Платонска љубов...

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Не се согласувам.Зашто да не може?
Може да запознаеш некој кој ќе ти се допаѓа,ама ете од икс причини да не направиш ништо со него,а и тоа се рачуна во платонска љубов.
.
Слично...слично... И не дај боже да прашаш зошто тогаш не сум презел иницијатива - ќе летаат глави. Сега многу потешко но сепак не верувам дека со тек на годините таа љубов ја снемува. Не знаеш што те чека зад аголот - ова сум го сфатил како лекција на животот.
 
Pep

Член од
1 декември 2009
Мислења
86
Поени од реакции
21
A ako si zaluben vo taa licnost celi 3 godini,i na kraj taa si naoga drug sto pravime togas...
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
A ako si zaluben vo taa licnost celi 3 godini,i na kraj taa si naoga drug sto pravime togas...
Тоа не значи дека ќе престанеш да имаш чувства, не сме ние роботи да ги контролираме тие работи. 3 години, 3 години - тоа е, не можеш никој на сила да тераш да биде со тебе. Нашла личноста друг/а, нашла... тоа е тоа. Со тек на време се помируваме со тие работи и продолжуваме со животот, но тоа не ги крати чувствата кои ги имаме... затоа и се вика платонска љубов...
 
С

сашенко

Гостин
Видов една девојка во град пред некој дени ми се залепи за срце искрено.Албанка е не ја ни разбрав што збореше ама ме запрепасти ....бљум бљам нешто по нејзино си думаше со дргачката таму а јас сум се узверил ко некој манијак ко никогаш женско да не сум видел.Тоа беше девојка за каква што сонувам и како да ми ја нацрта некој или пак ѓаволот се зафркаваше со мене и ми се привиде само таква некоја.Незнам за тоа ама знам дека уште и го паметам и мирисот, кога помина покрај мене помирисав толку јако што сеуште можам да се присетам на мирисот нејзин.Ваљда нема да ја видам никогаш повеќе и ке ми помине ама деновиве влегувам у некои филмови и некоја депра силна ме мавна и не ме пушта, и она чуство девојките што го опишуваат како заљубување....делот со стомакот и пеперугите...Неможам да го заборавам тоа лице никогаш, а не ме бива за опишување ликови имам уметник комшија ке се задужев ако треба да ми ја нацрташе како така колку за спомен да ја имав и да се сеќавам зашто ми го разубави денот.Ке ми стоеше прекрасно во соба, можам да ја замислам уште сега на ѕидот ама.....ај ке ми помине
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
A ako si zaluben vo taa licnost celi 3 godini,i na kraj taa si naoga drug sto pravime togas...
Сечиме вени.:pipi:
Озбилен си со прашањево? Ако да, тогаш застани си цврсто на нозе и не дозволувај ништо да те сруши.Самодовербата е многу важна.
 
Pep

Член од
1 декември 2009
Мислења
86
Поени од реакции
21
Najozbilen ova go kazuvam od iskustvo posto lani zavrsi seta ova rabota...

--- надополнето ---

Sve oke ama ova bese nesto poveke od platonska ljubov taka da toa e...
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Абе луѓе! СЕКС!

Каква платонска љубов, не знам што ви удрило во главата па измислувате некакви небулози!

Јас на тоа гледам вака: „Те сакам, но не те ***м. Но, штом не те ***м, ич не те ***м, па тоа што те сакам ми е трошење на време и емоции. Затоа ќе ја сакам онаа што ја ***м, зашто таа ми нуди повеќе од тебе.“

На крајот, секогаш се сведува на ова. Сурово? Можеби, но ако прифатиме дека сексот е интегрален и клучно важен дел од која било врска (а со тоа, верувам, сите се согласуваат), „платонската љубов“, т.е. врската без секс нема шанси да опстане. И никогаш не опстанува.
 
A

Auditore

Постот ти држи вода, јас лично уште неможам да ја сфатам таа платонска љубов, разбирам привремени страсти, да ти се свиѓа некое време ама љубов..:ne:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Абе луѓе! СЕКС!

Каква платонска љубов, не знам што ви удрило во главата па измислувате некакви небулози!

