Повторно од почеток..

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.866
Поени од реакции
23.682
Промената може да значи прогрес, пропаст или исти ташак. Стагнацијата значи само исти ташак.

Учебникарски гледано во однесувањето на организацијата битни се две работи

1. Луѓето се суштества да не речам робови на навиката.
2. Луѓето имаат одбивност кон промена.

Значи овие 2 хипотези ако ги земеме на ad hok база како релевантни кажуваат многу. Бабинскиот пристап на работите гласи вака: Си заврши факултетче, си најде работичка, си земаш платичка сега уште да те жениме и твоето животно прашање е решено и за волја на вистината луѓето се држат за тоа како за јајцата на Велигден. Кључен збор-сигурност. Да, сигурноста им е се. Мизерување на работа, врска со дечко/девојка со којшто повеќе се издеравате отколку сексате и подоцна стапување во брак со истите, лицемерни другари кои би те продале за кило компири. Ама битно имам работа, имам дечко/девојка имам другари и тоа долго време со други зборови имам сигурност, а тоа што кркам два лексилиума пред спиење е пролазна ствар важно јас сум сигурен важно мојот систем на навики е убаво нареден. Убавината на мизерниот и сигурен живот. Не драги мои, ништо не е толку страшно ништо не е толку трагично. Страшен е само стравот. Страв лозје чува ама за жал не вашето. Ако на тоа ја додадеме типичната македонска летаргија на непревземање на ништо и класичниото решение кога животот ти мава секс-ај боље да си купам вазелин, јасна е ситуацијата. И нормално тука се јавуваат оние ноктогризачки прашања-ама како ќе се разведам со него 10 год сме во брак? Што ќе кажат комшиите? Нема да најдам друга љубов? Ќе треба да се селам итн, итн... Или ќе запнеш од ново и ќе се помачиш или ќе мизеруваш во сигурноста и ќе се прашуваш секоја вечер дали овој пат ме вара со комшиката Трајанка или со колешка му Митра. Промената е добра ако е промислена. Ставете се на маса, добро измерете, и реагирајте, непромислено никако. Кратко е времето за да го потрошите на мизерии, дибеци, кучки и психолози. Проклето кратко... Трагање и менување додека основните принципи не се барем до солидно задоволително ниво како што треба (пошто баш по ваш вкус никогаш нема ни да бидат).

Што би рекле големите тирани на Малезиско-Тајландски работници

 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Секој почеток е тежок.
По еден крај и вртење на нов лист сватив една работа..
Никогаш не остануваме исти и сме скроз нови луѓе кога ќе почнеме од почеток.. Само треба да остане минато тоа што било за да можеме да продолжиме тоест почнеме од ново успешно.. Ако се навраќаме стално на тоа што било живееме во минато.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Дај заврши круг и почни од почеток...(текст од македонска поп песна),животот наш човечки ни е поделен на некој чуден начин на одредени циклуси,па така да колку човек полесно започнува толку полесен му е живот(нормално и колку му е полесно да го заврши циклусот резултатот е исти).
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Прво мора да бидеме свесни дека се си има свој крај, а секој крај значи почеток на нешто ново. И како што викаат "не знаеме што имаме се додека не го изгубиме", а кога ќе го изгубиме ќе сфатиме дали вредело тоа или било само лажна перфекција.
Мора да сме спремни достојно да пречекаме еден крај и уште подостојно да завртиме нова страница. Секој почеток е тежок, треба да вложиш повеќе труд за да успееш, а тогаш можеби ќе дојдеш на онаа точка на свеста кога ќе согледаш дали трудот се исплатил.
А мое мислење е дека на некои работи не треба веднаш да им ставаме крај и веднаш да завртиме нова страница, мора да оставиме малку време да помине и да не избрзуваме со одлуките за нов почеток .
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Според мене....

Ако се почне од почеток ние самите пак ќе ги правиме истите грешки.
Би промениле нешто само доколку ни се смени и личноста, мислам, карактерот.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Раскинати врски, прекинати пријателства, изгубена доверба, неуспех на работното место.. Било што и да е, кога нешто што сте правеле односно ви се случувало порано, а прекинало поради некоја причина, и сега повторно сакате да го обновите, односно сакате повторно да почнете од почеток.
Колку се тешки овие почетоци?
Колку можат да бидат исто успешни како порано?
Кога нешто ќе се сруши, или ќе се скрши, можеби ќе можеме беспрекорно да го залепиме, но тоа само навидум ќе изгледа како составено.
Длабоко во себе ќе сме свесни дека тоа не е тоа што било на почетокот.
Колку е ваков случајот и со животните ситуации? На пример, сте прекинале врска со некоја личност, но поради некоја причина повторно се наоѓате во ситуација за нов почеток.
Колку во тој случај сте способни да простите ако има потреба, колку можете да заборавите ако нешто ве повредило претходниот пат?
Или пак, угледот на работното место, почитта, довербата од пријателите, а тоа е нешто што е лесно да се изгуби а многу тешко да се стекне.
Колку вие сте се нашле во ситуација да сакате повторно да почнете нешто од почеток?
Јасно е дека секој нов почеток е тежок, но поентата ми е= колку можат нештата да бидат исти како порано?
Можно ли е да ситуацијата биде идентична како во минатото, да другите ја вратат довербата во вас или вие во нив, без притоа да не постои ни најмало колебање?
Може ли да ја обновите врската без страв дека можеби повторно ќе бидете повредени?
Ќе има ли последици од направените грешки од минатото?
Колку старите работи можат безболно да се обноват без да причинат штети и без старите искуства да им бидат во сенката?
Кои се вашите искуства и мислења за ова?
Колку лично вам би ви влијаело и дали би ви влијаело минатото во вакви случаи?
Лесно ли ќе ја вратите повторно довербата која сте ја имале во некои луѓе, а ја изневериле, или да ги прифатите поранешните партнери или пријатели со раширени раце и покрај минатото лошо искуство?
Дали еднаш расипаните нешта можат да се поправат од корен или само навидум?
Споделете некое ваше искуство.. Повелете:helou:
Колку се тешки овие почетоци?

ептен се тешки, меѓутоа се и полезни . Едноставно мора да ти се деси некоја работа , неизбежно е. На ваквите ситуации јас лично гледам голем тест за себе и својата личност. да си докажам и покажам на себеси колку знам и можамда се носам со предизвиците што ми ги носи животот.


Колку можат да бидат исто успешни како порано?

Работите дефинитивно можат да бидат успешни! меѓутоа не секогаш . Тоа пред се зависи од тоа дали оние кои почнуваат да го поправаат она веќе скршеното имаат навистина волја и желба да се потрудат да го поправат.секако многу други субјективни и објективни фактори влијаат врз успехот.


колку можат нештата да бидат исти како порано?

работите дефинитивно нема да бидат исти. Но тоа не значи дека нема да бидат убави . Поентата ми е , глупаво е да не пробаш да се смириш со пријателот или партнерот тргнувајчи од мисла-никогаш нема да е како порано.да може нема да е исто,ама тоа не значи дека е убаво. Ја лично , ако некогаш се одвратам од смирување со бивши партнер или пријател и доколку би се одвратил и би немал храброст за тоа, цел живот ќе се измачувам со прашањето ШТО БИ БИЛО КАД БИ БИЛО.
Колку во тој случај сте способни да простите ако има потреба, колку можете да заборавите ако нешто ве повредило претходниот пат?

Секогаш простувам во името на љубовта и пријателството.Но никогаш заборавам! меѓутоа би се нафатил на поправка само ако постои обострана искрена желба за тоа. веувам дека се а поготово љубов и пријателство заслужува втора шанса.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Секој почеток само по себе е тежок,без разлика за каква работа станува збор.Но почеток на нов живот после долга врска е дефинитивно тешко.Некако на подруг начин ги гледаш и ги доживуваш работите.Работите дефинитивно нема да бидат исти како порано со самото вртење на нова страна во животот.
Работите можат да бидат успешни како и порано но за се треба време.Барем така викаат постарите дека време лечи се(бар по поголем број на случаи)
Сметам дека животот продолжува понатаму и дека треба да се соберат сили едноставно да се продолжи понатаму.Тоа е всушност животот.Се си има почеток и крај,а кога ќе дојде тој крај поучени од поранешните искуства и помудри останува само да го чекаме почетокот на нешто ново ...
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Еве ке кажам едно мое искуство...

Имав две најдобри другарки во основно со кои бевме заедно скоро секој ден. Се дружевме около 5-6 години, не знам точно, и еден ден поради многу глупава причина се скаравме со едната...
После неколку дена отидовме кај неа дома бидејќи мислевме дека е само глупа караница, то таа ни ја тресна вратата пред очи...
Поминаа две години и еден ден случајно ја гледам на улица, и здраво-здраво, мал муабет, и девојката ме вика кај неа на кафе... Одам јас и го нема муабетот како порано, ја нема довербата, се однесувавме како странци, кога сфатив дека нов почеток нема да се случи, се беше премногу чудно...
Еве две години поминаа од тој ден и сега пак сме на едно здраво-здраво, како си итн...

Во овој случај нештата не беа ни приближно исти како порано, но ова е само еден пример за изгубено пријателство, за кое ни јас ни таа не вложивме некој посебен труд да го вратиме...
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Колку и да се бајковити приказните за нови почетоци, сепак се само приказни. Не верувам во нов почеток, не верувам во нова шанса.
Едноставно, било добро додека траело, а ако сеуште е добро немало да прекине.
Обидите за нов почеток на стара врска се само показател дека сеуште не сме собрале сили да и погледнеме во очи на вистината и да продолжиме натаму, односно таквите обиди се бесмислено трошење на животот кој и без тоа е краток.
 

LiGLaTa

PartY AnimaL =)
Член од
10 јуни 2008
Мислења
310
Поени од реакции
10
Викаат времето неможе да се врати назад.. но кога веќе зборуваме за втора шанса би требало да дадеме се од себе за да оди понатаму.. искрено.. многу е тешко некои навики да се изменатт.. но како што викаат кога сакаш бараш начин.. Според мене би требало да успее.. мислам се додека има разбирање, но во некои ситуации минатото неизбежно не следи ... :wink:
 

GothLady

Heinous
Член од
16 јуни 2008
Мислења
283
Поени од реакции
33
Довербата тешко се добива, а лесно се губи. Кај мене нема втори шанси и повторни почетоци. Зашто би му дала некому втора шанса доколку еднаш ме повредил, најверојатно тоа ќе го направи пак, нема причина зошто би се навраќала на личности и нешта кои што во минатото ме повредиле на било каков начин. Едноставно, од грешките од минатото се учи, не треба да се повторуваат, нешто што веќе завршило поради X причини веќе никогаш нема да биде исто, без разлика колку се трудиме да биде...
 
А

Александра Д.

Гостин
Нема почеток....нема ни крај.... Тоа е моето гледиште на животот. Доколку се случи нешто, ако не се соочиш со тоа и не го прифатиш какво што е, ќе е со тебе секогаш и ќе те следи во секој твој чекор. Втора шанса? Заивиси од случката, ако некој ме повредил ќе му простам, но не значи дека ќе го сакам во мојот живот или пак ќе му дадам втора шанса. Едноставно додека не ги прифатиме работите тие ќе се со нас, не велам дека тогаш се’ ќе е како порано нормално дека довербата ќе е изгубена и нема никогаш да се врати затоа што ќе сме свесни што може таа личност да ни направи...
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
8
Поени од реакции
0
Лошите искуства ни носат нови поуки. Лузните остануваат, а животот оди понатаму. Времето не учи како да живееме со тоа...
Некои работи е потребно само да ги заглавите во некој ќош, невозможно е да ги одминете, ама не ги гледате секогаш.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Раскинати врски, прекинати пријателства, изгубена доверба, неуспех на работното место.. Било што и да е, кога нешто што сте правеле односно ви се случувало порано, а прекинало поради некоја причина, и сега повторно сакате да го обновите, односно сакате повторно да почнете од почеток.
Колку се тешки овие почетоци?
Колку можат да бидат исто успешни како порано?
Кога нешто ќе се сруши, или ќе се скрши, можеби ќе можеме беспрекорно да го залепиме, но тоа само навидум ќе изгледа како составено.
Длабоко во себе ќе сме свесни дека тоа не е тоа што било на почетокот.
Колку е ваков случајот и со животните ситуации? На пример, сте прекинале врска со некоја личност, но поради некоја причина повторно се наоѓате во ситуација за нов почеток.
Колку во тој случај сте способни да простите ако има потреба, колку можете да заборавите ако нешто ве повредило претходниот пат?
Или пак, угледот на работното место, почитта, довербата од пријателите, а тоа е нешто што е лесно да се изгуби а многу тешко да се стекне.
Колку вие сте се нашле во ситуација да сакате повторно да почнете нешто од почеток?
Јасно е дека секој нов почеток е тежок, но поентата ми е= колку можат нештата да бидат исти како порано?
Можно ли е да ситуацијата биде идентична како во минатото, да другите ја вратат довербата во вас или вие во нив, без притоа да не постои ни најмало колебање?
Може ли да ја обновите врската без страв дека можеби повторно ќе бидете повредени?
Ќе има ли последици од направените грешки од минатото?
Колку старите работи можат безболно да се обноват без да причинат штети и без старите искуства да им бидат во сенката?
Кои се вашите искуства и мислења за ова?
Колку лично вам би ви влијаело и дали би ви влијаело минатото во вакви случаи?
Лесно ли ќе ја вратите повторно довербата која сте ја имале во некои луѓе, а ја изневериле, или да ги прифатите поранешните партнери или пријатели со раширени раце и покрај минатото лошо искуство?
Дали еднаш расипаните нешта можат да се поправат од корен или само навидум?
Споделете некое ваше искуство.. Повелете:helou:
Секој почеток е тежок, но имаше еден крај кој ме обележа на доста болен начин. Тоа беше крајот на мојата прва врска. Бев премногу повредена, не знаев за себе, мислев дека ќе ми искочи срцето од болка и тоа го посакував... Но секој крај е нов почеток, колку и да доцни тој нов почеток... Мислам дека краевите се потешки за преживување кога се случуваат прв пат. Првото искуство мислам дека е најтешко за преживување. По природа сум лесно прилагодлива и флексибилна за кратко време. Да, нештата можат да бидат исти како порано, односно не целам на тоа, целам да бидат - подобри. Простувам, а кога ќе простам го бришам севкупниот впечаток за личноста дотогаш, било да е добар или лош. И се` почнува од почеток, мора пак да ми се докаже со сите квалитети и анорексични испади на лоши особини.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Може да им се даде втора шанса на работите,иако никогаш нема повторно да е истото како порано,како градење кула од карти,ќе стигниш до некаде,се урива,повторно почнуваш да ја градиш,ја градиш повторно на исти начин,но ќе избереш малку поинакви опции,можеби пак ќе се урне,но можеби и ќе успееш,знаеме дека почетокот може да биде и тежок,но и досаден ако до тогаш веќе сме изминале негова одредена етапа,а треба пак да ја одиме заради нашиот пад...Па така ти остануваат две опции или да избереш нешто за што те бива повеќе,очекувајќи само победи,а и ако има падови да не бидат многу фатални,или пак да се обидуваш да стигнеш до старата цел,преку упорност,но да знаеш дека нема работите да бидат исти како порано,ниеден момент не може да се повтори,тој е назад оставен во времето,и колку и да се обидуваш да го вратиш не можеш,но тоа не значи дека работите можат да одат само на полошо,можат да бидат и спротивно,без разлика дали се работи за врска,работно место и сл...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom