Чудно ми е како ги поставувате работите. На една страна ја имаме приказната за белобрадиот кој создава сешто за седум дена, а од друга страна еден куп човечиња кои приказната ја сфатиле буквално и како последица на тоа станале атеисти. Како што би рекол дедо ми „Абе каков Господ, Американциве луѓе праќаат во вселена, ти Господ“. Не му замерувам, стар ем необразован човек е.
Точно, луѓето почнале да веруваат во виша сила зашто не можеле да си ги објаснат природните појави, за ние денес да можеме да ги објасниме и само да го потврдиме постоењето на таа виша сила, или виша интелигенција, планскиот Создател.
Старата битка „наука против религија“ е безмалку бесмислена зашто тие всушност се надополнуваат една со друга, затоа и оваа анкета има повеќе смисла од онаа другата која што беше спомната.
И ве молам, не ја сфаќајте буквално Библијата.