас сум против лаици да се нафаќаат на ова...тоа би било чисто хазардски...само интересно е како е вежба....има многу графици и реал тиме информации кои засега ништо не ми значат мене...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас дефинтивно мислам дека економија и финансии почнува да станува професија како готвењето. На масовно ниво жените се многу пдобри, ама најдобрите ексерти се мажи.
Се извинувам што сум надрвор од тема, оваа мисла само моментално ми пролета морав да ја споделам.
Додека те читав ми прелета низ глава кој маж ни е министер за финансии и како го води секторот:)
Се извинувам што сум надвор од темата:smir:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Додека те читав ми прелета низ глава кој маж ни е министер за финансии и како го води секторот:)
Се извинувам што сум надвор од темата:smir:
Верувај ми некои не вредат да бидат спомнати без разлика на нивниот пол.....тие се исклучоците, кои го потврдуваат правилото.
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Probajte so Etoro ima moznost practise money
 

Nikolic

Џентлмен
Член од
8 април 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
68
Znam deka mestoto na prasanjevo definitivno ne mu e tuka no neznaev kade na drugo mesto da prasam...cenata na zelezoto vo makedonija kako se dvizi momentalno znae nekoj?blagodaram odnapred
 

Kajgana Shop

На врв Bottom