Повторно од почеток..

Член од
7 јануари 2009
Мислења
391
Поени од реакции
20
Jas porano imam davano vtora sansa na nekoi moi vrski ili prijatelstva,no so tekot na vremeto svativ deka toa e samo gubenje vreme.Zosto go kazuvam ova?Pa videte vaka koga edna licnost ja stava na kocka vasata ljubov ili prijatelstvo toa znaci deka ne ve postuva/saka dovolno za da se prodolzi nekoja vrska ili prijatelstvo.Zosto da davam sansa na nesto sto nekomu nisto ne mu znaci pa zosto mene da mi znaci nesto taa vrska ili prijatelstvo.Plus ne stojam ja na zakacalka da nekoj koga ke mu tekne da se druzi so mene da mu pruzam takvo zadovolstvo,nema potreba od takvi raboti,koj ednas me povredil toa pak ke go stori,zatoa nema kaj mene davanje vtora sansa a minatoto si e samo minato i toa ke ostane i ne bi sakala da se povtoruva.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Раскинати врски, прекинати пријателства, изгубена доверба, неуспех на работното место.. Било што и да е, кога нешто што сте правеле односно ви се случувало порано, а прекинало поради некоја причина, и сега повторно сакате да го обновите, односно сакате повторно да почнете од почеток.
Колку се тешки овие почетоци?
Многу. Многу се тешки и тоа од едноставна причина што не се почетоци, туку продолжетоци. Тешко е врз основа на нешто кое порано те оделило од некој, да го градиш повторно она кое си го изгубил.

Колку можат да бидат исто успешни како порано?
Многу тешко и ова. Некои работи едноставно колку и да сакаме да ги поправиме, остануваат исти и во себе ја задржуваат суштината.

Кога нешто ќе се сруши, или ќе се скрши, можеби ќе можеме беспрекорно да го залепиме, но тоа само навидум ќе изгледа како составено.
Длабоко во себе ќе сме свесни дека тоа не е тоа што било на почетокот.

Колку е ваков случајот и со животните ситуации? На пример, сте прекинале врска со некоја личност, но поради некоја причина повторно се наоѓате во ситуација за нов почеток.
Колку во тој случај сте способни да простите ако има потреба, колку можете да заборавите ако нешто ве повредило претходниот пат?
Или пак, угледот на работното место, почитта, довербата од пријателите, а тоа е нешто што е лесно да се изгуби а многу тешко да се стекне.
Има една поговорка која вели: Потребен е цел живот за да се стекне она кое се има, но само 1 минута за тоа да се уништи.
Никогаш не би можел да заборавам нешто кое ме повредило и да поминам преку тоа како никогаш да не било. Колку и да го потиснувам тоа, секогаш ќе остане како невидлива бариера која потсвесно ќе ме бутка настрана.
Не верувам дека ако една врска заврши, потоа би имала здрава подлога за да продолжи. Врз нестабилни темели ништо не се гради.

Колку вие сте се нашле во ситуација да сакате повторно да почнете нешто од почеток?
Многу пати сум паднал во искушение некои работи да посакам да ги почнам од почеток но сфаќам дека нешто кое еднаш поминало, се враќа, но не со истиот интензитет и не со истата воља.

Јасно е дека секој нов почеток е тежок, но поентата ми е= колку можат нештата да бидат исти како порано?

Многу малку. Ништо не може да биде како порано. Џабе е живеење во илузија дека ако се заборави на се’ дека понатаму се’ ќе биде океј. Едноставно тоа е потребата да не бидеме сами, и да пробаме нешто од почеток за кое се сметаме самите себеси за виновни. Како што секоја втора шанса е можност за искупување на грешката, така и ова. Само што овде има една разлика. Овде не ја бараме грешката во она кое не разделило, туку ја бараме во нас и во оној со кој сме го прекинале тоа што сме го имале.

Можно ли е да ситуацијата биде идентична како во минатото, да другите ја вратат довербата во вас или вие во нив, без притоа да не постои ни најмало колебање?
Човековиот мозок е толку сложено конструиран, што колебањето секогаш ќе биде првата работа која тој ќе ја принесува при објективното размислување.

Може ли да ја обновите врската без страв дека можеби повторно ќе бидете повредени?
Никако. Инстинктот на човекот ќе биде секогаш тука да го предупреди да се чува од она од кое бил повреден минатиот пат.

Ќе има ли последици од направените грешки од минатото?
Карактерот на луѓето значително се менува при вакви продолжувања на нешто кое било прекинато од х причини. А со тоа би се сменила и целата структура на она кое планираат да се продолжи.
Колку старите работи можат безболно да се обноват без да причинат штети и без старите искуства да им бидат во сенката?
Колку лично вам би ви влијаело и дали би ви влијаело минатото во вакви случаи?
Знам дека би ми влијаело многу. Едноставно неколку искуства ме научија дека изгубената верба во луѓето не вреди да се обновува. Едноставно тоа што се случило, останува како голема препрека.

Лесно ли ќе ја вратите повторно довербата која сте ја имале во некои луѓе, а ја изневериле, или да ги прифатите поранешните партнери или пријатели со раширени раце и покрај минатото лошо искуство?
Многу тешко, скоро никако. Не би сакал себеси да си дозволам заблуда и нереалност во однос на она кое би требало да се врати.

Дали еднаш расипаните нешта можат да се поправат од корен или само навидум?
Само навидум. Како што природата се менува, но во глабала останува иста, така и овие расипани нешта или ќе се дорасипат или минимално ќе се променат. Но во глобала секогаш ќе бидат проблеми.
 
М

Мрак

Гостин
Неможат нештата да бидат исти како порано,можеби ете ретко се случува и тоа.Кога едно нешто си го поминал,па потоа пак се навраќаш на истото,веќе појнаку размислуваш и го гледаш со поинави очи.Тоа е на пр ако се вратиме на старото нешто,но како да започнувме нов почеток.
Ако пак,еве врска сте имале и раскинувате,а ти потоа сакаш да започнеш од почеток.нова врска СО ДРУГ тогаш никако нема да биде слично на првата поради рзличните личности,настани,размислувања.Многу е теожк тој премин,откако нешто ќе заврши до новиот почеток.За нешто да заврши мора да ставиме точка и крај,навистина да го завршиме.Некои грешат што не ги завршуваат работите комплетно и потоа во новиот почеток и понатаму се навраќаат на минатоо што не е убаво.Ете и некои откако ќе стават крај,тешко им е па сега новиов почеток да го почнат.Едноставно,и да се навраќаш на старо,да ти биде како 2 шанса,и да почнуваш сосема ново..тешко е.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.388
Поени од реакции
25.169
Нов почеток?
Тоа звучи многу храбро, многу предизвикувачки. Животот носи предизвици, а некогаш мислам дека е точно она дека "се' е релативно". Ама мислам дека се' се врти во еден круг. Тоа ти е како тајм травелингот во Лост...
Некои кругови имаат поголем дијаметар, некои помал, наше е да ги свртиме по еднаш и да се свртиме себеси околу нив.

Ако се предадам на некој мал предизвик или сум глуп или сум емо. Ама не сум ништо од двете, особено второто. И Брус Вилис се бореше да го спаси светот во Армагедон... И го спаси, јебига, тоа ти е, секогаш некоја работа во животот не е судено да има среќен крај, ама подобро да се сеќаваме на убавите спомени од секоја врска, било пријателска, љубовна, врска меѓу човек и предмет и слично...
Секогаш се навраќам на оној цитат што го искористи Силвестер Сталоне во Роки 6:

The world ain't all sunshine and rainbows. It's a very mean and nasty place and I don't care how tough you are it will beat you to your knees and keep you there permanently if you let it. You, me, or nobody is gonna hit as hard as life.
But it ain't about how hard ya hit. It's about how hard you can get it and keep moving forward. How much you can take and keep moving forward. That's how winning is done!

