И јас истово го тврдам:smir:Но одкога ќе завршат,според мои видувања на земјава во игра и се следниве опции:
-девалвација,која ми изгледа како највозможна,според капацитетот на размислувањата на финансиерот
Девизните резерви ни се топат,апресијацијата на денарот го достигнува врвот,курсот тешко во последниов период го брани Централната Банка.Зошто ќе ни се случи:затоа што фиксниот девизен курс на долг рок,е успешен за да ги задржи стабилни цените и инфлацијата,но тоа си има свои трошоци.Како што гледам секојдневно банката прави стерилизација (истиснување) на готовите пари во оптек.Од друга страна денарот ни е под постојана мета на шпекулативните светски играчи.И како круна на се влеговме во смртоносниот круг,либерализирана капитална сметка - фиксен девизен курс.За да се одржи стабилен курсот,каматните стапки ќе бидат високи.Немој некој да помислил дека ќе се намалат
Фактичката состојба на терен,е иста како во учебникот,може ќе не земат како земја за пример во наредните испитувања
Со обични зборови,слободниот влез на странски пари во земјава,директно удираат врз стабилниот курс,кој се брани од државните резерви,кој секој ден ни се топат.Каматните стапки на ЦБ рипаат,бидејќи така го брани курсот.Каматните стапки на ЦБ,психолошки влијаат врз каматните стапки на банките кои се ригидни.И они ги зголемуваат. Извоз немаме ниту ќе имаме,затоа приказните за девалвација и зголемен извоз се продаваат на широката маса.Моментално работам на истражување на паричната маса,кое покажува дека во Македонија (емпириски) апресијацијата нема допирна точка со извозот.Колку смешно звучи секојдневното плачење за курсот на денарот и ивозот.
Кога еднаш ќе се направи деавлвација,ќе се направи уште еднаш-златно економско правило.Кај нас оваа ќе биде 5та по ред,ништо страшно:smir:
-втората опција која во последно време се дебатира е замена на денарот со евро.Со замената,веќе девалвацијата ќе биде минато.Нема што да браниме,Цб ќе си земе годишен принуден одмор,ние ќе си станеме европјани преку ноќ,мирна глава.Ќе рече некој,исто како Црногорците.Само со една мала разлика
Црна Гора има море!!!
Сите шокови од надвор,нема кој да ги контролира,ќе ни се удрат десет пати по глава,со нашава економија,со нашиве развиени финансиски пазари.Не ми се верува дека ќе се дрзнат на ова,но ова е Македонија,се е можно.
-третата опција која ни стои на располагање е промена на стратегијата на таргетирање.Едни викаат Цб да се насочи кон инфлацијата,други викаат ЦБ да премине во флексибилен курс кој ќе се формира на пазарот.Оние што се за првата варијанта случајно забораваат да споменат дека цена за таа стратегија е пораст на невработеноста.Или можеби сметаат дека неможеме погоре да одиме со тие проценти на невработеност
Оние за флексибилниот курс,забораваат да спомнат дека флексибилниот курс бара развиена земја со извоз,коај ќе одговори на предизвиците.Баш такви сме
Јас сум за контролиран флексибилен девизен курс во границите на + - 5,во првите години,а подоцна да се опушти за некој минимален степен.Со тоа ќе си ја држиме инфлацијата во раце,каматните стапки ќе ни се смират,увозот ќе се дестимулира,ќе се ублажат ефектите на влезот на странски пари.Монетарната политика нема улога да го развива стопанството,може само да помогне ако е возможно.Фискалната политика треба малце да се стегне,некако е удрена на весеље.Пари летаат на сите страни,се пумпа администрацијата,платите растат,пензиите со нив,како се да цвета во државава.
Погодна валута во моментов нема.Најдобро е машки да држиме во денари,бидејќи уште паника фали во секторов.Но ова објективно.Субјективно,бегај од државава и фрли ги денарите после граница:smir: