Плавуша во продавница.
- Добро утро, имате маргарин?
- Имаме "Добро утро"!
- Добро утро, имате маргарин!!?
- Имаме "Добро утро"!!!!!
- Добро утро, имате маргарин!!!!?
- Имаме "Добро утро"!!!!!!!!!! .....
Отишла плавуша со исчукана кола во сервис на пеглање. Сервисерот решил да се позафркава, па и рекол:
- Не ти треба пеглање, само дувај во ауспухот, сама ќе се исправи.
Се вратила плавушата дома и почнала да дува, ама ништо не се случило. Поминала друга плавуша и ја прашала:
- Што правиш, ма?
Објаснила оваа што прави, а другата со смеење искоментирала:
- Па, како ќе се исправат дупките, си ги оставила прозорците отворени.
Во авион на сред лет пилотот и се обраќа на патниците:
- Дами и господа, еден од нашите мотори откажа, меѓутоа не грижете се, имаме уште три мотори, едноставно летот ќе трае еден час повеќе.
После половина саат повторно обраќање:
- Уште еден мотор откажа, летот ќе трае два часа подолго... можеме да летаме и со два мотора.
Еден час подоцна, повторно пилотот:
- За жал уште еден мотор откажа, ќе доцниме три часа... не грижете се, се уште имаме еден мотор.
На ова една плавуша се обраќа на човекот до неа:
- Ако изгубиме уште еден мотор, останавме цел ден во воздух!.