- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 19.701
- Поени од реакции
- 34.942
Менискус - Meniscus !
... тоа е диск во колено во форма на полумесец или буквата С, секое колено има два менискуса еден надворешен на ивицата на коленото, а другиот внатрешен, преку кој се балансира тежината на телото ротирајќи на дие два диска, повредите на менискус кај помладите може да бидат поради брзо движење и ротација на коленото на тие дискови при што доле стапалата се фиксни на земја,а коленото свиткано, при спортски повреди и при дигање на преголема тежина, додека кај постарите се губи еластицитетот на менискусот на ротација на тие дискуси при што повредите се почести при различни нагли движења на коленото ...
... сега би рекле дека постојат три повреди на менискусот со скоро точно одредени симптоми, но со различни варијации зависно од индивидуата и возраста...
- повреда од прв степен се смета полесна повреда пропратена со блага болка на коленото и оток и со мирување и криометода ( држење на мраз на повредено колено) со подигање на нозете секогаш во висина над срцето и би требало да се повлече и болката и отокот само од себе за две до три недели,
-повреда од втор степен се смета повреда на колено каде болката е насочена странично и централно на зглобот на коленото и после два, три дена најчесто се појавува оток при што доаѓа до недвижење и укоченост на самото колено при свиткување, но со обично одење нема проблем, ама ако се сака на пример да се свитка коленото( т.е. да ротира) па и да се чучне доаѓа до многу силна и оштра болка на коленото, со иста примена на мирување и чување од свиткувања и ротирање на коленото и при примена на мраз на местото на болка може повредата да исчезне за 2,3 недели, но со опомена дека ако повторно нагло се придвижи ротира коленото, повторно доаѓа до истото најчесто ова ситуација ја имаат спортистите при нивните повреди...
-повреда од трет степен како тешка повреда каде веќе имаме оштетување дури распарчување на менискусот при што коленото не може веке ниту да ротира, нога не може да се исправи дури доаѓа до незгодно тресење на ногата-коленото поради нестабилноста дури може и да се откачи од лежиштето тука веќе зборуваме за хирушко лечење поради составување на распарчениот менискус при повредата, па дури може и остранување на дел од менискусот и колку е интервенцијата кон центарот на самиот менискус толку е поопасна...
доколку е мала повредата на надворешниот менискус најчесто се лечи со мирување и со критерапија и други методи од физикална терапија и носење на еластичен завој, но доколку повредата е тешка оперативнен пристап се има само кон помладите додека постарите пациенти немаат толку корист од операција поради староста и губењето на еластичноста на менискусот и кај нив поинаку се третира и болката и отокот и движењето...
во сиве овие случаеви многу е важна точна дијагноза која без РТГ( рентген) и магнетна резонанса никој не може да знае со точност која структура на коленото е оштетено и до која мера и тука се прават грешки, затоа дијагностички често се применува метода на артроскопија каде со оптички инструмент артроскоп поврзан со камера преку мал рез на колено се влегува во него и ортопед хирург може да види во која ситуација е зглобна рскавица, капсулата, лигаментите и други зглобни структури при што се одлучува што понатаму со лечењето или хирушка интервенција...
рехабилитацијата на повредата на менискусот бара трпение, внимание при движење, идеална тежина и физикална терапија што често пати пациентите немаат трпение ( или родителите) или пак лекарите поради честата посета на пациентите превземаат подрастични мерки што ете некогаш се и погрешни ...
често пати повредите на коленото ( менискусот) доаѓа од една банална посета на теретана или фитнес тренинг со неправилно загревање и вовед во тежина на вежби се прават чучњеви и доколку особата е и покрупна сигурно следниот ден веќе ќе осеќа болка во коленото, неподвижност, а за два дена сигурен оток
......доколку повредата на коленото ( менискус) е од прв и втор степен со мирување и ладни облози се повлекува само од себе за 2,3 недели зависно и од возраста на пациентот и интензитетот на повредата, од тука и честите коментари на докторите дека менискусот може да се повлече само од себе, но без објаснување барем така минимално што се случува околу повредата на менискусот така да со право секој пациент би се сомневал и би барал на друго место поагресивно решение кое може да биде и погрешно...

Последно уредено: