Ах, Разиел, новиот форум-smartass. Ај да ти подобјаснам некои работи, кои ме чуди како не си ги сфатил, бидејќи нели имаш тоооолку пошироки видици од нас верниците.
Исто така,немојте да ни кажувате како тоа вие сте ПОСЕБНИ верници.Како вие отскокнувате од клишето со тоа што Бог си го замислувате како вие сакате и не клечите пред икони ниту фрлате пари по цркви и манастири.
Зошто да не? Се надевам не си толку ограничен да не можеш да прифатиш и ваков начин на верба. ФАКТ-во денешно време станува клише да бидеш атеист, исто ко што undergroundot стана попопуларен од комерцијалата. Немаат луѓе што да прават, и ај сега сме атеисти. Сега сме ин. Кууул. Не лепи етикети, ти текнуе?:wink:
Сте го примиле куршумот во гради и крстот на врат,со тоа вие сте верници,исти како оние низ цел свет.А тоа дека Бог кај некој има брада,а кај некој не,е обичен уметнички импулс во вашите глави и не значи ништо бидејќи вие ја прифаќате пропагандата,а не брадата
Па и ти, драг атеисту, сакал нејќел прифаќаш дел од пропагандата. Морални норми, не убивај, бла, бла....
Со тоа,сите си личите.Со тоа...сте мали.
Labels again, eh? Немам намера да паѓам на вакви патетични провокации, бидејќи навистина СЕ патетични. Тоа што некој е верник (на каков било начин, не е твое да мудруваш за валидноста на истото!) не значи дека има поограничени размислувања од атеист. Напротив, пријателе, напротив...
Ова е мојот последен пост на темава, бидејќи немам намера да се расправам со некои што имаат различно убедување. Уствари, тоа не е ни можно, пошто ќе се натегаме ко магариња на мост. И темава скршна од колосек, повторно се претвори во борба меѓу верници и неверници, а тоа стана ептен излитено и досадно за читање.
Затоа, мои мили форумџии со какво и да било убедување, останете ми живи и здрави, а за доказ кој е во право а кој не сите ќе дознаеме кога тогаш.