KohlBass
Dechak iz vode
- Член од
- 1 јуни 2006
- Мислења
- 1.485
- Поени од реакции
- 36
(Искрено, несакав пак да се вмешам во ваква беспредметна дискусија, но...)Точно, се повеќе работи, банални како оган, ги сметале за божество, но науката напредува и отфрла некои работи. Еве земи научно, простудирај ја теоријата за Big Bang. Ако се враќаш наназад ќе дојдеш до ќорсокак - Ако се настанало од една маса со неверојатно голема густина и маса, кој ја создал неа? Тука е Бог.
Теоријата за Big Bang e само теорија. Бидејќи сеуште не е докажана целосно (иако постојат одредени докази), може да се рече дека е на ниво на религија - треба да се верува во тоа.
Од друга страна, во Библијата пишува дека некој чичко со бела брада го створил светот. И луѓето. И сите нивни проблеми. И дека тој може да ги реши истите проблеми. И така натака...
Една од најголемите причини за која што јас одбирам да верувам во првото (Big Bang теоријата) е тоа што несакам да се помирам со тоа дека еден голем чичко е одговорен за се`.
Доколку научниците за одредена работа за која што незнаат како/зошто се случува кажат `Незнаеме.` верниците би рекле `Етеее, тоа е само доказ дека господ постои! Тоа е се негово дело!` а всушност на исто ниво се двете изјави. И двете страни не ја знаат причината зошто/начинот на кој што се случува одредена работа, само што верниците тврдат дека тоа го направил нивниот бог.
Мене ми е тотално дебилно да седам и се` да прифаќам како воља на гореспоменатиот чичко. Попрво цел живот би барал одговори кои никогаш нема да ги најдам отколку за се` главната причина да ми биде господ и да го прифатам тоа како такво. Многу побрзо ќе го достигнам она совршенство (кое Raziel претходно го спомна како еднакво на бог) ако размислувам, се трудам, работам отколку да седам и да си верувам во приказни (да, за мене Библијата е само приказна, како што се сите други религиски книги без разлика дали се работи за грчка, индиска, кинеска или било и каква митологија).