Дали Нуит и Хадис, се превземени од Египетската религија (Нуит и Хорус) како симболика или како богови?
Дали постојат богови во Телемата?
Дали Телема е религија?
ХадиТ... или Хад.
Нуит=Ну... На француски Нуит е Ноќ која што е посеана со ѕвезди, а зарем не велиме ние дека Нуит е нашата Ѕвездена дама, исто и старите пророци од Кем
Не, Нуит и Хадит се преземени од египетските мистерии (не постои египетска религија ниту пак митологија)... тоа е еден од малиот милион начини како да се објасни работата а да не се прекине вековното учење... Може да се објасни Нуит и Хадит и преку грчките, римските богови, преку еврејските филозофии, кинеските учења... Универзалните закони, секаде се исти, само различно се објаснуваат, во зависност од разбирањето и искуството на луѓето.
За некои Нуит и Хадит се богови (тоа за оние кои што се пантеисти), поточно едно од својствата на Еден Бог, Креатор.
За други (што се сметаат за атеисти) се само прикриено значење за нешто трето, што нема врска ни со богови ни со демони.
За телемата, види имам пишувано бесконечно. Телемата е филозофско-религиозна матрица која е срж на напредувањето во Ordo Templi Orientis. Телема значи волја... ако волјата за некој е религија, викајте ја телемата религија, само не религија во општоприфатената форма што се користи денес.
Праксите што се дадени во Редот(од исток, па преку Блискиот исток, Западната школа) се за пронаоѓање и извршување на таа своја чиста волја(Телема), преку Љубов, неослабена од страста за резултат и тоа извлекување на најдоброто од еден аспирант!
Претежно заради праксите (и нивното неразбирање), телемата оди во купот на конвенционалното поимање на зборот религија, но разбирањето на праксите, па и самото извршување на истите, многу повеќе ќе ви даде одговор, отколку ваквото сувопарно објаснување по форум или некоја книга. Телемата не е неподвижен систем(како што се денешните религии), опкружен со догми. Учиш, работиш, подобруваш, изменуваш!
Инаку, да, постои религиозен ентитет паралелно со Редот, тоа е Гностичка Католичка Црква, или E.G.C. со која се меша телемата. Но не е обврзан никој инициран да биде член на ова тело. Слободна волја...