Некогаш старите патишта се обновуваат со нови шанси. Ако можете искористете ја, како што Силвестер Сталоне ја искористи против Аполо Крид.
Тоа е животот, нови почетоци со стари краишта, стари краеви со нов почеток, нови почетоци со нови краеви, ама никогаш стар почеток со стар крај... Тоа не оди во комбинација.
:helou:
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Колку само охрабрувачки би звучело, после долго време тага и јадосување, да започнеш со некого повторно од почеток. Всушност, неможе да се започне некоја работа скроз одново. Тоа е навидум, бидејќи спомените од минатото, заедничките работи кои сме ги правеле порано неможат туку така да се избришат. Нити повредите кои биле нанесени сакајќи или несакајќи, не само во љубовна врска, станува збор за било каква врска.
Доколку постои љубов, ништо не не` чини да дадеме втора шанса. Меѓутоа довербата ќе биде заострена и повеќето работи ќе се примаат со резерва. Тешко е да веруваш некому кој веќе еднаш ја изиграл твојата доверба бидејќи лесно се руши, а многу тешко се гради. И ако таа втора шанса биде повторно изиграна, личноста не заслужува следна(прашање е дали ја заслужила и втората) бидејќи така може да се игра до бесконечност.
Убаво е кога некои работи ќе се сведат на истото ниво на кое се држеле порано. Но ова тешко се остварува. По втората шанса, односот меѓу личностите може да биде нешто подобар од претходниот, или евентуално полош. Ретко се случува да е на подобро..секогаш оди на полошо.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Секој ден е нов почеток, секој нов момент е нов почеток.
 

апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
Еднаш кога ке пукне нешто не е пак исто. Се познава каде е лепено.
Длабоките рани заздравуваваат со текот на времето, но лузните остануваат вечни.
 
G

GoddessOfRock

Гостин
Кога сакаш да скршиш нешто прво пази да не посакаш пак да го имаш здраво!! Бидејки раната од скршеницата останува. Сметам дека не може да се почне одпочеток, бидејки секавањата и стравот од болката нема да доволат се да биде како порано.
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Ќе се надоврзам само со еден текст кој има многу добра содржина, се надевам ќе го сватете.

Си било едно момче кое имало лош карактер. Татко му му дал вреќа полна клинци и му рекол секогаш кога ќе збесни и ја изгуби контролата врз себе, да закова еден клинец во оградата... Првиот ден момчето заковало 37 клинци. Во текот на следните неколку месеци тоа научило да го контролира својот бес и бројот на заковани клинци се смалувал. Открило дека е полесно да го контролира својот карактер отколку да кова клинци во оградата.

Најпосле осамнал денот кога момчето не заковало ниту еден клинец во оградата. Отишло кај татко му и му кажало дека тој ден не побеснало.

Тогаш татко му му рекол: „Секој ден кога ќе успееш да го контролираш своето однесување, извади еден клинец од оградата.“
Деновите проаѓале и еден ден момчето му кажало на татко си дека ги извадил сите клинци од оградата.

Таткото го зел сина си за рака и го одвел до оградата. Тогаш му рекол: Добро си направил сине мој, но погледај ги сите овие дупки во оградата. Оградата никогаш повеќе нема да биде иста. Кога во бес ќе кажеш некои работи, тие оставаат лузни како што се овие дупки во оградата.

Можеш човека да го прободеш со нож и да го извадиш ножот. После тоа не е важно колку пати ќе кажеш дека ти е жал, дупките остануваат.

Вербалната рана исто толку боли како и физичката.

Пријателите се навистина ретки скапоцени камења, тие те насмеваат, те охрабруваат да успееш во нешто, спремни се да те сослушаат, да ја споделат твојата болка, имаат убав збор за тебе и секогаш имаат отворено срце за тебе.

Животот не е блок за цртање. Грешките не се направени со молив за кои може да се употреби гума за бришење, за да ги снема, како никогап да не постоеле.

"Едно убаво нешто во пријателството е сознанието кому можеш да му довериш тајна."
 

Kajgana Shop

На врв Bottom