JeCILaDy
Move Away
- Член од
- 18 април 2006
- Мислења
- 2.350
- Поени од реакции
- 22
Сите понекогаш сме тажни, потиштени или лошо расположени. Понекогаш ја знаеме причината, а понекогаш ни` се чини дека (не)расположението едноставно дошло онака, од никаде, од ништо ...
За волја на вистината поради хормонската луња во пубертетот, честопати сме склони кон лошо расположение. Но, ако му се препуштите на лошото расположение подолго време, на подолги патеки, тоа не е пријатно и не е корисно. Еве 5 совети за подобро расположение.
1. Позитивно размислувајте !
Сите зборуваат за тоа како треба позитивно да се размислува и тоа може веќе да изгледа излитено. Но вистина е и тоа дека сите го знаеме тоа теоретски, а многумина во пракса недоволно размислуваат позитивно. Многумина се склони кон црни мисли, замислуваат лоши сценарија, очекуваат да се случи нешто лошо; со постојаните размислувања од типот: Зарем баш мене мораше да ми се случат сиве овие лоши нешта ?! Познато е дека ако се размислува негативно, по нешто почнувате така и да правите, да дејствувате така, и резултатот е токму таков, како да сте ги привлекле лошите настани. Затоа - мислете позитивно и ќе Ви се случуваат убави нешта. И не заборавајте, не е исто да се каже во себе : „Нема да се случи ништо лошо“ или „ Ќе се случи нешто добро“. Втората варијанта е вистинско позитивно размислување, а првата е само ублажување на негативните очекувања.
2. Бидете со луѓе што умеат да ве насмеат.
Друштвото што разменува црни мисли, не е добро друштво кога сте лошо расположени. Во лоши моменти, Ви треба некој што ќе ве повлече на другата страна на спектарот, во радост и веселба.
3. Размислете зошто лошо се чувствувате.
Имено, кај некои девојки, лошото расположение се совпаѓа со одредени фази во менструалниот циклус. Исто така, честа појава е да ве „нападне“ лошо расположение во одредена доба од денот. Со такви правилности ќе Ви помогне во дневниот ред: ако, на пример, наутро, најдобро се чувствувате, обидете се својот распоред да го приспособите така што во тоа време ќе се соочите со стресните ситуации, а не во периодот на денот кога сте лошо расположени. Ако наутро, веднаш по станувањето од кревет, сте лошо расположени и ви треба време да се расоните, обидете се да станите порано ( но тоа значи дека треба порани да си легните за да можете доволно да се наспиете ) или да избегнувате стресни ситуации веднаш по станувањето.
4. Вежбајте ! Мнооооогу !
Вежбањето има врска со хемијата на мозокот, па кај луѓето што се телесно поактивни во мозокот се ослободуваат повеќе ендорфини, кои имаат врска со среќата и доброто расположение. Дваесетина минути вежбање дневно, може да Ви осигура мир и добро расположение.
5. Слушајте музика !
Истражувањата покажале дека ритамот Ви овозможува со сигурност да ја намалита напнатоста на мускулите, а сето тоа има врска со расположението. Значи, кога сте лошо расположени, навалете на музика со ритам!