Погодна валута...

Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
Шо па мене ме мешаш сеа? :pos:
Иначе.. кога веќе забегавме со муабетот... постои само едно нешто сигурно: недвижнини, земја да не речам.
Се дешаваат флуктуации... но никогаш... апсолутно никогаш не се десило цена на земјиште да се стабилизира на пониска од претходната стабилна. :toe:
недвижнините се стабилни засега!!! но дали така ќе оста на подолг период??? земи ја Америка за пример....таму вредноста на недвижнини , во смисла на станови и куќу, падна неколкукратно....што се однесува до земјата , би се согласил со тебе...мислам дека кај нас има сеуште добри парцели кои неемаат висока цена...
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
значи наредниов месец дена се сигурни моите милијарди во денари???
Јес дека сум лаик за економија ма нешто ми кажува дека ако навистина имаш во македонските банки милијарди денари, тогаш највероајтно е дека ако наеднаш ги претвориш во денари овие од народна банка ќе се пмачат за да го задржат курсот на денарот.
 
ова со милијардите беше хипотетичка (и посакувана) приказна, но во однос на она што го напиша се согласувам со тебе....

kupi si singapurski dolar i uzivaj
сингапурски долар??? објасни повеќе ако имаш околу ова??? што те тера да мислиш така???

мислам дека засега оваа валута стои скоро исто како останатите валути во однос на САД доларот....
 
Член од
3 август 2008
Мислења
39
Поени од реакции
0
Kolkav e Albanskiot Lek ??!!
mozebi on e isplatliv u momentot.:tv:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
значи наредниов месец дена се сигурни моите милијарди во денари???
Па верувам дека ваква сигурна прогноза не може да ти понуди ни најголемиот експерт во светот на парите и валутите.:smir:
 
Член од
15 февруари 2008
Мислења
50
Поени од реакции
0
Моментално денарот не требва да се девалвира. Нито преди изборите, нито после изборите. Наj добро за лjугето, па и за државата е курсот да остане истиот.
Еве во Србиа и Румуниа, девалвираха си валутите, а фаjда (вреда) никаква. Нито извозот им нарасна ни ништо, само по бедни станаха. Во светска икономска криза, кога во светот никоj ништо не купува, да мислиш оти ако девалвираш валутата си, твоите производи ке се харчат като топал леб е глупо - пак нема да се продават.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

Точно...Македонија треба да се држи за СТАБИЛНИОТ курс како пијан за плот, ако се испушти ќе ја однесе водата на НЕВИДЕНА ИНФЛАЦИЈА...растот и паѓањето на цените на ДОМАШНИОТ ПАЗАР нема никаква врска со курсот....од проста причина што Македонија нема што да извезе.....па да се поттикнува тој извоз.., само се увезува , а тој увоз во најголем дел се сервизира со заработувачката на гасарбајтерите кои со тоа веќе реализираат ИЗВОЗ на работна рака по релативно добра цена...
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
евентуалната девалвација на денарот на краток рок позитивно ќе се одрази на извозот, со што ќе се намали трговскиот дефицит...од друга страна на подолг рок, девалвацијата, која меѓу другото се шпекулира да биде околу 18% со што еврото би било околу 75 денари, сите ние скапо ќе ја платиме...да не зборуваме за губење на довербата, која и онака е кревка, во финансиските институции...

неколку денови пред нова година во Гостивар Бранко Црвенковски ја даде следната изјава:

- Ако не дојде до сериозна промена на економската политика на дравата и ако овој тренд продолжи, ќе биде тешко да се одбрани курсот на денарот. При ваков развој на настаните, можна е девалвација која пак негативно ќе одрази на граѓаните рече претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски.

истото го тврди и поголемиот дел од опозицијата, која и се обиде да нематне расправа околу евентуалната девалвација на денарот при усвојувањето на буџетот за 2009....

од друга страна гувернерот цврсто стои на позицијата за стабилна макроекономска политика и стабилен курс на денарот....

