Погодна валута...

Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
Читајки ги во последно време анализите на повеќето политички аналитичари, човек просто да се збуни од толку многу поделеност.Додека едните гледаат на Обама како на месија, други и предвидуваат колапс на американската економија и опшеството воопшто. Не е многу различен и ставот околу Европа. Секој ден циркулираат шпекулации за колапс на еврото како валута и воопшто на Европа. Што се однесува до доларот, едни стојат на ставот дека ќе се зајакне како валута во однос на останатите конвертабилни валути(што се покажува како точно последнава година!?), додека останатите шпекулираат околу укинување на доларот и воведување на нова валута на американското тло. Англиската фунта мислам дека никогаш не била поочајна па е скоро на исто ниво со еврото. Денарот не би го коментирал прибидејки неговата иднина е исто неизвесна, а најверојатно ќе доживее девалвација после изборите...Во сите овие услови моето прашање до Вас е што мислите која валута (инвестиција- недвижнини,акции,обврзници)е најпогодна за чување на заштедата????
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
и јас така мислев ама!!!!

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Денарот не би го коментирал прибидејки неговата иднина е исто неизвесна
Грешка... судбината на Денарот е страшно извесна. Како што кажа и самиот, неминовна е девалвација.. Се очекуваат две годинава. Првата е веднаш после изборите, втората е на есен.
Еврото. Хмм.. Европа толку многу се мачи да се договори колку ролни тоалетна хартија да купат, камо ли нешто повеќе... краткорочно би останало стабилно, но долгорочно не постои аналитичар кој се дрзнува да предвиди што ќе се деси со него, што од несигурност, што од страв.
Фунта. Победна не била никогаш во историјата. Убаво си кажа, скоро да се израмни со Еврото. Ја чека светла иднина ако се оствари црното свенарио за Еврото. Ако се растури европската монетарна унија фунтата ќе рипне off the charts.
Доларот... хмм.. моментално рипна нешто во вредност ради Обамаманијата. Сега за сега не се економистите воодушевени од неговата монетарна политика... Да падне не може уште којзнае колку многу, или ќе стагнира или ќе иде нагоре. Замена? Нааах.. нема ваљда да кратат нули :)
Се спомнува друга валута во последно време која што порано редовно се игнорираше. Австралискиот Долар. Пред цирка пола година му падна нешто вредноста без некоја премногу очигледна причина што натера изненадувачки многу луѓе да купуваат АУД, што по логика на пазарна побарувачка значи дека ќе му рипа цената...

Како и да вртиш... ќе биде интересно :)

My $0.02 .... во денарска противвредност :)
 
badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Злато и само злато :)

Е не знам бе шо фама толку се крева, злато па злато.
Баш пред некое време бев да прашам колку ќе ми проценат еден златен ланец што го имам. Не дека ми беше за продавање, ама онака да прашам, оти разбрав златото отишло до небо на берза.:)
Купен 30 000, проценка 18 000 (најмногу, ми го ценеше еден и на 15 500).
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687

Епа стависе на местото на златарот де... и тој гледа да направи ќар :)

Инаку златото како благороден метал во однос на валутите е подобро од причина што го имало пред 1000 години и се убивало за него, денес е истото, така да не гледам причина зошто би се сменило тоа. Единствено поради несигурните валути и големата побарувачка цената му е нереално покачена (нешто како со нафтата). До кога ке видиме, но дефинитивно е најсигурната варијанта.
 
Dzish погоре поставив еден график за златото...покачувањето е нереално и во овој момент не сум сигурен дали е исплатливо да се купи злато кога цената е толку висока????
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Dzish погоре поставив еден график за златото...покачувањето е нереално и во овој момент не сум сигурен дали е исплатливо да се купи злато кога цената е толку висока????
Поисплатливо е да чуваш 10.000 евра кои сега вредат пример 1 кило злато, а може по 2 месеци да вредат 100 грама? И не е зголемувањето нереално, од 10 долари за грам се кренало на 30. +200%, замисли нафтата од 15 долари за барел беше 150, па сега е на некои 40.
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
Поисплатливо е да чуваш 10.000 евра кои сега вредат пример 1 кило злато, а може по 2 месеци да вредат 100 грама?

ако си сигурен дека така ќе биде односот(вредноста на златото ќе продолжи да расте) кажувај веднаш па сите да ќариме по некое евро!!!

од кај знаеш дека 10 000 евра кои се сега кило злато нема да вредат две кола по месец дена????сепак вредноста на златото е нерално висока!!!
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
ако си сигурен дека така ќе биде односот(вредноста на златото ќе продолжи да расте) кажувај веднаш па сите да ќариме по некое евро!!!

од кај знаеш дека 10 000 евра кои се сега кило злато нема да вредат две кола по месец дена????сепак вредноста на златото е нерално висока!!!
За тоа колку вредат 10.000 евра незнам (според твојот ценовник ако е 30 долари грам злато, за кило требаат 30.000 долари), така да тоа убаво е напишано пример :)

А за тоа што е сигурно цитат од баба ми: „сите ќе умреме внучко тоа е сигурно на овај свет, ништо друго“. Кој може да е сигурен? Можеби нема да мрдни еврото, а златото ке се врати по стара цена. Нема тука сигурност. Никој неможе да предвиди.

Уствари откако ке се деси една работа, ке излезат 10 луѓе што ке тврдат дека предвиделе. Ако се деси обратното одма излегуваат 10 други што тврдат дека го предвиделе. Ама ако споредиш колку погодиле, а колку промашиле, излегува дека тие што погодиле се 1% од целата експертска маса и погодиле на среќа :)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Сол бе ,чувајте пари во форма на добро лагерувана...на суво....сол...:)
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
„сите ќе умреме внучко тоа е сигурно на овај свет, ништо друго“
Шо па мене ме мешаш сеа? :pos:
Иначе.. кога веќе забегавме со муабетот... постои само едно нешто сигурно: недвижнини, земја да не речам.
Се дешаваат флуктуации... но никогаш... апсолутно никогаш не се десило цена на земјиште да се стабилизира на пониска од претходната стабилна. :toe:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Jас тврдам дека до завршување на изборите денарот ќе биде стабилен.Внимавајте дека ова е првокласно предвидување во светот на бизнисот.:smir:
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
Jас тврдам дека до завршување на изборите денарот ќе биде стабилен.Внимавајте дека ова е првокласно предвидување во светот на бизнисот.:smir:

значи наредниов месец дена се сигурни моите милијарди во денари???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom