Се обидувам да бидам цврста,и не ми се случило да заплачам пред некој друг,можеби ќе ми затрепери гласот,но ќе ги голтнам солзите и пак продолжувам.
Кога сум сама знае да ми се испушти по некоја солза,ако ми се случило нешто мене или на некој мој близок,но тоа е тоа и за кратко сум пак онаа истата.
Имам проблеми со емоциите,понекогаш ги искажувам премногу,а понекогаш воопшто,па затоа доаѓам до вакви ситуации.
А конкретно за прашањето дали е понижување или храброст..верувајте,понекогаш храбро е и да заплачеш,барем за мојот случај,кукавички е да се криеш во школката што си ја создал.Сепак,не сум за јавно плачење...некои тоа не го сфаќаат како што треба,па ќе помислат дека сакаш сожалување.