Уствари мене барем, ми се случува да се расплачам без причина ама ако пред тоа ми се поклопиле многу работи, нервози и слично. Всушност тоа им се случува на многу, кога не реагираат на работите туку само собираат во себе и на крај се случува да некој каже глупости, а вие така сериозно да ја сфатите и да се расплачете без врска. Не е во ред веројатно ама јас едноставно сум си таква и така функционирам.
А што е до нестабилните личности...всушност сите ние сме такви во некој период од животот, кога се ни е преку глава, ништо не функционира како што треба итн итн...Е тогаш да ни треба внимание и го очекуваме тоа од другите околу нас...Ако не го добиеме, тогаш се плаче за глупости, ДА.
Барем јас вака си мислам, а дали сум у право...