Јас на тоа гледам вака: „Те сакам, но не те ***м. Но, штом не те ***м, ич не те ***м, па тоа што те сакам ми е трошење на време и емоции. Затоа ќе ја сакам онаа што ја ***м, зашто таа ми нуди повеќе од тебе.“

На крајот, секогаш се сведува на ова. Сурово? Можеби, но ако прифатиме дека сексот е интегрален и клучно важен дел од која било врска (а со тоа, верувам, сите се согласуваат), „платонската љубов“, т.е. врската без секс нема шанси да опстане. И никогаш не опстанува.
Платонската љубов е една од најчистите форми на љубов според мене. Платонската љубов не прераснува секогаш во љубов онаква каква што сите ја знаеме, т.е во врска. Сите имаме по некоја платонска љубов со која ништо не сме направиле, ама секогаш ни останува некаде длабоко во мислите и понекогаш ете излегува на површина. Муабетот ќе ја сакам онаа што ја ебам си нема врска со животот според мене, затоа што има мажи што имаат секс со проститутки и им даваат пари за тоа, не гледам каде е тука љубовта? :toe:

Никој не вели дека сексот не е дел од врската, ама платонската љубов е над телесното, туку е духовно, храна за душата, заради тоа што е чиста и искрена и е од срце. Сексот е чиста биологија, кој кога е помешан со чувства/љубов е убав. Ама само и само со чувства.
Кога сакаш некого, (може да) имаш секс, ама не значи дека ако имаш секс со некој автоматски ќе го сакаш.

Не се луѓето така програмирани, не може да бираме во кого ќе се заљубиме... Едноставно тоа е над нас. Роботи не сме...

Понекогаш пеперутки во стомакот имаме и кога некоја личност ќе се појави на истото место каде што сме ние, тука сексот нема никаква врска.

Не треба да се деградира било кој вид на љубов, само затоа нема секс. Се она што е чисто и искрено заслужува почит, без разлика на тоа што нема/има секс.
Секој вид на љубов е убав, макар и тоа да е само платонски...
 
Апсолутно напротив: целосно бираме во кого ќе се заљубиме. Тоа е наша лична работа и никој не може да нè натера да се заљубиме во овој или во оној - сите тоа лично го бираме. Дури и пеперутките во стомакот ги бираме: ако поради некоја причина не сакаме да сакаме некого (на пример нè излажал, изневерил итн) дури и пеперутките ќе ги потиснеме. Зарем ако во некого сме затрескани „платонски“ и за него сè правиме, а потоа дознаеме дека тој/таа си има некоја друга/некој друг со која/кој си има секс, зарем ќе продолжиме „платонски“ да го сакаме и сè да правиме за него? Чисто не ми се верува. Резултатот ќе биде „Јас сè правам за тебе, а ти се ебеш со друга/друг, а не со мене?!?!?! Губи ми се од пред очи да не те гледам!“

Со други зборови: ако „платонската“ љубов не е компензирана, исчезнува, од прост интерес дека човек не сака да го губи времето на нешто што не му оди во прилог. Сите имаме некои луѓе со кои не сме направиле ништо и ни останале во сеќавањата, но тоа е чисто заради пропуштената шанса. Да сме успеале со нив нешто да направиме повеќе, веројатно животите поинаку би ни се развиле, но, ете, не сме успеале. И далеку од тоа дека тука се работи за „платонска љубов“ - се работи само за пропуштена шанса за продлабочена врска. „Што би било ако би било“ прашањата се најтешки и најдолго болат, точно е. Но исто така е точно дека и не вреди на нив да се губи време бидејќи се непродуктивни. Токму како и „платонската љубов“.

Исто така е точно дека сексот не мора да значи цела љубов. Но дефинитивно е точно дека сексот во многу наврати значи созревање, што значи дека некои луѓе (и мажи и жени) ќе имаат секс со некого само за да научат нешто и за да созреат. Тука не се работи толку за врска, колку за потреба која мора да се задоволи, за да се научи како целосно да се сака. Аналогијата е следна: како човек може да биде продуктивен ако не е нахранет? Како човек може да сака целосно ако не знае како изгледа основата на љубовта, т.е. физичката љубов, т.е. сексот? Повторувам: жените знаат за сексот далеку пред мажите, т.е. од нивното раѓање, бидејќи се родени со клиторис и плус тоа порано влегуваат во пубертет, па својата сексуалност ја имаат откриено пред воопшто мажите да влезат во пубертет. Затоа веднаш бараат чувства и партнерски однос, зашто телесноста веќе ја откриле кај себе. Мажите од старт мораат многу да надокнадуваат. Некоја жена ќе има секс со некого само за да види како изгледа секс *со партнер*, додека мажот со кој таа ќе има секс ќе прифати секс за да види како тој изгледа *воопшто*. И во двата случаи не станува збор за секс со врска на ум, туку само за откривање. И тоа е во ред.