ние само можеме да чекаме па да видиме кое дереџе ќе не снајде!!!
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Jас тврдам дека до завршување на изборите денарот ќе биде стабилен.Внимавајте дека ова е првокласно предвидување во светот на бизнисот.:smir:
И јас истово го тврдам:smir:Но одкога ќе завршат,според мои видувања на земјава во игра и се следниве опции:
-девалвација,која ми изгледа како највозможна,според капацитетот на размислувањата на финансиерот:)Девизните резерви ни се топат,апресијацијата на денарот го достигнува врвот,курсот тешко во последниов период го брани Централната Банка.Зошто ќе ни се случи:затоа што фиксниот девизен курс на долг рок,е успешен за да ги задржи стабилни цените и инфлацијата,но тоа си има свои трошоци.Како што гледам секојдневно банката прави стерилизација (истиснување) на готовите пари во оптек.Од друга страна денарот ни е под постојана мета на шпекулативните светски играчи.И како круна на се влеговме во смртоносниот круг,либерализирана капитална сметка - фиксен девизен курс.За да се одржи стабилен курсот,каматните стапки ќе бидат високи.Немој некој да помислил дека ќе се намалат:)
Фактичката состојба на терен,е иста како во учебникот,може ќе не земат како земја за пример во наредните испитувања:)Со обични зборови,слободниот влез на странски пари во земјава,директно удираат врз стабилниот курс,кој се брани од државните резерви,кој секој ден ни се топат.Каматните стапки на ЦБ рипаат,бидејќи така го брани курсот.Каматните стапки на ЦБ,психолошки влијаат врз каматните стапки на банките кои се ригидни.И они ги зголемуваат. Извоз немаме ниту ќе имаме,затоа приказните за девалвација и зголемен извоз се продаваат на широката маса.Моментално работам на истражување на паричната маса,кое покажува дека во Македонија (емпириски) апресијацијата нема допирна точка со извозот.Колку смешно звучи секојдневното плачење за курсот на денарот и ивозот.
Кога еднаш ќе се направи деавлвација,ќе се направи уште еднаш-златно економско правило.Кај нас оваа ќе биде 5та по ред,ништо страшно:smir:

-втората опција која во последно време се дебатира е замена на денарот со евро.Со замената,веќе девалвацијата ќе биде минато.Нема што да браниме,Цб ќе си земе годишен принуден одмор,ние ќе си станеме европјани преку ноќ,мирна глава.Ќе рече некој,исто како Црногорците.Само со една мала разлика:)Црна Гора има море!!!
Сите шокови од надвор,нема кој да ги контролира,ќе ни се удрат десет пати по глава,со нашава економија,со нашиве развиени финансиски пазари.Не ми се верува дека ќе се дрзнат на ова,но ова е Македонија,се е можно.

-третата опција која ни стои на располагање е промена на стратегијата на таргетирање.Едни викаат Цб да се насочи кон инфлацијата,други викаат ЦБ да премине во флексибилен курс кој ќе се формира на пазарот.Оние што се за првата варијанта случајно забораваат да споменат дека цена за таа стратегија е пораст на невработеноста.Или можеби сметаат дека неможеме погоре да одиме со тие проценти на невработеност:)
Оние за флексибилниот курс,забораваат да спомнат дека флексибилниот курс бара развиена земја со извоз,коај ќе одговори на предизвиците.Баш такви сме:)

Јас сум за контролиран флексибилен девизен курс во границите на + - 5,во првите години,а подоцна да се опушти за некој минимален степен.Со тоа ќе си ја држиме инфлацијата во раце,каматните стапки ќе ни се смират,увозот ќе се дестимулира,ќе се ублажат ефектите на влезот на странски пари.Монетарната политика нема улога да го развива стопанството,може само да помогне ако е возможно.Фискалната политика треба малце да се стегне,некако е удрена на весеље.Пари летаат на сите страни,се пумпа администрацијата,платите растат,пензиите со нив,како се да цвета во државава.

Погодна валута во моментов нема.Најдобро е машки да држиме во денари,бидејќи уште паника фали во секторов.Но ова објективно.Субјективно,бегај од државава и фрли ги денарите после граница:smir:
 
вакви сериозни и стручни елаборати немој тука да продаваш каде што нема кој да ти се буни пошто делуваш најкомпетентно, викни неколку магистри и доктори по макроекономија и финансии, па со нив прави вакви муабети.
 
Член од
3 јануари 2008
Мислења
16
Поени од реакции
0
А шо ке се десит со Швајцарскиот Франк ? Тој до сеа беше еден од најстабилните .
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
вакви сериозни и стручни елаборати немој тука да продаваш каде што нема кој да ти се буни пошто делуваш најкомпетентно, викни неколку магистри и доктори по макроекономија и финансии, па со нив прави вакви муабети.
Ама ме искара:)Мислам дека одговарам во подфорум економија,каде можам и од стручен аспект да дадам свое гледиште на темата:smir:
И колку можев го кажав со општи поими,овде има луѓе кои добро ги разбираат економските појави каде можеме да дебатираме.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Amerika e dolzna kako Svetskiot BDP

muahahhahahhaaa...

inaku Amero (nova valuta e veke iskovana)

pa zatoa begajte od Dolari
 
CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
каков долар бе за сега само еуро
 
Kajgana Shop

На врв Bottom