Полесно ми е да зборувам за љубов во неврзани разговори него ли теми на форум, но ајде ќе се обидам. Мене целиот концепт за љубовта ми е платонистички ( идеализирачки ), а не аристотеловски ( приземен ). Не сум запознаен, но верувам дека терминот платонистичка љубов доаѓа од филозофијата на Платон. Но, и да не е така, сосема одговара.
Но, како таква таа и не може да се оствари ( барем, во мој случај, мое мислење ), затоа што сите идеали опстојуваат во нивната најчиста форма во нас самите, барем така мислам јас. Има ситуации кои ме разубедуваат.
Сега, еден од моите случаи на кратко да раскажам. Имаше една девојка од школо блиску моето која случајно ја видов еден школски ден и тоа беше тоа. Потоа, наредните 7 години немаше друга девојка што ме интересираше, ама во тие седум години ниту еднаш не се обидов да остварам контакт со дотичната, ниту едно глупаво здраво и немам кажано. Се чувствував толку убаво ( не поради тоа, туку поради целокупното влијание што го имаше врз мене ), ама некако бев свесен дека тоа не води никаде или па обратно, дека тоа е се, дека води насекаде. Но, Платон е зезнат, па посакав и малку да се приземјам и некако да веројатно го оставам тоа зад себе.