И повторно: ако „платонски“ да се сака значи духовно да се сака, што *е* над телесното, не е можно тоа да се достигне *без да се поминало телесното*. Со други зборови, може да се трескаме по некого и да мислиме дека го/ја сакаме „платонски“, но ако ништо конкретно (т.е. секс) не сториме со таа личност, ништо нема да испадне. Зарем мислите дека ако двајца се сакаат „платонски“, т.е. немаат секс во врската, таа врска ќе се одржи? Во никој случај. Духовниот дел може да опстои само ако има цврсти физички основи, т.е. секс задоволителен за двајцата. „Јас те сакам и мојата љубов кон тебе е над вулгарноста на физичкиот контакт“ доведува до практикување на таа „вулгарност“ некаде на друга страна и криење на истото, за да се одржи „светоста на љубовта“ или, најчисто, крај на таа љубов.
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
58
Платонската љубов можеби е и вистинската љубов. Она другото се сведува на принципи, секс, потреба, страст, анализа... Можеби вечерва погрешно размислувам. Но, кога доаѓате до голата вистина се појавуваат дилеми, пречки, рассудувања, и сето тоа се меша со страст, опсесија, потреба, близина, општење...

Платонската е баш она, трепериш, сонуваш, размислуваш, сакаш, страдаш, се радуваш, емоции, емоции до бескрај, и пак...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
^ На еден начин имаш потреба во душата од таквото чувство.
 
Член од
9 јануари 2011
Мислења
24
Поени од реакции
9
I jas mislam deka platonskata ljubov e ona vistinskata, ljubov koja nemozi nisto da ja izbrisi......bez razlika kolku vreme ce pomini posle toa.Platonskata ljubov e ,e ljubov koja ja dozivuvame,lljubov sto tolku mnogu ja custvuvame koja ne nidava mir,nemozime da go skrotime srceto....Vo nea nema seks, no ima baknez,ima neznost,toplina pregratka i....milion ubavi misli...Jas licno sum ja doziveala i traese dolgo, i sega koga ce pomislam na nea...mornici me lazat po teloto samo od pomislata na negoviot glas i sega polse tolku mnogu godini se secavam na sekoja crta od negovoto lice, na formata na negovite prsti, na negovata usta,duri na mirisot na baknezot....Mislam deka seuste istoto go custvuva i toj, i ne bi mozela povtorno da go sretnam...zatoa sto mi se vrajcaat milion raboti so nego......No nikogas nemase seks,...i niedna ljubov ne mi zalici na negovata ili na taa nasa zaednicka platonska ljubov....
 
АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Абе луѓе! СЕКС!

Каква платонска љубов, не знам што ви удрило во главата па измислувате некакви небулози!

Јас на тоа гледам вака: „Те сакам, но не те ***м. Но, штом не те ***м, ич не те ***м, па тоа што те сакам ми е трошење на време и емоции. Затоа ќе ја сакам онаа што ја ***м, зашто таа ми нуди повеќе од тебе.“

На крајот, секогаш се сведува на ова. Сурово? Можеби, но ако прифатиме дека сексот е интегрален и клучно важен дел од која било врска (а со тоа, верувам, сите се согласуваат), „платонската љубов“, т.е. врската без секс нема шанси да опстане. И никогаш не опстанува.
Се согласувам до коска со ова. Според мене без секс ,нема љубов ,нема ништо. Платонската љубов е како чоколада за готвење-само навидум ти дава чувство дека јадеш чоколада ,но го нема тој јак,тој длабок вкус кој продира во желудникот и и дава крила на душата,ја нема таа моќ да те тера да се сетиш на вкусот ,ја нема таа сила да те носи кон повторно пробување,едноставно ...само го поткрепува твојот ум и му дава лажна илузија дека ти се задоволила потребата за нешто благо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom