Мислам дека имаше ваква тема.
Тука
Како и да е, платонска љубов, да се биде во таков занес е интересно до одреден степен. Сум била во платонски занес, во тие љубовни чувства во мене, кои само мене ми биле познати. Според дефиницијата, платонско однесување е скривање на вистинската намера, било од себе самиот било пред другиот, ова може да биде безопасно, но е нефер во одредени ситуации. Платонска љубов, занес е да седиш до некого, да бидете толку блиски, а сепак далечни во друг поглед.
Платонски занес, желба да бидеш со некого, страст кон истиот и толку. Никаков бакнеж ил секс. Занесот платонски е најболен, желбата да бидеш со некого се разгорува, и пак се се сведува на едно обично ништо и се оди по старо.
И како што би кажал Тагоре,-тајната на своето срце не ја задржувај за себе пријателе-.