Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045
O

Omer el Faruk

Гостин
Па од кај произлегуваат тие универзални вредности ако сме ние случајно тука и само за 70 просечни години.
Зошто да не лажеш и да крадеш и да не убиваш , ако нема ништо по смртта?
Сигурно ке бидеш побогат ако си лажго и крадец .
Од кај е љубовта у тебе и сочуството за другите ако си само моментално присутен во овој свет?
Одлично резонирање.:)

Тие универзални вредности да не произлегле од религијата случајно:?? Дотогаш не биле познати така?ХАХА молимте, тие се во секоја религија напишани за да ве одржува во некој морал колку толку
Значи ти како единка би крадел и убивал ако не се плашиш од казна после смртта? Браво Браво, ете гледаш кога викам дека не си на тоа интелектуално ниво во мозокот за да си атеист. За такви како тебе е измислена верата, пошто да не беше верата на светов ќе беше башибузук, и добро шо ве плашат со оган и казан чорба, иначе кај ќе ни беше крајот.
Не треба некое посебно интелектуално ниво за да бидеш атеист. Тоа им е својствено да не речам вродено на сите животни...............ама ние овде зборуваме за човекот...нели? :)
 
M

makedon^

Гостин
Една и единствена причина да се биде атеист е тоа што религиите се организации за контрола над човечките суштества (не луѓето). Бидејќи креаторите на религиите луѓето ги третираат како долна раса што треба да биде програмирана и управувана т.е да работи за некој, исто како што ние кравите и овците ги управуваме а користа од нив ја земаме ние.

Во религиите нема ни љ од љубов, тоа се само празни зборови и продавање посрана НАДЕЖ, тоа е целата суштина на нивното постоење, а ќе постојат се додека постои лажната надеж.

Луѓе, нам не ми треба религија, нам ни треба себе осознавање.

Нам не ни требаат богови, нам ни треба себе пронаоѓање на нашата суштинска природа.

Религијата е отров за умот, исто како и политиката. Религија и национализам, најлоша комбинација, посебно на балканот каде што фајдето од тоа е очигледно - сите се со закржлавени мозоци и полни со омраза. Поздрав
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Одлично резонирање.:)

Не треба некое посебно интелектуално ниво за да бидеш атеист. Тоа им е својствено да не речам вродено на сите животни...............ама ние овде зборуваме за човекот...нели? :)
Ovie trista i kusur bo anketava bi gi narekol zivotni ti? :strav:
 
M

makedon^

Гостин
И уште нешто...

Само колкава дволичност има во прашањето: Дали веруваш во Бог или во науката?

Како да ти дава некој само 2 единствени опции, а ако одбереш трето ти си детерминиран од општеството, тоа е огромен доховен пад.

Наука си е наука а религија си е религија. Нема шо да се мешат тие две нешта. Науката вистината ја бара во опипливото а религијата во неопипливото. А и тие две нешта не можат да се спојат.

Едно е јасно, тие што некогаш ја негираа науката, денес ја негираат религијата. Се се работи плански за да се управува човештвото. Една огромна машинерија ШО ПЕРИ МОЗОЦИ, ЗА ЖАЛ!

Човекот правејќи се најпаметан, излезе дека е најмногу контролиран и најлошо од се, нема свој став за нештата!!! Тоа е очигледно.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Ееееее што ти е мозокот , вика дека све е физика , нема афтерлајф , нема љубов , нема бог или креатор(како кој сака нека го нарече) , нема ништо вредно да се живее.
Па зошто е животот мајку му стара.
Турете му пепел на умо.
Имате и срце , оно е поблиску до вашиот центар.
Таму се кријат сите тајни во универзумот .
 
Кога ќе се продлабочиш убаво и кога ќе го слушнеш чистиот глас на срцето тогаш знај дека тоа е вистинското нешто. Мозокот креира нешта по логичен пат, а срцето креира по интуитивен.

Можеби религијата успеала да го украде мозокот, но никогаш никој не може да го украде нашето срце, бидејќи вистината не се дава на невистината никогаш.
 
radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Верувам и во науката која го издигнува интелектуалното ниво на човекот и во Бог кој го одржува духовниот свет на човекот. Мојот живот е незамислив и без двете.

Но, и науката и човекот не се ништо без Бог, тој е наш креатор и причина за нашето постоење. Бог може таму и кај науката сеуште не може. Бог е љубов, а ние луѓето не сме ништо без љубов. Верувањето во Бог ја дава надежта. А што е човекот без надеж?
 
Anti Spam Master

Anti Spam Master
Член од
22 октомври 2009
Мислења
100
Поени од реакции
1
не знам што се замарате со религијава(општо).
никој од нас не може да докаже ни дали постои ни дали не постои бог.
никој жив на земјава не може да докаже дали има рај-пекол или дали нема.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
не знам што се замарате со религијава(општо).
никој од нас не може да докаже ни дали постои ни дали не постои бог.
никој жив на земјава не може да докаже дали има рај-пекол или дали нема.
Никој жив , освен тебе лично.
 
Член од
24 јули 2008
Мислења
666
Поени од реакции
134
Бог е љубов, а ние луѓето не сме ништо без љубов. Верувањето во Бог ја дава надежта. А што е човекот без надеж?
Za nekoi, Bog e nadez i ne moze da ziveat bez nego, no za nekoi nadezta ne se bara vo Bog, tuku vo nekoi drugi raboti......zasto ako nadezta ja naogjavme samo vo Bog, togas nemase da postojat licnosti koi ne veruvaat vo Bog, ili tie lugje ke bea na samoto dno na opstestvoto, no gledame deka ne e taka.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Верувам и во науката која го издигнува интелектуалното ниво на човекот и во Бог кој го одржува духовниот свет на човекот. Мојот живот е незамислив и без двете.

Но, и науката и човекот не се ништо без Бог, тој е наш креатор и причина за нашето постоење. Бог може таму и кај науката сеуште не може. Бог е љубов, а ние луѓето не сме ништо без љубов. Верувањето во Бог ја дава надежта. А што е човекот без надеж?
Човековата интелигенција, креативност и желбата за полесен и поудобен живот ја издигнале науката а не науката човекот...
Науката (медицината) успеала таму каде што Бог згрешил...
Во животот не треба да се надеваш туку треба да се бориш...
Има една поговорка вели "не треба молитва туку треба мотика"
 
radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Za nekoi, Bog e nadez i ne moze da ziveat bez nego, no za nekoi nadezta ne se bara vo Bog, tuku vo nekoi drugi raboti......zasto ako nadezta ja naogjavme samo vo Bog, togas nemase da postojat licnosti koi ne veruvaat vo Bog, ili tie lugje ke bea na samoto dno na opstestvoto, no gledame deka ne e taka.
Човековата интелигенција, креативност и желбата за полесен и поудобен живот ја издигнале науката а не науката човекот...
Науката (медицината) успеала таму каде што Бог згрешил...
Во животот не треба да се надеваш туку треба да се бориш...
Има една поговорка вели "не треба молитва туку треба мотика"
Се разбира дека во животот треба да се бориш и да работиш за да го добиеш она што го сакаш, без разлика дали се разботи за материјални добра или за да го надградиш својот дух, да се издигниш на некое индивидуално ниво. Надежта пред се треба да ја наоѓаме во самите себе, таа треба да живее во нас во секој момент. Но, често човекот се наоѓа во многу безизлезни и тешки ситуации, без разлика дали е верник или не. Се среќаваме со многу искушенија во текот на целиот живот, без разлика како го поминуваме животот на земјата, дали премногу работиме или не работиме, дали учиме или не учиме. Токму во вакви ситуации ни треба поголема надеж од онаа која во тој момент ја имаме. Таа надеж ја дава Бог. Се може да се реши со трпение и љубов, а Бог учи на тоа.
 
L-A-V

who cares? =)
Член од
2 декември 2008
Мислења
477
Поени од реакции
57
абе не 11 туку 111 причини пиши пак ќе си верувам во БОГ
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.936
Поени од реакции
7.050
Во моментов додека го пишувам ова си дојде татко ми вика како Заставата 101 имала дефект (по којзнае кој пат) и дека ги чинело 2500 ден. Ама на крај рече: “Како е Господ никој не е. Ќе даде еден ден и ние да купиме поубава и понова кола.“
Ние дома важиме за христијанска фамилија можеби затоа што имаме поскромни примања и често ни се случуваат непланирани трошоци како тој спомнат погоре. Ама на крај последна надеж за подобро утре ни е дотичниот Господ Бог. И што има лошо во тоа. Христијанството е религија на сиромашните, угнетените, болните... не верувам дека некој од богатите, оние со 2-3 стана, со мерцедеси и ферарија во гаражите, со вили на Бахамите, со дебели сметки во банка некогаш седнале на семеен ручек и пред да почнат со јадење рекле: “Фала ти Господе за денешниот ручек“. Дури и некогаш да се докаже или открие на некој начин дека Гсопод постои или не битно е она што СЕГА го правиме во нашиот живот. Ако Бог не постои тогаш никому ништо ќе ни остане само спомен дека сме се труделе да живееме според Божјите (инаку добронамерни, морални) начела што секако е добро. А ако пак Бог постои тоа ќе биде уште поголем плус за оние кои сега веруваат во Него. Финтата е да веруваш и во она што не го гледаш со очите, а не само она што ти ги задоволува желбите, ти го полни стомакот и те прави да се чувствуваш убаво, опуштено. Погледнете некои од документарните на ВВС за живиот свет. Колку тој е разновиден, дека секое животно и растение има своја цел на постоење, дека во ДНК се впишани информации што не можеме да ги замислиме и дека денешниве уреди за складирање податоци се прости како грав во однос на неа. И дека сето ова е настанато случајно во тек на 5-10 млрд години? Ајде ви се молам! Па дали од еден куп милијарди букви напишани на картончиња со тек на време и со помош на торнада и земјотреси може да се наредат така да творат една драма од Шекспир или една симфонија од Бетовен. Зад секое дело има Творец. Човекот е делото, а Бог е Творецот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom