Погледнете го овој резил

Статус
Затворена за нови мислења.

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Бугарија преку билборд им се заканува на македонските граѓани


Билбордот



“Добредојдовте браќа од Македонија. Ова не важи за просрпските политички елити, продадени медиуми и лично за ЛАТАС”.
Доколку патувате во Бугарија, овој билборд ќе го забележите од вашата десна страна на само 1 километар од граничниот премин Деве Баир.

По повод укинувањето на визниот режим, за македонските граѓани на 19 декември , Бугарското ВМРО на Красимир Каракачанов со почести и церемонија го поставија овој билборд.

Пораката испишана на него преставува директна закана за безбедноста на сите македонски граѓани, а особено новинари кои би патувале во Бугарија.

Јавно и директно една партија која е парламентрана и е дел од Собранието на една европска држава, упатува закани до граѓаните на нејазинот сосед, забранува нивни влез и со име прозива личности кои не се пожелни во Бугарија.

Кои се тие продадени медиуми и просрпски елити по се изгледа ќе проценат силеџиите, приврзаници на Каракачанов.


Да потесетиме, Бугарија е членка на ЕУ. Билбордот е поставен на бугарска теритрорија, што значи и на европска.

Дали е ова е слободата на говорот и демократијата која ја промовира Европската Унија или пак говор на омраза и директен чин на нарушување на добрососедските односи?

Извор: Сител ТВ
 
Член од
17 мај 2008
Мислења
13
Поени од реакции
1
Од проста раја што може да се отчекува а најинтересно е што кога ке влезеш во бугарија пише добродојдовте во европската унија :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
уште неколку табли нека стават :pos2:

нека се брукаат :tv:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Ова ќе биде резил ако официјално се реагира од македонска страна, до официјалните бугарски кругови, а посигурно до Брисел. Во спротивно ефектот кој е планиран да се постигне со пораката и дизајнот на самит билборд ќе биде потполн. Треба само да учиме од нив и грците за тоа како се реагира и за што се треба да реагираме. Не треба да се губи време, а и не чини многу, само треба брзо. На ред се нашите органи..
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Јас не се пронајдов во билбордов, препознав добредојде за 500-600 души меѓу кои Каров, Спаска и оној од Радко кое не ми смета, но ми смета тоа што ние Македонците(можеби не сме дефинирани сите(дефинирани се само "просрпските" политички елити и медиуми + Латас), треба да допрецизираат) не сме добродојдени(за дел од нив, да не ги заборавиме Македонците во бг кои со широко отворени порти би не пречекале).

Во секој случај: EPIC FAIL!
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
271
Поени од реакции
42
Ова ќе биде резил ако официјално се реагира од македонска страна, до официјалните бугарски кругови, а посигурно до Брисел. Во спротивно ефектот кој е планиран да се постигне со пораката и дизајнот на самит билборд ќе биде потполн. Треба само да учиме од нив и грците за тоа како се реагира и за што се треба да реагираме. Не треба да се губи време, а и не чини многу, само треба брзо. На ред се нашите органи..
Ne veruvam deka nema da se reagira. Sekako ke se pozalat.
No treba i da si epten naiven pa da ocekuvas reakcija od vavilonskata kurva :toe:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Ne veruvam deka nema da se reagira. Sekako ke se pozalat.
No treba i da si epten naiven pa da ocekuvas reakcija od vavilonskata kurva :toe:
Далеку од наивен (нели тие сега имаат оправдување, празници, па ова па она, па ќе видиме), но реакцијата треба да биде брза, заради самите нас, а и за нив, ќе сфатат тие колку и да се прават неудрени, брзата реакција сепак ќе даде до знаење дека сме озбилни како држава и ги штитиме интересите како таква.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
А мислите дека они го направиле ова без да очекуваат реакција и гнев од наша страна?

Некој упорно работи на одржување на лошите односи со некакви националистички претензии од бугарска страна, Каракачанов на тоа и заработува заедно со стипендистите кои ги праќаат овде да пропагираат. Тоа е како бизнис за нив.

Во секој случај, не си потпаѓајте под вакви провокации.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
А мислите дека они го направиле ова без да очекуваат реакција и гнев од наша страна?

Некој упорно работи на одржување на лошите односи со некакви националистички претензии од бугарска страна, Каракачанов на тоа и заработува заедно со стипендистите кои ги праќаат овде да пропагираат. Тоа е како бизнис за нив.

Во секој случај, не си потпаѓајте под вакви провокации.
Токму затоа треба реакција, за да не сфатат Каракачанов (Бојко) и стипендистите дека останатите ненаведени на билбордот се сложуваме дека сме „братја“. Оти реков, и самиот дизајн на билбордот е провокативен.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
A бе во ,,добредојдето,, од бугарска страна не гледам нешто лошо.

Ама самиот ,,имиџ,, на билбордот делува како провокација кон нас... арно де,на бугарите национален спорт им е да се резилат.
 
P

Princ

Гостин
Темава не е за во ЧДА? Ма ова е посмешно и од оној вицон за онаа плавушана :pos2::pos2:
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Ne im e ni prv pat ni posleden. izgleda toa im e del od nivnta maloumna kultura.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Темава не е за во ЧДА? Ма ова е посмешно и од оној вицон за онаа плавушана :pos2::pos2:
Princ,може би тоа ,,добредојдовте братја,, се однесува на вас албанците, од кај знаеш? :)
 
P

Princ

Гостин
Заебавај се ти ама јас орел двоглав не гледам во тоа билбордот :icon_lol:
Во секој случај, очаен потег (и воопшто не изненадува, ко вицот за плавуша што знаеш дека ќе заврши како глупа).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom