Повреди на колена, совети, прашања..

  • Креатор на темата Креатор на темата ФорцаМилан
  • Време на започнување Време на започнување
Менискус - Meniscus !

razkasan-meniskus.jpg

... тоа е диск во колено во форма на полумесец или буквата С, секое колено има два менискуса еден надворешен на ивицата на коленото, а другиот внатрешен, преку кој се балансира тежината на телото ротирајќи на дие два диска, повредите на менискус кај помладите може да бидат поради брзо движење и ротација на коленото на тие дискови при што доле стапалата се фиксни на земја,а коленото свиткано, при спортски повреди и при дигање на преголема тежина, додека кај постарите се губи еластицитетот на менискусот на ротација на тие дискуси при што повредите се почести при различни нагли движења на коленото ...

crossfit+back+squat+girls.jpg

... сега би рекле дека постојат три повреди на менискусот со скоро точно одредени симптоми, но со различни варијации зависно од индивидуата и возраста...
- повреда од прв степен се смета полесна повреда пропратена со блага болка на коленото и оток и со мирување и криометода ( држење на мраз на повредено колено) со подигање на нозете секогаш во висина над срцето и би требало да се повлече и болката и отокот само од себе за две до три недели,

karas-3252.jpg

-повреда од втор степен се смета повреда на колено каде болката е насочена странично и централно на зглобот на коленото и после два, три дена најчесто се појавува оток при што доаѓа до недвижење и укоченост на самото колено при свиткување, но со обично одење нема проблем, ама ако се сака на пример да се свитка коленото( т.е. да ротира) па и да се чучне доаѓа до многу силна и оштра болка на коленото, со иста примена на мирување и чување од свиткувања и ротирање на коленото и при примена на мраз на местото на болка може повредата да исчезне за 2,3 недели, но со опомена дека ако повторно нагло се придвижи ротира коленото, повторно доаѓа до истото најчесто ова ситуација ја имаат спортистите при нивните повреди...

%D0%A0%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B4%D0%BE_%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BE.jpg

-повреда од трет степен како тешка повреда каде веќе имаме оштетување дури распарчување на менискусот при што коленото не може веке ниту да ротира, нога не може да се исправи дури доаѓа до незгодно тресење на ногата-коленото поради нестабилноста дури може и да се откачи од лежиштето тука веќе зборуваме за хирушко лечење поради составување на распарчениот менискус при повредата, па дури може и остранување на дел од менискусот и колку е интервенцијата кон центарот на самиот менискус толку е поопасна...

893d1d1cc2c8119890b196bb86e00e05_270x270.jpg
Meniskus.png

доколку е мала повредата на надворешниот менискус најчесто се лечи со мирување и со критерапија и други методи од физикална терапија и носење на еластичен завој, но доколку повредата е тешка оперативнен пристап се има само кон помладите додека постарите пациенти немаат толку корист од операција поради староста и губењето на еластичноста на менискусот и кај нив поинаку се третира и болката и отокот и движењето...

9.jpg
images

во сиве овие случаеви многу е важна точна дијагноза која без РТГ( рентген) и магнетна резонанса никој не може да знае со точност која структура на коленото е оштетено и до која мера и тука се прават грешки, затоа дијагностички често се применува метода на артроскопија каде со оптички инструмент артроскоп поврзан со камера преку мал рез на колено се влегува во него и ортопед хирург може да види во која ситуација е зглобна рскавица, капсулата, лигаментите и други зглобни структури при што се одлучува што понатаму со лечењето или хирушка интервенција...

le-pilate-mon-nouvel-allier-4f44031e96ee1-jpg-501bf77740023.jpg

рехабилитацијата на повредата на менискусот бара трпение, внимание при движење, идеална тежина и физикална терапија што често пати пациентите немаат трпение ( или родителите) или пак лекарите поради честата посета на пациентите превземаат подрастични мерки што ете некогаш се и погрешни ...

70a7c2ed35b0f8b2225bf2b30f9f597b_XL.jpg

често пати повредите на коленото ( менискусот) доаѓа од една банална посета на теретана или фитнес тренинг со неправилно загревање и вовед во тежина на вежби се прават чучњеви и доколку особата е и покрупна сигурно следниот ден веќе ќе осеќа болка во коленото, неподвижност, а за два дена сигурен оток (y)
......доколку повредата на коленото ( менискус) е од прв и втор степен со мирување и ладни облози се повлекува само од себе за 2,3 недели зависно и од возраста на пациентот и интензитетот на повредата, од тука и честите коментари на докторите дека менискусот може да се повлече само од себе, но без објаснување барем така минимално што се случува околу повредата на менискусот така да со право секој пациент би се сомневал и би барал на друго место поагресивно решение кое може да биде и погрешно... :(
 
Последно уредено:
И од едно друго девојче го имам чуено ова, ни на мене не ми е јасно како може тоа да им го зборат.
Кога се повредив, од сестра медицинска, која патем ми е и роднина добив совет да одам на местач, демек не било сериозна работа тоа со менискусот, требало само да се намести тоа внатре во коленото, а мене и од обично качување по скали знаеше да ми се закочи цела нога :cenzura::cenzura::cenzura:
 
И од едно друго девојче го имам чуено ова, ни на мене не ми е јасно како може тоа да им го зборат.
Верувале или не можно е, зависи како е скинат менискусот односно во која зона. Тоа е тешко да се види дури и на магнетна како е скинат менискусот, но доколку расцепот се наоѓа во зона во која има крвоток, можно е менискусот да се регенирира, особено кај млади луѓе. Од сегашна гледна точка веројатно подобро ќе беше да чекаме 6 месеци и да видиме дали, ништо немаше да изгубиме.
Што се однесува за докторот кој не заеба, не би зборел, затоа што има луѓе кои се задоволни од него, кој сака може да на private и ќе му дадам подетални информации. Само сакав да го споделам искуството и да дададм препорака. Се уште нашиве доктори се далеку од докторите на запад и кој има проблем нека си иде надвор. Најдобро е во Австрија, и Хрватска не е лоша опција.
 
Здраво...како што гледам и др го имаат мојот проблем. Пред околу 3 недели на работа ми се исчаши коленото,паднав најверојатно од кломпите се настрани и свитка ногата. Имав големи болки,ми се слоши но кога ме кренаа коленото се врати на место. Во болница ми направија ренген и ми ја мобилизираа со компресивен завој,лекарот ми препорача ладни облоги и терапија за оток и болки.На првата контрола имав оток и јасно беше дека ќе има пункција. Ми извади 75мл крв...повторно ја стави во завој и истите лекови. Одмарав,втората контрола имаше помал оток извади само пола шприц крв и ми стави газа и еластична мрежа,коленото не беше добро стегнато.Третата контрола бев сигурна дека повторно има оток,но,,лекарот"тука ја направи грешката,ја извади мрежата рече отокот сам ќе се повлече,за мене беше невозможно да се движам,ми препорача витамини шумливи за колено,кои немаат врска...и стегач со отвор на пателата за на работа.Иако инсистирав за магнет.рез.го прашав дали да побарам др мислење,рече нема потреба,немаш искинато ништо,само површна повреда,сакав да му верувам,но самата чувствував друго...Јас неможев да одам ногата ми тежеше,го чувствував отокот решив да одам кај др.доктор ортопед...кој кажа дека коленото не било добро третирано,требало веднаш да се стави стегач,да се направи магнетна и физикална терапија.Кога се олабавило имало оток кој не бил можеби добро исчистен и пак боцкање,ми извадија 30 мл црна крв,која ако постоела може да направи голем проб..ногата како да ми олесна ми стави стегач и почнав да одам. Но,од страв барав приоритетен за во 8ми Септември лекарот рече дека нема оток,вака надворешно вика дека изгледа како да не е исчашено,треба да мирувам со ладни облоги и мора магнетна,како што си мислев...и физикална.Некој од искуство нешто да ми препорача,можно ли е да е нешто др повредено?Немам болки,но се плашам...Фала Ви однапред!
 
Ист проблем имав ми се исчаши играјќи фудбал..Поминав низ снимки и се тоа за среќа немав скинато лигамент инаку опорувањето ќе беше минимум 6 месеци...
А вака месец ипол ногата ми беше во лонгета секоја недела на контрола а после лонгетата почнав со домашни вежби и на физикално...
За среќа не ми собираше вода и крв таков проблем немав..
Тебе докторот те зезнал ...Каде без гипс или лонгета ??? Па коленото го држи цело тело ..какви ботови има по болнициве :facepalm:
 
Фала за одговорот..Даа лекарот направи грешка.А колку долго правеше вежби? И дали ти било само еднаш исчашено? Јас се плашам да не се повторува...сепак ти си го повредил играјќи,а мојава ситуација е просто за неверување...на прав пат.
 
Не само физикална со вежби, јас би ти препорачал да ти направат и електро стимулација или како и да се вика то. Во мојот случај, додуша пред 17 години... ех колку одамна беше тоа, коленото ми го врзуваа на два апарати по 10тина минути. Едниот беше како два сунгери од двете страни на коленото кои ми го загреваа истото а другиот даваше ако електрични импулси кои како да пецнака внатрешно. После тие 10 дена коленото ми беше каде каде ојачано и чувстував поголена цврстина и сигурност во истото.

Инаку за мојот проблем и искуствата тогаш имам пишувано порано а накратко имав исто вака исчашување со оток и пунктирање два пати, па заздравување но поновена повреда по неколку месеци која резултираше со скинат пола менискус и влезен под капаче што значеше неможност за целосно двишење на коленото. Па следуваше операција вадење на истото, сега е се во ред со исклучок на болки при промена на време, брзо уморување ако клечам подолго време и превентивно носам стегач при секаква спортска активност.
 
Tи благодарам,се надевам дека после магнетната ќе се среди и дека нема посериозна повреда..Сега го носам стегачот,немам болки само неможам да ја свиткам ногата во коленото до крај,кај и да е ќе почнам и со вежбите.
 
Фала за одговорот..Даа лекарот направи грешка.А колку долго правеше вежби? И дали ти било само еднаш исчашено? Јас се плашам да не се повторува...сепак ти си го повредил играјќи,а мојава ситуација е просто за неверување...на прав пат.
Месец дена сугурно со вежби ама она спартански режим... и ако на почетокот со солзи ги правев како што спомна неможев ни под агол од 30 степени да ја свиткам а камо ли скроз ..па помислев инвалид така ќе останем али со мотивација од моите добро се заврши..
1 ми се има случено тоа се надевам никогаш повторно..Можно да се повторува додека не зајакнат мускулите затоа пазење и вежби..
јас чат пат спортувам фудбал,тенис но и посветувам време на теретана како уште појќе да ми зајакне..
 
Здраво...како што гледам и др го имаат мојот проблем. Пред околу 3 недели на работа ми се исчаши коленото,паднав најверојатно од кломпите се настрани и свитка ногата. Имав големи болки,ми се слоши но кога ме кренаа коленото се врати на место. Во болница ми направија ренген и ми ја мобилизираа со компресивен завој,лекарот ми препорача ладни облоги и терапија за оток и болки.На првата контрола имав оток и јасно беше дека ќе има пункција. Ми извади 75мл крв...повторно ја стави во завој и истите лекови. Одмарав,втората контрола имаше помал оток извади само пола шприц крв и ми стави газа и еластична мрежа,коленото не беше добро стегнато.Третата контрола бев сигурна дека повторно има оток,но,,лекарот"тука ја направи грешката,ја извади мрежата рече отокот сам ќе се повлече,за мене беше невозможно да се движам,ми препорача витамини шумливи за колено,кои немаат врска...и стегач со отвор на пателата за на работа.Иако инсистирав за магнет.рез.го прашав дали да побарам др мислење,рече нема потреба,немаш искинато ништо,само површна повреда,сакав да му верувам,но самата чувствував друго...Јас неможев да одам ногата ми тежеше,го чувствував отокот решив да одам кај др.доктор ортопед...кој кажа дека коленото не било добро третирано,требало веднаш да се стави стегач,да се направи магнетна и физикална терапија.Кога се олабавило имало оток кој не бил можеби добро исчистен и пак боцкање,ми извадија 30 мл црна крв,која ако постоела може да направи голем проб..ногата како да ми олесна ми стави стегач и почнав да одам. Но,од страв барав приоритетен за во 8ми Септември лекарот рече дека нема оток,вака надворешно вика дека изгледа како да не е исчашено,треба да мирувам со ладни облоги и мора магнетна,како што си мислев...и физикална.Некој од искуство нешто да ми препорача,можно ли е да е нешто др повредено?Немам болки,но се плашам...Фала Ви однапред!
СЕ добро направил до пункцијата, меѓутоа требало да полежиш 2-3 недели во гипс за местото да се смири и да нема никакви оптоварувања да се повторува повредата,пошто сте правеле пункција сигурно има капилари пукнато или некоја ситна повреда на меките структури од каде има крварење

после таа пауза атрофираат мускулите на ногата , но ништо страшно со физикална терапија и нормално пазење и никако спартанско вежбање за рехабилитација за 2-3 месеци без брзање се враќа СЕ како што било

имав слична повреда и слични третмани од искуство кажувам како било, после тоа играв фудбал и баскет максимално, за жал други повреди доживеав по 4-5 години , но немаше врска со претходново
 
Да...па веќе толку има од кога мирувам и мислам дека во секој момент ќе ми се случи истото од што ми е лабаво коленото.
 
добро и во каква функција е сега коленото, болки отоци, закочувања, какви се симптомите сега и по колку време од повредата точно
 
Поминаа 20 дена од повредата,оток нема,не се закочува но,неможам да го свиткам до крај и лабаво е кога одам...Немам болки но го чувствувам лабаво. Чекам за магнетна термин,па после тоа физикална. Или мислите дека е подобро да почнам веднаш со вежби? Јас мислев да ја почекам магн.за да биде сигурно,па потоа вежби.[DOUBLEPOST=1497713465][/DOUBLEPOST]
Поминаа 20 дена од повредата,оток нема,не се закочува но,неможам да го свиткам до крај и лабаво е кога одам...Немам болки но го чувствувам лабаво. Чекам за магнетна термин,па после тоа физикална. Или мислите дека е подобро да почнам веднаш со вежби? Јас мислев да ја почекам магн.за да биде сигурно,па потоа вежби.
И стегачот го носам цел ден,го вадам навечер.
 
Имам проблем со коленото, скинат менискус и лигамент(преден вкрстен) и ова ми е 4та повреда на коленото во период од 3-4 години, последниот пат во декември 14ти и не можев да одам, ниту да го исправам, се мислам за операција бев кај Алан Андоновски, некако незаинтересиран не ја ни погледа снимката на ЦД-то од магнетната, туку го прочита само извештајот и одма за операција( а ми го пофалија дека бил најдобар за артроскопска лигаментопластика) бев и до кај Небојша Настов, се размислував и за приватно Боро Илиев или Златко Темелковски.. Па ако може некој да даде совет/искуство пошто веќе преку глава ми е од коленава пошто сум полн енергија и мора да се движам а со колената ни можам да планинарам ни да спортувам.
 
Поминаа 20 дена од повредата,оток нема,не се закочува но,неможам да го свиткам до крај и лабаво е кога одам...Немам болки но го чувствувам лабаво. Чекам за магнетна термин,па после тоа физикална. Или мислите дека е подобро да почнам веднаш со вежби? Јас мислев да ја почекам магн.за да биде сигурно,па потоа вежби.[DOUBLEPOST=1497713465][/DOUBLEPOST]
И стегачот го носам цел ден,го вадам навечер.
оток нема,болки нема - супер , е сега тоа што не можеш до крај да го свиткаш или е последица од траумата која ќе може да се санира со физикална терапија или полоша варијанта е да е оштетен менискусот,[DOUBLEPOST=1497724896][/DOUBLEPOST]
Имам проблем со коленото, скинат менискус и лигамент(преден вкрстен) и ова ми е 4та повреда на коленото во период од 3-4 години, последниот пат во декември 14ти и не можев да одам, ниту да го исправам, се мислам за операција бев кај Алан Андоновски, некако незаинтересиран не ја ни погледа снимката на ЦД-то од магнетната, туку го прочита само извештајот и одма за операција( а ми го пофалија дека бил најдобар за артроскопска лигаментопластика) бев и до кај Небојша Настов, се размислував и за приватно Боро Илиев или Златко Темелковски.. Па ако може некој да даде совет/искуство пошто веќе преку глава ми е од коленава пошто сум полн енергија и мора да се движам а со колената ни можам да планинарам ни да спортувам.
друже богами и треба да се замислиш кај кого ќе ја правиш интервенцијата пошто навистина треба мајстор да ја среди твојата работа,добро распрашај се кој би можел тоа да го направи како што треба,за оваа работа под нож кај секого не се легнува може и полошо да направи
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom